Крстец (; ) — село во областа Гора, денес во општината Драгаш на Призренскиот Округ, јужно Косово. Населението брои 445 жители (2024) и селото е горанско.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Гора, на левата страна од реката Плава, во југоисточните пазуви на планината Коритник, на надморска височина од 1.150 м.

Историја Во 1900 година, Васил К’нчов го забележал Горни Крстец како македонско-муслиманско село во областа Гора. Заедно со соседното село Долни Крстец, тоа броело вкупно 120 куќи.Кънчев, В. Го̀ра. С една карта, Трудове на Българското природоизпитателно дружество, София, 1900, с. 100, 103.

По Втората балканска војна селото ѝ е доделено на Албанија, заедно со уште осум горански села. Според Стефан Младенов во 1916 г. Крстец (Кръ̀стец) било македонско село со 120 куќи.Младенов, Стефан. Пътешествие из Македония и Поморавия, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 184.

Население Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото Крстец имало 350 јужнословенски муслимани (Горанци).

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години за Горни (Мали) Крстец: Година194819531961197119811991Население242229247292415437

Пописни години за Долни (Велики) Крстец: Година194819531961197119811991Население223211228270383400

Согласно важечките територијални организации за време на пописот од 2011 година, селата Горни и Долни Крстец се споени во едно село Крстец.

Општествени установи Основно училиште

Културни и природни знаменитости Џамии Џамија — главна селска џамија

Поврзано Гора Косовски Бошњаци Драгаш

Наводи

Категорија:Гора Категорија:Населени места во Косово Категорија:Драгаш Категорија:Горански населби во Косово