Боливиски дијалект е заеднички поим за шпанските говори кои се зборуваат на територијата на Боливија. Во Боливија јазикот е познат како кастиљски и е еден од службените јазици во државата. Шпанскиот јазик е најголем јазик во државата, кој се користи на локални и владино ниво заедно со останатите староседелски јазици.

Поделба Боливискиот дијалект се дели на четири групи:

андски дијалект. Ова е поголем дијалект кој се зборува на Андите. Дијалектот се зборува во Боливија, Перу, Аргентина, Колумбија, Еквадор и Чиле. Говорот на обичното население е под силно влијание на ајмарскиот или кечуанскиот јазик. камбански дијалект. Овој дијалект се заснова на андалусиските шпански говори. Дијалектот е со видливо влијание од локалните јазици, особено гварански, чикитански и чанејски јазик. чапагоски дијалект. Овој дијалект претежно се зборува во Тариха и има мешање на заменките vos и tu. валјеграндински дијалект. Како и останатите дијалекти, така и овој дијалект е под силно влијание на староседелските јазици. Гваранскиот и кечуанскиот јазик влијаеле врз фонологијата и лексиконот на дијалектот.

Наводи

Поврзано

Боливија Шпански јазик Шпански дијалекти

Надворешни врски Боливиски шпански дијалект (на англиски).

Категорија:Шпански дијалекти Категорија:Јазици во Боливија