мини|285п|Местоположба на аполонските астероиди (аполони) во однос на орбитите на неколку планети во Сончевиот Систем
Аполонски астероиди (или аполони) — група близуземски астероиди наречени по астероидот 1862 Аполон, откриен од германскиот астроном Карл Вилхелм Рајнмут во 1930-тите. Тие се земјопресекувачки астероиди чија орбитална голема полуоска е поголема од онаа на Земјата (> 1 ае) но со перихелни растојанија помали од Земјиното афелно растојание (q < 1,017 ае).
Во декември 2018 г. биле познати 10.485 аполонски астероиди, поради што тие сочинуваат најголема класа на близуземски тела. Од нив, 1.409 имаат бројни ознаки (кои ги добиваат кога ќе бидат забележани на две или повеќе противположбаи), а 1.648 се прогласени за потенцијално опасни астероиди.
На оние чија голема полуоска е поблиска до Земјината им треба помало занесување за да се пресечат орбитите. На класата на аполонски астероиди припаѓал метеорот што експлодирал над градот Чељабинск во Русија на 15 февруари 2013 г. и повредил преку 1.500 жители поради распрснатите стакла.
Список Најголемиот познат аполонски астероид е 1866 Сизиф, чиј пречник изнесува 8,5 км. Еве ги попознатите астероиди од класата:
Име/ознака Откриен Навод 2019 2016 2014 2013 2013 2011 2011 2010 2009 2009 2008 2008 2008 2007 2007 2007 2007 2006 2006 2006 2005 2005 2005 2004 2004 2004 2004 2003 2003 2002 2002 54509 ЈОРП 2000 162173 Рјугу 1999 1999 101955 Бену 1999 1998 1997 65803 Дидим 1996 69230 Хермес 1937 1999 1998 1997 25143 Итокава 1998 (136617) 1994 CC 1994 1996 6489 Голевка 1991 4769 Касталија 1989 4660 Нереј 1982 4581 Асклепиј 1989 4486 Митра 1987 14827 Хипнос 1986 4197 Морфеј 1982 4183 Куно 1959 4179 Тевтат 1989 4015 Вилсон–Харингтон 1979 3200 Фаетон 1983 2063 Бах 1977 1866 Сизиф 1972 1620 Географ 1951 (29075) 1950 DA 1950 1566 Икар 1949 1685 Торо 1948 2101 Адонис 1936 1862 Аполон 1932
Поврзано Алиндски астероиди Аморски астероиди Атонски астероиди Список на астероиди
Наводи
Надворешни врски Список на аполонски астероиди — Центар за мали планети
Категорија:Списоци на астероиди