мини|десно|Сандаци за пчели мини|десно|Пчелар во Македонија на почетокот на XX век Пчеларство (или апикултура, од латински apis - пчела) — чување на пчелни колонии, најчесто во сандаци од страна на луѓето. Пчеларот ги одгледува пчелите со цел да добие мед, други производи, како: пчелин восок, прополис, полен и матичен млеч, за опрашување на некои култури или за производство на пчели за продажба на други пчелари. Во Македонија во 2018 година биле произведени 561,2 тони мед.„ Медот исчезнува пред климатските промени“

Директна корист од пчеларството пчеларот добива во следните производи: мед, пчелен восок, пчелен отров (убод), матичен млеч, цветен прав (полен), прополис. Покрај тоа добива и роеви и матици за репродукција на пчеларството.

Индиректна корист од пчеларството е опрашувањето на земјоделските билки и таа е значително повисока од директната, за околу 100 до 150 пати, бидејќи во природата околу 80% од билките се ентомофилни (билки кои опрашуваат инсекти). Околу 150 културни билки на подручјето на Балканот бара опрашување на помош на пчелата.

Пчеларството може да биде: хоби, дополнителна работа или комерцијална работа.

Историја на пчеларството Во одреден момент, луѓето почнале да ги населуваат пчелите во вештачки кошници, направени од дрвени кутии, керамички садови и ткаени сламени кошови. Во Египет пчелите биле чувани уште од антиката. Во Стара Грција аспекти за животот на пчелите и пчеларството биле дискутирани од Аристотел.

Број на пчелни семејства во Македонија

Пчеларството како мотив во уметноста „Пчелар“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.Блаже Конески, 'Везилка''. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 41.

Наводи

Надворешни врски Пчеларски портал „Пчелар“ со пчеларски форум

Категорија:Земјоделство Категорија:Хобија