Бранислав Адамавич Тарашкиевич (, , ; 20 јануари 1892 – 29 ноември 1938) бил белоруски јазичар, политичар и општественик.
Кариера Тарашкиевич е славен по тоа што тој е создавачотна првата стандардизирана формана белорускиот јазик. Првиот обид за стандардизација Тарашкиевич го извршил во почетокот на 20 век. Оваа стандардна форма која ја задал во својата книга, подоцна била „русизирана“ за време на советскиот период. Како резултат на тоа, белорускиот јазик има две стандардни форми: современ белоруски (т.н. русизиран) и класичен белоруски (т.н. тарашкевица). Тарашкевицата сè уште се користи од одрдена група интелектуалци и од страна на белоруската дијаспора.
Тарашкиевич бил член на Комунистичката Партија на Западна Белорусија (Камуністычная партыя Заходняй Беларусі, КПЗБ) во Полска и поради тоа бил затворен од властите (1928 - 1930). Како член на Белорускот претставнички клуб, тој бил пратеник во полскиот парламент во 1922 и 1927. Меѓу другото, тој го превел Господин Тадија на белоруски.
Во 1933 година Тарашкиевич бил ослободен од казната затвор поради полско-рускиот договор за замена на затвореници, поточно Тарашкиевич за Францишак Алахнович. Тарашкиевич умрел во 1930-те како жртва на Големата чистка.
Наводи
Надворешни врски
2 страници од оригиналната „Белоруска граматика“
Тарашкиевич Тарашкиевич Категорија:Родени во 1892 година Категорија:Починати во 1938 година