мини|исправено=1.2|Атирските астероиди споредени со орбитите на околните планети од Сончевиот Систем.

Атирски астероиди или атири (наречени и апохелски астероиди и внатреземски тела) — астероиди чии орбити се целосно ограничени во рамките на Земјината орбита т.е. нивната орбита има афел (најдалечната точка од Сонцето) помал од Земјиниот перихел (најблиската точка до Сонцето), кој изнесува 0,983 ае. Ова е најмалата група на близуземски тела — многу помала во споредба со атонските, аполонските и аморските астероиди.

Астероиди Првиот претпоставен атирски астероид бил , а првиот потврден е 163693 Атира, признаен за таков во 2003 г. Во август 2020 г. имало 23 познати атири (апохели), од кои 18 имаат јасно утврдени орбити; од нив, шест се пресметани со доволна уточнетост за да добијат трајна бројна ознака (погл. подолу). Уште 92 тела (неприкажани) имаат афели помали од Земјиниот (Q = 1,017 ае).

На 4 јануари 2020 г. уредот „Цвики“ во Паломарската опсерваторија го открил астероидот , чие афелско растојание изнесува само 0,656 ае — целосно во орбитата на Венера, и никогаш не оди помалку од 0,718 ае од Сонцето. Досега не се откриени астероиди во орбитата на Меркур (Q = 0,467 ае, на пр. вулканоиди). Во јануари 2020 г. астероидот со најмал познат афел бил (0,656 ае), по кој следат со Q = 0,774 ае и со Q = 0,794 ае.

Атирите не ја пресекуваат Земјината орбита и не претставуваат непосредна опасност, но нивните орбити може да претрпат растројување нанадвор кога се доближуваат до Меркур или Венера, и со тоа во иднина да станат земјопресекувачки астероиди. Иако динамиката на многу од овие тела е слична на онаа предизвикана од Козај-Лидовиот механизам (сврзани осцилации во занесување и наклон), кој придонесува кон подобрување на долгорочната стабилност, нема либрација во вредноста на аргументот на перихелот.

Ватирските астероиди се поткласа на атирските кои кружат исклучиво во орбитата на Венера. За нив се претпоставувало дека постојат барем од 2012 г. На почетокот од 2020 г. е откриен првиот пример: .

Име Класата нема стандардно име. Името „апохелски“ предложено од откривачите на , доаѓа од хавајскиот збор апохеле, што значи „орбита“ — од апо (круг) и хеле (оди).(Ulukau Hawaiian Electronic Library) Избрано е поради сличноста со англискиот збор aphelion (афел) и helios (сонце). Други го користат називот внатреземски тела. Трети пак, ги нарекуваат атирски астероиди по првиот пронајден член на групата.

Список + Список на познати и претпоставени атири во март 2021 г. (Q < 0,983 ае) Ознака Перихел(ае) Голема полуоска(ае) Афел(ае) Занесеност Наклон(°) Период(денови) Лак на набљудување(денови) (H) Пречник(A)(м) Откривач Навод Меркур 0,307 0,3871 0,467 0,2056 7,01 88 н/п -0,6 4,879,400 н/п Венера 0,718 0,7233 0,728 0,0068 3,39 225 н/п -4,5 12,103,600 н/п 0,404 0,6923 0,980 0,4160 2,02 210 1 25,0 35 Дејвид Толен 163693 Атира 0,502 0,7411 0,980 0,3221 25,62 233 5192 16,3 4,800+1,000(Б) LINEAR 0,337 0,6176 0,898 0,4546 2,95 177 3564 20,4 300 Дејвид Толен 0,298 0,6352 0,973 0,5312 18,94 185 4035 18,4 740 LONEOS 0,428 0,6814 0,935 0,3722 23,34 205 4744 17,6 1,100 Каталински преглед 0,262 0,6008 0,940 0,5642 10,76 170 2893 20,1 340 Маунтлемонски прегледPan-STARRS 0,641 0,7847 0,928 0,1829 24,77 254 4081 18,9 590 Маунтлемонски преглед 0,428 0,6159 0,804 0,3050 28,26 177 3126 16,5 1,800 Каталински преглед 0,431 0,6950 0,959 0,3798 24,31 212 3441 18,7 650 Маунтлемонски преглед 0,288 0,618 0,948 0,5339 29,88 177 1811 19,9 450 Маунтлемонски преглед 0,455 0,7129 0,971 0,3615 6,67 220 1135 20,2 320 Pan-STARRS 0,653 0,7737 0,894 0,1556 16,40 249 805 19,8 390 Маунтлемонски преглед 0,548 0,7521 0,956 0,2711 19,20 238 1407 20,3 310 Маунтлемонски преглед 0,352 0,6664 0,981 0,4716 4,09 199 404 20,3 310 Pan-STARRS 0,645 0,8049 0,971 0,1989 28,88 264 2 19,5 450 Pan-STARRS 0,646 0,8096 0,973 0,2015 17,18 266 1084 21,2 200 Pan-STARRS 2017 YH 0,328 0,6344 0,941 0,4825 19,83 185 757 18,5 710 СпејсвочATLAS 0,485 0,6832 0,882 0,2905 40,39 206 419 17,6 1,070 Каталински преглед 0,404 0,5887 0,774 0,3143 47,22 165 1199 17,4 1,200 Цвики 0,317 0,5554 0,794 0,4293 29,51 151 358 17,2 1,300 Цвики 0,457 0,5554 0,654 0,1770 15,87 151 327 16,4 2,000 Цвики 0,694 0,8204 0,947 0,1544 49,66 271 5 19,1 540 Маунтлемонски преглед 0,475 0,6375 0,800 0,2543 32,58 186 18 18,7 650 Цвики 0,402 0,6015 0,801 0,3310 31,23 170 8 18,5 710 Цвики (A) Сите проценети пречници се засноваат на претпоставено албедо од 0,14 (освен 163693 Атира, чија големина е непосредно измерена) (Б) двоен астероид

Поврзано Список на астероиди

Наводи

Надворешни врски Список на атирски астероиди, дадени заедно со атонските — Центар за мали планети

Категорија:Списоци на астероиди