мини|244x244пкс

Штрумпфови (, ) — белгиски стрип и телевизиска серија посветена на група мали сини измислени суштества наречени Штрумпфови, создадени и за првпат претставени како низа на стрипови од белгискиот карикатурист Пејо (псевдонимот на Пјер Килифор) на 23 октомври 1958 година. Оригиналниот збор и сета останата придружна терминологија Пејо ги измислил за време на оброк со неговиот колега и пријател Андре Франкен на белгиското крајбрежје. Во моментот, заборавајќи го зборот “сол”, Пејо го замолил пријателот да му го подаде онаквото, односно, штрумпфот. Франкен шегувовито му одговорил: “Еве ти го штрумпфот – кога ќе завршиш со штрумпфување, штрумпфни го назад...” и двајцата го поминале викендот зборувајќи на “штрумпфски јазик”. Името подоцна било преведено на холандски како Smurf, кое било усвоено и на англиски јазик.

Јохан и Пирлуи мини|лево|Пејо во 1990. Во времето кога ја добил идејата за Штрумпфовите, Пејо бил творец, уметник и писател на француско-белгиски стрип серии со наслов Јохан и Пирлуи (преведени на англиски во Јохан и Пјуит) со центар на случување во Европа за време на средновековието, вклучувајќи елементи со мечеви и волшепства. Јохан му служи на кралот како млад храбар благородник, а Пирлуи (се изговара Пиир-луу-и) врши улога на негов верен џуџест придружник, макар што наперчен и измамник.

Во 1958 година, списанието Спиру (ориг. Spirou) започнало да ја објавува приказната за Јохан и Пирлуи, Флејтата со шест дупки. Авантурата ги вовлекува во наоѓање на магична флејта, за што било потребно малку магија од волшебникот Омнибус. На тој начин тие ќе сретнат едно мало суштество што личи на човек и има сина кожа, облечено во бело по име Штрумпф, кој го следат голем број на суштества кои изгледаат исто како него, со постар водич кој носел црвена облека и имал бела брада. Нивното прво појавување е објавено во Спиру на 23 октомври 1958 година. Ликовите постигнале голем успех, а првите независни приказни за Штрумпфовите се појавиле во Спиру во 1959 година, заедно со првата реклама. Штрумпфовите споделиле повеќе авантури со Јохан и Пирлуи, добиле свои серии и сите наредни изданија на оригиналната приказна, која е преименувана во Флејтата на шесте штрумпфови (исто како насловот на филмската верзија на приказната).

Со комерцијалниот успех на Штрумпфовите дојде и рекламната империја на штрумпфовски минијатури, модели, игри и играчки. Цели колекционерски клубови се посветени на собирање пластични штрумпфови и друга штрумпфовска трговска стока. Во 2011 година, Мекдоналдс пуштил линија играчки, вклучувајќи ги сите познати ликови, како Веле Штрумпф и Бебе Штрумпф.

Во светот на штрумпфовите

Штрумпфови мини|Сапарина (Smilax aspera), омилената храна на штрумпфовите Дејствието било со тенденција на едноставна приказна за храбра авантура. Ркипата со едноставна структура каде речиси сите ликови во суштина изгледаат исто. Повеќето се машки (освен три женски: Штрумпфета, Сасета и Штрумпфдадилка), ниски (високи само 3 јаболки), со сина кожа, со панталони со дупка за нивните кратки опашки, бела капа во стилот на фригиските капи и понекогаш со дополнителни додатоци кои ја карактеризираат личноста (на пример, штрумпфот “Мајсторче” носи панталони со прерамки наместо стандардни панталони, капа со рабови и молив над увото). Штрумпфовите може да пешачат и да трчаат, но често се движат и со скокање со двете нозе. Обожаваат да јадат листови од сапарина која е вид на грмушка (од видот смилакс), чии зрнести плодови штрумпфовите нормално ги нарекуваат “штрумпфоплодови” (штрумпфоплодовите ги има само во цртаниот филм; во оригиналните стрипови, штрумпфовите ги јадат само листовите од сапарината).

Ликовите Штрумпфовите исполнуваат едноставни архетипови на секојдневни луѓе: штрумпфот Мрзливко, штрумпфот Лутко, штрумпф Текнувало и така натаму. За сите штрумпфови, со исклучок на Веле Штрумпф, Штрумпфета, Штрумпфдадилка и Дедо Штрумпф, се вели дека се стари 100 години. Прво имало 99 штрумпфови, но овој број се зголемил со појавувањето на нови штрумпф ликови, како Сасета и Дадилката. Во почетокот сите штрумпфови биле машки; подоцна биле додадени женските Штрумпфета и Сасета – Штрумпфета како производ на волшебникот Гаргамел, додека Сасета била создадена од штрумпфовите.

Веле Штрумпф е водачот на заедницата. Тој се разликува од останатите по облеката. Неговата е црвена и има брада. Другите штрумпфови носат имиња според нивниот карактер или според професијата (пр. штрумпфот Лутко). Првиот женски лик е Штрумпфета, создадена од Гаргамел којашто Веле Штрумпф потоа ја променил во русокоса. Ликовите што не се Штрумпфови се непријателите Гаргамел и неговата мачка Азриел како и кумот на Гаргамел, Балтазар. Други кои не се штрумпфови а се нивни пријатели се младиот благородник Јохан и младиот пријател Пирлуи, како и волшебникот Омнибус.

Јазикот Карактеристично за јазикот на штрумпфовите е зачестената употреба на зборот штрумпф и зборови изведени од него, со различно значење. Штрумпфовите заменуваат доволно именки и глаголи во секојдневниот говор со “штрумпф”, како би го направиле нивните разговори одвај разбирливи: “Ќе одиме да штрумпфуваме на реката Штрумпф.” Кога го употребуваат како глагол, зборот “штрумпф” обично значи “прави”, “глаголот сум”, “допаѓа” или “направи”.

Луѓето мислеле дека замената на обичните зборови со терминот “штрумпф” по случаен избор не е доволно. Во една авантура, Пјуит им објаснува на другите дека исказот “Штрумпфувам до штрумпфот” значи “Одам во шумата”, но еден од штрумпфовите го поправа, велејќи дека правилниот исказ би бил “Штрумпфувам во штрумпфот”, додека тоа што Пјуит го кажал значело “Чрчорам во зората”. Така, “Штрумпфувам во штрумпфот” не е исто со “Штрумпфувам во штрумпфот”Le Sortilège de Maltrochu (French for "Maltrochu's Spell"), written and drawn by Peyo, published in 1967.

Во анимираните серии, само некои зборови (или дел од зборот) се заменети со зборот “штрумпф”. Контекстот овозможува сигурно разбирање на овој начин на зборување, но вообичаениот жаргон ја опфаќа и напомената дека нешто е “баш штрумпфно” или “штрумпфастично”.

Во Зелениот штрумпф и штрумпфот зелен, (на англ. Штрумпф против Штрумпф, Smurf Versus Smurf) издаден во Белгија во 1972 година, било откриено дека селото е поделено на север и југ, и дека штрумпфовите од двете страни имаат различни идеи за тоа како терминот “штрумпф” треба да се употребува: на пример, северните штрумпфови го нарекувале некој предмет “шише штрумпфорач”, додека јужните штрумпфови го викале “штрумпф отворач”. Приказната се смета за пародија на сè уште актуелната јазична војна (taalstrijd) помеѓу француските и холандските јазични заедници во Белгија.

Селото мини|Куќа на штрумпф во забавен парк во Анкара Кога за првпат се појавиле во 1958 година, штрумпфовите живееле во дел од светот наречен “Проклетата Земја”La Flûte à six Schtroumpfs (1958) и Le Pays maudit (1961), напишани и нацртани од Пејо. За да се стигне до таму била потребна магија или патување низ густи шуми, длабоки мочуришта, жешки пустини и високи планински вериги. Самите штрумпфови користат штркови за патувања на долги растојанија, како што е кралството каде што живеат Јохан и Пирлуи, и да останат во тек со настаните во надворешниот свет.

Во приказните за Јохан и Пирлуи, селата на штрумпфовите се направени од куќи во вид на печурки во различни форми и големини во пусти и карпести земјишта со само неколку дрва. Меѓутоа, во филмови Штрумпфови печуркастите куќи се послични една на друга и се наоѓаат во една чистинка во густа шума со трева, река и вегетација. Луѓето како Гаргамел се прикажани дека живеат во близина, иако е речиси невозможно за странец да го пронајде селотото на штрумпфовите, освен ако дотаму не го однесе некој штрумпф.

Заедницата Заедницата на штрумпфовите е облик на соработка, споделувачка и пријателска средина врз основа на принципот дека секој штрумпф е добар за нешто, а со тоа придонесува за штрумпф општеството како што знае и умее. За возврат, секој штрумпф го добива потребното, од живеалишта и облека до храна без потреба од пари за возврат.

Влијанието на штрумпфовите Штрумпфовите имале големо влијание на децата кои растеле во 80-тите години на минатиот век најмногу поради истоимената популарна телевизиска анимирана серија. Во 1998 година, писателот Марк Шмид напишал пародична статија наведувајќи ги Штрумпфовите како пример за влијанието на социјализмот во континенталната европска култура. Францускиот социолог Антоан Буено, во книга од 2011 година ги опишал како тотална расистичка утопија. Директорот на студиото Пејо, Тјери Килифор, синот на Пејо, ги отфрлил обвинувањата на Буено како “апсурдни и безначајни”.

50-годишнината од постоењето на Штрумпфови и 80-годишнината од раѓањето на нивниот создавач Пејо, биле одбележани со издавање на колекционерски монети со висока вредност: белгиската комеморативна монета од 5 евра по повод 50-годишнината од Штрумпфовите, искована во 2008 година.

Во 2011 година, излезе филм по име Штрумпфови.

Телевизиски серии

Штрумпфови (1981 ТВ серија) Штрумовите си го обезбедиле своето место во северноамериканската поп култура во 1981 година, кога цртаната серија Штрумпфови, во продукција на Хана и Барбера, се емитувала на NBC од 1981 до 25 август 1990 година. Шоуто продолжило да се емитува на американската мрежа до 1993 година, по што следувала и на Cartoon Network до 2003 година. Штрумпфовите сѐ уште се емитуваат на станицата Бумеранг низ Соединетите Американски Држави. Шоуто постигнало голем успех со неочекуван профит, речиси секоја година. Штрумпфовите биле номинирани неколкупати за Еми, и добиле награда за Најдобра детска забавна серија во периодот од 1982-1983 година. Во сериите, како музика во позадина се слушаат многу класични музички ремек дела меѓу кои Недовршена симфонија на Франц Шуберт (Симфонија бр. 8 во б-мол), Пер Гинт на Едвард Григ и Слики на изложба од Модест Мусоргски.

Репризи од шоуто се прикажувале на сестринскиот канал на Cartoon Network , Бумеранг.

Телевизиското шоу Штрумпфови имало континуиран успех сѐ до 1990 година, кога, по речиси цела успешна деценија, NBC го откажале заради намалување на гледаноста.

На 31 август 2017, IMPS и Dupuis Audiovisuel објавиле дека ќе работат на нов ТВ серијал Штрумпфови, со CGI анимација.http://www.c21media.net/smurfs-to-return-to-tv/

Филмови Во 1965 година, црнобел 87-минутен анимиран филм наречен Авантурите на Штрумпфовите бил издаден во кината во Белгија. Се состоел од пет кратки цртани филмови. Познато е дека постојат германски копии и копии со холандски преводи. Приказните се засновани врз веќе постоечките приказни за штрумпфовите како Црните штрумпфови и Штрумпфовите и јајцето, а ги создале писателот Морис Рози и уметникот Еди Рајзак од малото студио Дипуи. Вкупно создале десет анимирани краткометражни филмови помеѓу 1961 и 1967 година, првите серии во црнобела техника, а подоцнежните во боја.

Во 1976 година, била издаден филмот Флејтата на шесте штрумпфови (адаптација на оригиналната приказна за “Јохан и Пирлуи”) . Мишел Легранд обезбедил музички запис за филмот. Во 1983 година филмот ќе биде издаден во Соединетите Американски Држави (по популарноста на анимираните серии таму) во синхронизирана верзија на англиски јазик, под наслов Штрумпфовите и магичната флејта. Уште неколку долгометражни филмови биле направени, од кои најзабележителни биле Бебето штрумпф и Еве ги штрумпфовитеIMDb entry for The Baby Smurf, IMDb entry for Here are the Smurfs, создадени од епизоди на цртаната телевизиска серија на Хана и Барбера.

Филмското студио Сони (Sony Pictures) најавил трилогија филмови за Штрумпфови, со издавање на првиот филм на 29 јули, 2011 година. Анимираниот филм Штрумпфови: изгубеното село, излегол на 7 аплил 2017.

ДВД изданија