На 13 јули 2024 г., имало обид за атентат врз Доналд Трамп, тогаш поранешен претседател на САД и тековен претседателски кандидат, за време на собир во Батлер, Пенсилванија, како дел од предизборната кампања за Претседателските избори во САД во 2024 г. Куршумот за малку ја промашил главата на Трамп, драскајќи го горниот дел од десното уво за само неколку милиметри.СМИ: пуля прошла в нескольких сантиметрах от головы Трампа, он ранен
Стрелецот употребил пушка од типот АР-15 од покрив на зграда надвор од безбедносниот периметар на собирот, пукајќи од приближно 60 до 90 метри.https://www.cbsnews.com/news/trump-says-shots-pierced-injured-ear-rally-pennsylvania/ И покрај тоа што успеал да пука повеќепати, стрелецот бил брзо убиен од член на Контранападната екипа на Тајната служба. Според Канцеларијата на окружното обвинителство на округот Батлер, еден демонстрант бил убиен од пукачот, а двајца други биле тешко ранети и хоспитализирани.
Злосторството се истражува како обид за убиство. Ова е првпат по пукањето на Реган во 1981 г., поранешен или сегашен претседател на САД да биде ранет во обид за убиство.https://www.rosbalt.ru/news/2024-07-14/v-trampa-strelyali-pervaya-reaktsiya-i-vozmozhnye-posledstviya-5137697
мини|Приказ на обидот за атентат врз Доналд Трамп
Стрелба Околу 18:11 часот по американско време, за време на неговиот предизборен собир, Доналд Трамп бил ранет од куршум. 20-годишникот Томас Метју Крукс испукал осум истрели од пушка од типот АР-15 само шест минути по говорот на Трамп. Крукс, кој не ја поминал безбедносната проверка, се качил на покрив на барака сместен на 200 до 400 стапки северно од Трамп. Веднаш по стрелбата, Крукс бил убиен од снајперист од Контранападната екипа на Тајната служба на САД.
Еден од куршумите го погодил Трамп во горното десно уво, предизвикувајќи му да се наведне. Агентите на Тајната служба брзо го заштитиле додека лежел на земја околу 25 секунди. Кога станал, на увото и лицето му се гледало крв. Трамп потоа ја кренал тупаницата кон толпата, која одговорила со ракоплескања и скандирања „С-А-Д!“ Веднаш бил придружуван до блиската болница.
За време на стрелбата, биле погодени тројца учесници на собирот, што довело до еден смртен случај и две тешко повредени лица. Еден од повредените бил седнат на левата трибина на теренот. Американскиот претставник Рони Џексон подоцна пријавил дека неговиот внук бил ранет од куршум по вратот.
Последици Трамп бил однесен во Меморијалната болница Батлер за преглед, а подоцна ја напуштил болницата неколку часа после тоа. Неговата автоколона тргнала околу 21:30 часот по американско време кон Меѓународниот аеродром Питсбург. Трамп пристигнал на Меѓународниот аеродром Њуарк либерти во Њу Џерси рано наутро на 14 јули. И портпаролот на Тајната служба и самиот Трамп потврдиле дека е безбеден.
Наводи
Надворешни врски
Trump's statement on Truth Social Four US presidents were assassinated; others were targeted, as were presidential candidates од Associated Press
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Доналд Трамп Категорија:Терористички напади во САД