Универзал Студио
Универзал Пикчрс (уште попознато како Универзал Сити Пикчрс, Универзал Сити Студио, Универзал Сити или поедноставно Универзал), е придружница наКомкаси дел од НБЦ Универзал ,и е едно од шесте најголеми филмски студија. Основано во 1912 година од страна на Carl Laemmle, претставува најстаро филмсо студио во САД. Исто така, претставуа второ најстаро студио со континуирано производство, прво е Гаумонт Пикчрс додека по настаро е Парамоунт Пикчрс. На 11 мај 2004 година контролниот пакет акции на Вивенди Универзал беа продадени на Генерал Електрик, сопственикот на НБЦ. Како разултат на продажбата беше преименувано во НБЦ Универзал додека името Универзал Студио Инц продолжи да се користи кај продукциските подружници. Освен фактот што поседува гоелма колекција на филмови од кои дел се од самите почетоци на кинематографијата, поседува и огромна колекција на ТВ програми преку подружницата NBCUnivedrsal Television Distribution. Исто така ги поседува и правата на неколку проминентни филмски трудови оригинално издадени во други филмски студија. Продукциските студија се наоѓаат на адреса 100 Universal City Plaza Drive во Universal City, California. Дистрибуцијата и останатите корпоративни канцеларии се наоѓаат во Њујорк. Universal Pictures е најстарото Холивудско филмско студио. Universal Studios е член на асоцијата МППА
Историја Почетоци Основоположник на Universal Studios е Carl Laemmle, Германски евреин кој емигрирал од Laupheim и се преселил во Oshkosh, Wisconsin, каде што отворил дуќан за гардероба. При едно трговско патување во Чикаго во 1905 година Carl бил маѓепсан од “машините со живи слики” (nickelodeons). После неколку недели од ова патување Laemmle ја оставил трговијата и ја купил првата од неколкуте машини за прикажување филм. Во 1908 година со основањето на Едисоновиот Филмски Труст, Laemmle и останатите прикажувачи на филм мораа да плаќаат дел од заработката на трустот во вид на хонорар за прикажување на филмови продуцирани од страна на Трустот. Машините што се користеа за прикажување на филмови беа патентирани од страна на Томас Едисон и на тој начин Трустот воведуваше еден вид на монопол во тогашната филмска индустрија. Набрзо, Laemmle и останатите незадоволни сопственици решија да ја ибегнат таквата ситуација и почнаа сами да продуцираат филмови. Во јуни 1909 година, Laemmle ја основа Yankee Film Company заедно со Abe и Julius Stern. Компанијата набрзо прерасна во Independent Moving Pictures Company (IMP). Laemmle ја прекрши традицијата на Едисон да не ги кредитира изведувачите. Со тоа, тој привлече многу од тогаш познатите глумци и го формира таканаречениот “Систем на ѕвезди”. Во 1910 година со промоција на глумците Florence Lawrence и King Baggot е воспоставен нов начин на маркетинг преку промоција на Филмските Ѕвезди. Universal Film Manufacturing Company е формирана на 30 април 1912 година во Њујорк. Прв претседател е Laemmle, кој иницираше партнерство со Mark Dintenfass, Charles Baumann, Adam Kessel, и Pat Powers. Подоцна правата на партнерите беа откупени од страна на Laemmle. Baumann и Kessel подоцна се здружија со Mack Sennett и ја формираа успешната Keystone Film Company. Новото Universal Studio претставуваше хоризонтално интегрирана компанија со ограничен капацитет и продукција. Во 1925 година компанијата се инкорпорира во Universal Pictures Company, Inc. До крајот на 1912 година компанијата главно се фокусираше на производство во околината на Холивуд. Првото лого на компанијата претставуваше Земја со прстен налик на Сатурновиот и текст во задебелен Kentucky фонт. Логото беше преправено во 1963 година и уште еднаш во 1990 за да ја одбележи 75 годишнината од основањето. Со користење на компјутерска техника беше претставено ново лого во 1997 година за подоцна во 2012 година да биде поставено новото лого што ја одбележи 100 годишнината на компанијата. Laemmle во 1915 година ја отвори најголемата до тогаш постројка за производство на површина од 230 акри (0.9km2). За разлика од останатие филмски могули Laemmle го отвори своето студио за посета на туристи. Universal стана најголемото студио во Холивуд и во наредните 10 години. Сепак, неговото производство се состоеше од евтини мелодрами, вестерни и серијали. За разлика од своите соперници, внимателниот Laemmle реши да не развива синџир на киносали и сам ги финансираше своите филмови. Ваквата пракса за малку ќе доведеше до банкрот кога глумецот-режисер Erich von Stroheim инсистираше на скапа продукција за своите филмови Foolish Wives и Blind Husbands, но сепак, со организирање на голема рекламна кампања студиото успеа да врати дел од потрошените пари. Во тоа време, глумецот Lon Chaney беше голем хит и главен двигател во прозводството на Universal. Неговите два најголеми хитови беа The Hunchback of Notre Dame (1923) и The Phantom of the Opera (1925). Овој период исто беше одбележан со назначувањето на Irving Thalberg за шеф на студиото. Laemmle беше воодушевен со начинот на кој Thalberg ги водеше работите со студиото. Louis B. Mayer успеа да го преземе Thalberg од Universal ветувајќи му поголема заработувачка. Студиото без вистинско раководство стана студио од втора класа и како такво остана во наредните неколку децении. Universal во 1926 година отвори продукциска куќа во Германија наречена Deutsche Universal-Film AG, под раководство на Joe Pasternak. Оваа продукциска куќа снимаше по 3-4 филма годишно сè до 1936 година кога се пресели во најпрво Унгарија а потоа Австрија за да избега од налетот на Хитлер. Со воведувањето на звук во филмовите, истите беа правени на германски јазик а поретко и на унгарски и полски. Овие филмови не беа прикажувани во САД под покровителство на Universal но сепак, некои од нив преку независни куќи беа прикажувани во Њујорк без титлови. По прогонот на нацистите и смена на раководството во Universal, оваа продукциска куќа беше затворена.
Падот на Освалд и воздигнувањето на Мики Маус и Дизни Спорните бизнис зделки на Universal доведе до поинаков развој на анимираните филмови. Иако Walt Disney и Ub Iwerks го создадоа "Oswald the Lucky Rabbit" кој уживање успешни театарски претстави, правата за него ги имаше universal. Тоа му даваше за право на Universal да дава на Дизни помал хонорар за изработка на анимираниот филм. На крај, Дизни одби да соработува со Universal и заедно со Iwerкs го создадоа денес познатиот Mickey Mouse чија популарност нагло порасна со додавање на звучни ефекти во првиот таков анимиран филм Steamboat Willie. Дизни ја формира Walt Disney Studios а со тоа Universal го изгуби приматот кај анимираните филмови. Universal формираше ново анимациско студио под раководство на Walter Lantz. Во 2006 година после 80 години, NBC Universal ги продаде сите анимирани филмови направени од страна на Дизни за зајакот Освалд назад на компанијата на Дизни. За возврат, Дизни го ослободи од договорот спортскиот коментатор Al Michаels за истиот да може да работи за NBC. Сепак, Universal ги задржа анимираните филмови создадени од Walter Lantz во периодот од 1929 до средината на 30-тите години.
Зачувување на водачката позиција на студиото во семејството Во 1928 година Laemmle сениор го постави својот син Carl јуниор за шеф на Universal Pictures како подарок за 21-от роденден. Universal имаше репутација за непотизам. Дури 70 роднини беа на платен список на студиото. Еден од нив беше и добитникот на Оскар за режија William Wyler. По заслуга на Carl јуниор Universal се поднови. Се купија и изградија киносали, студиото почна со продукција на звучни филмови со висок квалитет. Неговите напори ги вклучија продукциите како Show Boat (1929) и мјузиклот Broadway (1929) во кој беа употребени сцени изработени од Technicolor со што стана првиот колор филм на Universal, потоа King of Jazz (1930) и All Quiet on the Western Front(1930) кој беше награден со Оскар за најдобар филм. Напоредно, Laemmle сениор создаде неколку успешни хорор филмови како што се Frankenstein, Dracula, The Mummy и The Invisible Man. Постерот за Frankenstein (81х81 инчи) се смета за највреден постер во историјата на кинематографијата и постои само една копија. Од тој период треба да се спомнат и филмовите Imitation of Life и My Man Godfrey за кои беше направен колор римејк во 1950 година.
Лимал ја губи контролата над Универзал Инвестирањето во висококвалитетни филмови го означи крајот на ерата на владеење на Laemmle. Надградбата и модернизацијата на студиото во ерата на големата депресија беше ризично и така Universal падна во стечај. Синџирот на кино сали беше отфрлен но сепак студиото продолзи со брзи продукции и студиски операции. Крајот на владеењето го назначи римејкот на Show Boat кој во 1929 година лошо помина кај критичарите. За новата верзија на Show Boat беа ангажирани неколку ѕвезди од Бродвејската сцена и продукцијата започна во 1935 година. Сепак навиките кај Carl сениор да троши многу ги алармира корисниците на акции и тие ја запреа продукцијата на филмот со закана фамилијата Laemmle да обезбеди заем. Universal обезбеди заем од 750,000 долари од Standard Capital Corporation, ставајќи ги под хипотека акциите на фамилијата Faemmle. Тоа бепе првпат во 26 годишната историја на Universal да побара заем. Буџетот при продукцијата беше прескокнат за дополнителни 300,000 долари. Universal не успеа да го плати долгот и Standard Capital Corporation ја презеде контролата над Universal на 2 април 1936 година. Филмот Show Boat излезе 2 месеци по преземањето на контролата и беше вистински хит стекнувајќи титула за најдобар мјузикал во историјата. Сепак, тоа не беше доволно да ја спаси фамилијата Faemmle која беше отстранета од компанијата што таа ја основа. Иако Carl јуниор и сениор беа отстранети од компанијата нивните имиња сепак беа вклучени во одјавната шпица како и рекламната кампања на филмот. Ј. Cheever Cowdin кој беше назначен од страна на Standard Capital Corporation ја презеде контролата над компанијата и веднаш воведе кратење во продукцијата. Големите планови на компанијата пропаднаа и иако компанијата држеше неколку ѕвезди оп договор истите тие ја напуштија компанијата. До почетокот на втората светска војна компанијата се концентрираше на продукција на нискобуџетни проекти: мелодрами, вестерни, сериали и продолженија на некои од успешните хорор филмови. Продуцентот Joe Pasternak, кој успешно продуцирање филмови од германското студио допадтува во Америка да ја повтори успешната формула. Сензационалната тинејџ атракција Deanna Durbin ја играше главната улога во првиот американски филм на Pasternak, Three Smart Girls (1936). Филмот доживеа голем успех на бокс-офисот и му ја врати славата на студиото. По големиот успех Universal потпиша долгогодишен договор со новата ѕвезда. Кога Pasternak заврши со снимање на филмови а Durbin порасна и почна да игра во посериозни филмови студиото потпиша со 13 годишната Gloria Jean да игра во мјузиклите на Pasternak. Во нив таа играше заедно со Bing Crosby, W. C. Fields, и Donald O'Connor. Уште еден хит излезен од студиото на Universаl кон крајот на 1939 година беше Destry Rides Again, со James Stewart и Marlene Dietrich во главните улоги. Universal имал свое ергеле глумци а често и позајмуваше глумци од другите студија а вработуваше и слободни глумци. Освен James Stewart и Marlene Dietrich останати звучни имиња од тоа време се Margaret Sullavan и Bing Crosby потоа, радио ѕвездите W. C. Fields, Edgar Bergen како и комичарите Bud Abbott и Lou Costello. Последниве двајца играа во воената комедија Buck Privates од 1941 година која постигна светски успех и наскоро станаа најголеми ѕвезди во Америка, надминувајќи го успехот на Durbin како во популарност така и во бокс-офисот.