Млике или Млика ( или Mlika; ) — село во областа Гора, денес во општината Драгаш на Призренскиот Округ, јужно Косово. Населението брои 263 жители (2024), сочинето од Горанци.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Гора, во северозападните пазуви на Шар Планина, на надморска височина од 800 м.

Историја Во 1900 година, Васил К’нчов го забележал Млике како македонско-муслиманско село во областа Гора со 50 куќи.Кънчев, В. Го̀ра. С една карта, Трудове на Българското природоизпитателно дружество, София, 1900, с. 100, 103.

По Втората балканска војна селото ѝ е доделено на Албанија, заедно со уште осум горански села. Според Стефан Младенов во 1916 г. Млике (Млѝка) било македонско село со 60 куќи.Младенов, Стефан. Пътешествие из Македония и Поморавия, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 184.

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го забележал Бегите (Беглере) како македонско село на местото на Диканце или Млике.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.

Население Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 јужнословенски муслимани (Горанци).

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години: Година1948195319611971198119912011Население46142842845550635592

Културни и природни знаменитости Џамии

Ал-агова џамија — селска џамија, прогласена за споменик на културата

Личности Родени во Млике

Рустем Ибиши — поранешен претседател на Граѓанската иницијатива за Гора (ГИГ)

Поврзано Гора

Наводи

Категорија:Гора Категорија:Населени места во Косово Категорија:Драгаш Категорија:Горански населби во Косово