Дендроцелум макулатум (Dendrocoelum maculatum) се ендемски вид сплескани црви (планарии) од класата Турбелариа (Turbellaria ) во Охридско Езеро. Тоа е пигментирана серија на ендемски дендроцелиди од Охридско Езеро.

Опис Дендроцелум макулатум најпрво бил опишан од Станковиќ и Комарек во 1927 година. Според нив, димензиите на полово-сзрелите единки се движат од 15 до 20 мм во должина и 3-4 мм во ширина. Постојат и такви единки кои достигнуваат до 25-26 мм должина.

Челниот раб кај овој вид, за време на движењето, се диференцира во три дела: широк, средиштен дел и пар на помали, округли странични делови. Зад главата после вратното стеснување, страничните рабови од телото постепено дивергираат, достигнувајќи ја максималната ширина околу средината на телото, а после тоа се насочуваат кон формирање на умерено заострен заден крај на телото. Движењето на животните е со лизгање и ползење. При лизгањето, бочните рабови од телото се мазни, а при ползењето формираат одредени набори. Очите кај Дендроцелум макулатум се сместени во нивото на вратнотот стеснување. Растојанието меѓу нив изнесува околу ½ од ширината на главата во нивото на очите.

Основниот тон на грбната површина го дава темнокафеавиот пигмент. Почнувајќи од нивото на очите па сè до задниот крај на телото, по средишниот дел на грбот, се протега една светложолтеникава трака. Оваа трака пред очите формира едно светло, триаголно поле. Од двете страни на траката, по должината на телото, се наоѓаат 6-8 жолтеникави дамки. Кај животните во движење , дамките се надолжно издолжени и најчесто имаат тенденција на спојување, образувајќи на тој начин мрежа на грбната страна. По должината на бочните рабови од телото темнокафеавиот пигмент избледнува, преоѓајќи во светложолт, односно, со исклучок на бочните рабови од главата, формира една тесна бочна светложолта трака. Стомачната страна е исто така пигментирана , но за разлика од грбот, таа е посветло пигментирана со жолт или ѓолто-кафеав пигмент. вака опишаната грбна пигментација карактеристична е за половозрелите единки од популацијата , додека кај младите единки пигментацијата е поедноставна; бочните дамки се помалку разгранети и често округли.

Усниот отвор кај Дендроцелум макулатум е сместен нешто зад средишниот дел на стомачната страна. Голтката е цилиндрична. Градбата на нејзиниот внатрешен мускулест слој ги покажува сите особини на претставник од потсемејството Dendrocoelinae.

Половиот отвор кај овој вид е сместен постфарингијално во почетокот на втората половина од стомачната страна. Тој е опкружен со висок епител чии клетки се без рабдити и продупчени со многубројни паралелни канали од жлездите сместени во мезенхимот на стомачната страна.

Гениталниот отвор води во општиот атриум кој комуницира со каналот на семеприемникот , машкиот атриум и папилата на аденодактилот. Во машкиот атриум е сместен пенисот.Krstanovski, Z., (1994). Biosistematski i ekolo{ki istra`uvawa na planariite od Ohridskoto, Prespanskoto i Dojranskoto Ezero so nivnite krajbre`ni vodi. Doktorska Disertacija. Univ. 'Sv. Kiril i Metodij'', Prirodno-matemati~ki fakultet, Institut za biologija, Skopje.

Наводи

Категорија:Фауна на дно во Охридско Езеро