Фудбалскиот куп на Италија за сезоната 2020-2021, познат и како ТИМ куп поради спонзорството, било 74-тото издание на националниот фудбалски куп во Италија.

Екипата на Наполи влегла во натпреварувањето како бранител на титулата, откако го победиле Јувентус по изведување на пенали во финалето од претходната сезона, но во оваа сезона не успеале да го одбранат насловот, откако биле елиминирани од Аталанта во полуфиналето.

Победник во ова издание на Купот на Италија била екипата на Јувентус, која ја победила екипата на Аталанта со 2-1 во финалето одиграно на стадионот Мапеи во Реџо Емилија. Стрелци на головите за победничката страна биле Дејан Кулушевски и Федерико Кјеза, додека единствениот гол за клубот од Бергамо го постигнал Руслан Малиновски. Ова бил 14-тиот наслов за Јувентус во Купот на Италија со што тие останале на врвот по бројот на освоени титули во ова натпреварување, зголемувајќи ја својата предност во однос на Рома на 5 трофеи повеќе.

Клубови кој учествувале Серија А (20 клуба)

Серија Б (20 клуба)

Серија Ц (29 клуба) Група А

Група Б

Група Ц

Серија Д (9 клуба)

Формат и носители Клубовите влегуваат во натпреварувањето во различни фази, по следниов распоред: Прва фаза (се игра еден натпревар) Прв круг: 27 екипи од Серија Ц и 9 од Серија Д го започнуваат турнирот Втор круг: 18-те победници од претходниот круг се споени со 20 клуба од Серија Б и уште два нови од Серија Ц Трет круг: на 20-те победници од вториот круг им се приклучуваат 12 клубови од Серија А кои во претходната сезона завршиле од 9. место па надолу Четврт круг: 16-те клубови кои ја минале претходната рунда се соочуваат едни против други Втора фаза Осминафинале (еден натпревар): 8-те победници од четвртиот круг одат (секој од нив) на 8-те клубови носители од Серија А кои завршиле во претходната сезона на позициите од 1-8. место Четвртфинале (еден натпревар) Полуфинале (два натпревари) Финале (еден натпревар) се игра на Стадионот Мапеи во Реџо Емилија

Распоред Во следната табела е прикажан распоредот на одигрување на натпреварите по фази, рунди и датуми.Stagione 2020–21: ecco tutte le date del campionato, Coppa Italia e coppe europee. Il Pallone Gonfiato (in Italian). 11 August 2020.

Фаза Рунда Прв натпревар Втор натпревар Прва фаза Прво коло 22–23 септември 2020 Второ коло 29–30 септември 2020 Трето коло 27–28 октомври 2020 Четврто коло 24–26 ноември 2020 Завршна фаза Осминафинале 12–21 јануари 2021 Четвртфинале 26–28 јануари 2021 Полуфинале 2–3 февруари 2021 9–10 февруари 2021 Финале 19 мај 2021

Прва фаза Прво коло

Второ коло

Трето коло

Четврто коло

Завршна фаза Ждреб (завршна фаза)

Осминафинале

Четвртфинале

Полуфинале

Финале

Детали

GK 95 Пјерлујџи ГолиниCB 2 Рафаел Толои CB 17 Кристијан Ромеро CB 6 Хосе Луис ПаломиноRM 33 Ханс Хатебур CM 11 Ремо Фројлер CM 15 Мартен де Рон LM 8 Робин Госенс RW 18 Руслан Малиновски LW 32 Матео Песина CF 91 Дуван СапатаЗамени:GK 31 Франческо РосиGK 57 Марко СпортиелоDF 3 Јоаким МелеDF 4 Бошко ШуталоDF 13 Матија КалдараDF 19 Берат Џимшити DF 40 Матео РуџериMF 59 Алексеј Миранчук MF 88 Марио Пашалиќ FW 7 Сам ЛамерсFW 9 Луис Муриел FW 72 Јосип Иличиќ Тренер: Џанпјеро Гасперини GK 77 Џанлујџи БуфонRB 16 Хуан КвадрадоCB 4 Матајс де Лихт CB 3 Џорџо Кјелини LB 13 ДанилоRM 14 Вестон МекениCM 30 Родриго БентанкурCM 25 Адријан РабиоLM 22 Федерико Кјеза CF 44 Дејан Кулушевски CF 7 Кристијано РоналдоЗамени:GK 1 Војќех ШченсниGK 31 Карло ПинсољоDF 19 Леонардо Бонучи DF 28 Мерих ДемиралDF 38 Џанлука ФработаMF 5 АртурMF 8 Арон РамзиMF 33 Федерико БернардескиFW 9 Алваро МоратаFW 10 Пауло Дибала Тренер: Андреја Пирло

Екипа победник <big>Јувентус14. титула</big>

Листа на стрелци

.

Наводи

Надворешни врски Официјална страница на Фудбалскиот куп на Италија

Куп на Италија на soccerway.com

2020-2021 Фудбалски куп на Италија 2020-2021 2021 2021