Радмила Клајиќ ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Партизанска споменица 1941.

Животопис мини|Радмила Клајиќ е носител на Партизанска споменица 1941. Како ученичка учествувала во напредното младинско движење во Белград од 1939 година, а во 1941 година била примена за член на СКОЈ. Во 1941 година се вратила во Урошевац и работела на организирање на младината. Во јануари 1942 година станала член на КПЈ и наскоро била избрана за член на Околискиот комитет на КПЈ и за секретар на Околискиот комитет на СКОЈ за Неродимска околија. Во март 1943 година вршејќи партиска задача била фатена во околината на Призрен и во затворот останала до капитулацијата на Италија, септември 1943 година, кога се префрлила на слободната територија вo Западна Македонија. Во Дебар била назначена за член на Месниот Комитет КПМ и секретар на МК СКОЈ. Во ноември 1943 година веќе била борец во Првата македонско-косовска ударна бригада, I косовски баталјон, 2 чета. Кон крајот на 1944 година била повлечена од Бригадата и доделена на работа во заднината. Била избрана за член на Одборот на НОМСМ за скопска околија. Носител е на Партизанска споменица 1941 и други одликувања.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941