Олимпија () — слика, масло на платно од францускиот сликар Едуар Мане првпат изложена во 1965 година, а создадена во 1963. Таа денес е изложена во Музеј Орсе во Париз Edouard Manet (1832-1883).
Денес ова дело се вбројува меѓу попознатите на Мане. Воедно според композицијата и севкупната ликовна атмосфера, оваа слика е една од најпровокативните и колористички најделикатните Olimpia.
Опис Сликата е доста специфична - ги следи поуките од минатите сликарски правци особено моделите и актовите на Тицијан Џорџоне, Енгр. На сликата е претставен женски акт, зад неа е слугинката која и носи платно со вез, Според многу елементи, актот е на жена - проститутка, намерно и провокативно поставена, како контрапункт на неговите сликарски извори од минатото кои женското тело го претставувале и го опишувале со одреден митолошки па дури и со теолошки контекст.Olympia, 1863 .
Стил
Сликата ги содржи основните стилски одлики на овој голем импресионистички автор. Чувство за атмосфера. Еден вид дводимензионалност и намерно избегнување на студен реализам. Настојување на доминантно и провидно присуство на светлината која ја обликува композицијата и мотивите особено во белата драперија - на чаршафите од канабето како и во осветленоста на женското тело Поетско чувство за севкупниот амбиент - сензуалност, достоинственост, наративна таинственостOlimpia.
Техника на сликање
Мане бил еден од пионерите на импресионизмот. Сликата тогаш од официјалната јавност била нај негативно оценета, поради скандалозната провокативност и поради расчистувањето на начинот на сликање на женски акт во спротивност со дотогашните пристапи и принципи. Мане употребувал широки, брзи потези на места намерно оставајќи структура и видливост на линиите од самите четки особено во позадината. Додека во предниот план на одреден начин сликал со светлината, создавајќо чувство за прозрачност, леснотија, колористичка чистина. Всушност во тоа била и севкупната ликовна и естетска поента на авторот. Избегнувајќи го тривијалното, лажно реалистичко и академско сликарство, тој ги надминува стереотипите и тргнува по патот на директното, на снажното и искреното ликовно изразување, подалеку од малограѓанското и декоративно, патетично прифаќање на сликарството. Мане инсистира на специфична употреба на светло темното, односно посебната претстава на светлината, што зборува дека користел директно поставување на бојата без рационално инсистирање да ја дофати реалистичката состојба на виденото и доживеаното. Тој е директен и скоро натуралистички прецизен во импресијата на неговата ликовна постапка.Édouard Manet's "Olympia".
Влијание
Како и повеќето дела на овој мајстор, сликата била инспирација, патоказ и размисла на низа ликовни творци како и во развојот на самата ликовна уметност. Иако неговата слава и признание дошле подоцна, неговата ликовна заслуга е откриена малку подоцна, сепак, денес во многу сегменти, неговата ликовна постапка и порака е интензивно присутна. Поетиката, мислата, постапката, третманот на светлината, се во принцип, сликарско револуционерни и доста храбри. Тој ја најавува епохата или состојбата на вистинското сликарство од кое понатаму немало враќање, тоа е импресионизмот кои дефинитивно ќе расчисти со сите лажни, допадливи и често извештачени реалистички претстави кои биле плитки, декоративни и кои во суштина безидејни во својот маниризам. Сликата и сликарството на Мане ќе биде пресвртницата и патоказот по кој подоцна тргнале инспирирани и поучени од целата негова провокативна шокантност, особено, ова дело е најдиректно поврзано со многу реализации на делата од Пабло Пикасо[ https://smarthistory.org/edouard-manet-olympia/ Manet’s].
Литература Ross King. The Judgment of Paris: The Revolutionary Decade that Gave the World Impressionism. New York: Waller & Company, 2006 . See pages 105–108. Eunice Lipton. Alias Olympia: A Woman's Search for Manet's Notorious Model & Her Own Desire. Ithaca: Cornell University Press, 1999. V.R. Main. A Woman With No Clothes On. London: Delancey Press, 2008 .
Надворешни врски
Olympia at the Musée d'Orsay Phylis A. Floyd, The Puzzle of Olympia Seibert, Margaret Mary Armbrust. A Biography of Victorine-Louise Meurent and Her Role in the Art of Édouard Manet. Diss. The Ohio State University, 1986.
Наводи
Категорија:Слики од Едуар Мане Категорија:Уметнички слики од 1863 Категорија:Француски сликари Категорија:Француско сликарство Категорија:Француска уметност Категорија:Француски уметнички слики Категорија:Француски уметници