Претседателските избори во САД во 2024 година биле 60-тите последователни избори за претседател на Соединетите Американски Држави. Биле закажани за вторник, 5 ноември 2024 г. Тие избирале претседател и потпретседател со мандат од четири години. Џо Бајден (Демократската партија) првично се кандидирал за преизбирање, но на 21 јули 2024 г. се откажал за кандидат за претседател и ја поддржувал Камала Харис за нова кандидатка на демократите. Таа го избрала Тим Волц за нејзиниот кандидат за потпретседател на демократите. Поранешниот претседател Доналд Трамп (член на Републиканската партија) се кандидирапе за преизбирање за втор, непоследователен мандат. Тој го избрал Џејмс Венс за кандидат за потпретседател на републиканците. Своите кандидатури за номинација на двете најголеми партии се изјасниле и од голем број првични соперници. Датумот на стапување во должност на победникот на изборите, Доналд Трамп, е одреден да биде 20 јануари 2025 г. Независниот Роберт Ф. Кенеди Помладиот првично се кандидирал за претседател на САД, но на 21 август 2024 година ја откажал кандидатурата за претседател и го поддржал Трамп.

На 13 јули, Трамп бил повреден во обид за атентат на еден од неговите собири.

Наводи

Надворешни врски

Кој се кандидира за претседател во 2024 година? (англиски)

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Претседателски избори во САД Категорија:Доналд Трамп