Степански манастир — манастир во велешкото село Степанци, сместен јужно од селото, до кој води земјен пат.
Местоположба
Манастирот се наоѓа три километри југозападно од селото Степанци.
До манастирот води земјен пат, кој се двои од неасфалтираниот регионален пат Р1312 (Велес-Прилеп).
Кај манастирот се наоѓа изворот Петочна Вода.
Историја
Манастирот бил завршен во 1909 година, а го граделе две жени од селото, баба Калина и баба Вида. Нивните черепи се ставени во стаклено ѕвоно, кое се наоѓа внатре во манастирот. Манастирската црква била отворена во 1921 година, за што сведочи и натписот над влезната врата.
Во манастирот постои спомен-плоча за основањето на првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“, кој престојувал околу манастирот.
Во 2024 година, манастирот бил под закана од шумски пожар.
Верувања за манастирот
Во дворот на манастирот се наоѓа конак, каде што претојуваат постарите лица и најмладите, кога се доаѓа на 28 август секоја година (Голема Богородица). Сите останати спијат на ќебиња веднаш до манастирот. Се мисли дека ако поминеш една ноќ под ведро небо кај овој манастир целата година ќе ти биде бериќетна и здравјето ќе ти биде добро.
Пред портите на овој манастир се наоѓа чешма, додека погоре од манастирот, во шумата се наоѓа голем камен низ кој има мала шуплина, налик на тунел, за кој има мислење дека ако поминеш низ него ќе имаш добро здравје цела година, но овој таканаречен тунел е со пречник од околу 50–60 cm и само најтенките можат да поминат низ него.
Градби во манастирот
Манастирскиот комплекс е составен од: главната манастирска црква, манастирските конаци, како и други помошни објекти.
Црква „Св. Димитриј“
Главната манастирска црква е посветена на Свети Димитриј, по која е и наречен целиот манастир.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Степанци (Велешко) Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Повардарската епархија Категорија:Манастири во Велешкото архијерејско намесништво