Стар музикант - слика масло на платно од францускиот сликар Едуар Мане од 1862 година, создадена во периодот кога уметникот бил под влијание на шпанската уметност. Сликата го издава и влијанието на Гистав Курбе. Ова дело е едно од најголемите слики на Мане и сега е зачувано во Националната уметничка галерија во Вашингтон.
Сликата е составена од седум ликови во пејзаж. Стариот музикант во средината кој се подготвува да свири виолина е Жан Лагрен, водачот на еден локален цигански бенд. Лево е една млада девојка која стои со бебе во рацете, како и две млади момчиња. Во позадина, човекот во горната капа е собирач на партали и железарот Коларде. Десно, ориенталниот човек (делумно прикажан) со турбан и долга наметка, го претставува Герул, „залутаниот Евреин“. Ставовите и облеката на ликовите се чини дека се вдаховени од Диего Веласкес или Луј Ле На.
Сликата содржи низа алузии: човекот со горната капа е истиот лик како Пијач на апсинт, насликан од Мане неколку години порано и кој повторно се појавува на оваа слика без некоја посебна причина. Младото момче со сламена шапка, пак, е експлицитно вдахнат од „Пјеро“ на Антоан Вато.
Наводи
Библиографија
Категорија:Слики на Едуар Мане