Рождество на Пресвета Богородица – манастирска црква на Ѓуришкиот манастир.
Историја Црквата се споменува во средновековни извори и познато е дека била разрушена во XVI век од страна отоманските власти.„Светиниколски парохии “. Брегалничка епархија. Денешната црква била обновена во периодот од 1920-1930 година, а постојат и извори кои посочуваат дека била изградена во 1880 година.„Ѓуришки манастир (1933 година) “. Македонска нација. 26 февруари 2014. Иконите на иконостасот биле изработени во XIX век, но не е познат од кој зограф. Црквата била преосветена на 15 мај 2017 година.„Преосветување на манастирот „Св. Богородица“ во Ѓуриште - Свети Николе “. Брегалничка епархија.
Архитектура Градбата на црквата е еднокорабна и претставува крстокуполен храм и тристрана апсида на источната страна. Куполата има осумаголна основа и на секоја страна има по една монофора. Кон западната, северната и источната страна на храмот е доградена припрата. Главниот влез е сместен на западната и страна и над него има ниша со фреска којашто го отсликува рождеството на Пресвета Богородица, а црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто исто така има ниша со мозаик на којшто е прикажана Богородица со Исус. Над припратата од западната страна, непосредно пред главниот влез во црквата се издига камбанаријата. Таа има осумаголна основа и се состои од два дела и на секоја страна од двата дела има по една монофора. Објектот е обоен во темноцрвена боја, а рабовите се во бела боја.
Галерија Црквата пред доградбата во 2010-тите години
Црквата по доградбата во 2010-тите години
Поврзано Ѓуришки манастир Крушица Брегалничка епархија Штипско архијерејско намесништво Втора светиниколска парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Крушица (Светиниколско) Крушица