Муртеза Пеза — македонски драмски писател, раскажувач, романописец, новинар и револуционер од албанскa народност, роден е на 20 јуни 1919 година во Елбасан, Албанија, а починал на 4 декември 1981 година во Ријека, ХрватскаМакедонски писатели, ДПМ, Скопје, 2004..
Животопис
Муртеза Пеза завршил учителска школа во Елбасан, Албанија, а потоа заминал во Италија, каде во Фиренца студирал филозофија и музика. Поради свои напредни идеи, бидејќи не сакал да потпише верност кон кралот и не го прифатил предлогот да стане член на Мусолиниевата Фашистичка партија, бил прогнан од Италија. Од таму, тој се преселил во Гостивар во 1941 година. Веднаш се придружил на комунистичкото движење, занимавајќи се со агитационо-пропагандна дејност и испраќање вести за Народноослободителната борба до Радио Москва, Радио Лондон и подоцна Радио Слободна Југославија.
Извесно време, тој бил вработен како претседател на Финансовата канцеларија во Кичево, на квислиншкото Албанско Кралство, во почетокот на 1942 година, а потоа се вклучил во Народноослободителната борба, како политички комесар на чета, на баталјон, началник на Агит-проп и уредник на „Билтен“ на Седмата македонска шиптарска НО бригада, од пролетта 1943 година. Подоцна бил заменик началник на Политичкото одделение на Четириесет и втората (македонска) дивизија на НОВЈМакедонска енциклопедија 2, МАНУ - Лексикографски центар, 2009.
Автор е на поголем број радио, телевизиски и театарски драми и на сценариото за играниот филм „Ука од проклетие“. Добитник е на наградата Крсте Мисирков.
Дела
Мејтуша, роман, 1960 година; Во мојата улица, роман, 1963 година; Дали ќе се вратиш, раскази, 1964 година; Скалите на Кел, раскази, 1964 година.
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Албански писатели Категорија:Македонски новинари Категорија:Југословенски новинари Категорија:Албански новинари Категорија:Македонски романописци Категорија:Југословенски романописци Категорија:Албански романописци Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Југословенски раскажувачи Категорија:Албански раскажувачи Категорија:Македонски драмски автори Категорија:Југословенски драмски автори Категорија:Албански драмски автори Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски Албанци Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Учесници во НОБ Категорија: Категорија: Категорија: Категорија: