мини|десно|Тана Кировска — револуционерка од Осничани. Костенарија — историско-географска и етнографска област во Егејска Македонија. Костенарија е најјугозападниот крај на македонското етничко подрачје.

Во оваа област се наоѓаат селата од општината Рупишта — Песјак, Семаси, Шкрапари, Бела Црква, Госно, Старичани, Жужелци, Долени, Мангила (Монгила), Осничани (Сничени), Нестиме, Жиковишта, Лучишта, Либешево, Езерец, Бухин и Марковени, како и некогашните Лагор, Марчишта, Оловраде (Головраде), Братмир (Предмир).Тзавелла, Христофор. Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев, София 2003, с.315. Во Костенаријата влегуваат и северните села од општината Горуша, сместени во планината Одре и нејзините источни разгранки како Видолушта.

Со решение на околискиот комитет, селата во Костенаријата не се кренале во Илинденското востание, поради што областа била зачувана од зулуми. Подоцна, областа силно настрадала со појавата на грчката вооружена пропаганда во Македонија.

Поврзано Нестрамско-костенарски дијалект

Наводи

Категорија:Егејска Македонија Категорија:Историско-географски области во Македонија Категорија:Региони на Грција Категорија:Горуша (општина) Категорија:Рупишта