мини|Првата корица на мангата, лево е Саки Хананои, десно е Хотару Хинасе|311x311пкс Љубовна болест (, , букв. Чувство наречено љубов) — јапонска манга напишана и илустрирана од Мегуми Морино. Започнала со серијализација во списанието Dessert на Kodansha во декември 2017 г. Од април 2024 г., издадени се 15 тома танкобон. Адаптација на аниме-серија произведена од East Fish Studio била прикажана од април до јуни 2024 г.
Содржина Приказната се сосредоточува на Хотару Хинасе, ученичка од прва година средно, која ужива во исполнет живот со блиски пријатели и поткрепувачко семејство, иако романсата сѐ уште го нема најдено своето место во нејзиниот живот. Сè се менува кога таа му пружа рака на Саки Хананои, допадливо момче неодамна со скршено срце по раскинувањето. Овој чин го поттикнува Саки да ѝ предложи пробна врска.
Ликови
Хотару Хинасе — прилично просечна девојка што никогаш не била заљубена и не ни мисли дека може да се заљуби. Арно ама, откако била малку трогната од упорноста на Хананои да излезат заедно, таа решава да даде шанса да се сретнат со надеж да стане некој што може да го доживее нештото наречено љубов. Саки Хананои — популарен средношколец и момче на Хотару Хинасе. Многумина го сметаат за „тип само за гледање, а не за допирање“, бидејќи често се однесува ладно и оддалечено од кој било, освен од Хотару. Хибики Асами / Кјо Цукиха Шибамура / Шибаму Сохеи Јао Кеиго Курата Сатоми Сатомура
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии Категорија:Аниме на Crunchyroll