Куадио Емануел Борис Коне (роден на , во Коломб) — француски фудбалер, играч од средниот ред на Рома и на француската репрезентација.

Биографија Коне е роден во Коломб, Сенски Висови, и има државјанство на Брегот на Слоновата Коска и Франција.

Клупска кариера Тулуза Коне првпат професионално настапил за Тулуза на натпревар против Дижон на 24 мај 2019 година, кој натпревар Тулуза го изгубила со резултат 2–1.

Борусија Менхенгладбах На 21 јануари 2021 година, бундеслигашкиот клуб Борусија Менхенгладбах го објавила потпишувањето на договор со Коне до 2025 година, а воедно потврдила дека тој ќе ја заврши сезоната 2020-21 во Тулуза. Наведената цена за играчот од средниот ред била 9 милиони евра. Откако го завршил трансферот во летото, Коне го добил дресот со број 17 во Менхенгладбах. По потпишувањето за новиот клуб, тој изјавил дека Гладбах очајно сака да го добие и во еден момент не можеше да каже не: „Тие пробаа сè и тоа ме импресионираше“. Коне го постигна својот прв гол за Гладбах во победата од 5-0 над Баерн Минхен во Купот на Германија на 27 октомври 2021 година.

Коне бил изедначен по бројот на жолти картони во сезоната 2022–23 во Бундеслигата со Џефри Гувелеув од ФК Аугсбург, бидејќи двајцата добиле по 12 жолти картони во текот на лигашкото натпреварување. Коне одиграл вкупно 30 лигашки натпревари, а својот единствен гол го постигнал на 11 ноември 2022 година во победата од 4–2 против Борусија Дортмунд, а Гладбах ја завршил сезоната на 10-то место.

Почетокот на сезоната 2023–24 на Коне беше нарушен од повреда на коленото, здобиена додека бил со репрезентацијата во јуни. Коне повторно го постигнал својот единствен гол во лигата против Дортмунд, овој пат во поразот од 4–2 на 25 ноември 2023 година. Тој бил надвор од терените уште еден месец откако го повредил бутот играјќи меѓународен пријателски натпревар на 28 март.

Рома На 30 август 2024 година, Коне се преселил во Италија и се приклучил на клубот од Серија А, Рома, за проценета сума од 18 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор. Договорот бил структуриран како позајмица за сезоната 2024-25, проследена со обврска за откуп. Коне првпат настапил за „ Џалоросите“ два дена подоцна, на 1 септември, како замена во ремито 0-0 против Јувентус. Првпат настапил како стартер за својот нов тим на 15 септември во ремито 1-1 против Џенова. На 27 октомври, тој го постигнал својот прв гол за Рома во поразот од 5-1 против Фјорентина во Серија А.

Коне брзо се етаблирал како неопходна фигура во средниот ред на Рома, со особено значајни настапи во Лигата на Европа, каде што одиграл извонредни натпревари, како на пример во победата од 3–0 над Брага на 12 декември, при што забележал асистенција, имал 7 клучни додавања и комплетирал 46 од 51 додавања. Откако Рома завршила на петтото место во Серија А за сезоната 2024–25, по доцниот наплив под водство на новиот менаџер Клаудио Раниери, Коне ја опишал сезоната како „комплицирана“, жалејќи се на фактот дека клубот сменил три тренери во текот на сезоната: Даниеле Де Роси, Иван Јуриќ и Раниери.

Репрезентативна кариера Коне настапувал за некои од младинските селекции на Франција, носејќи го дресот на триколорите во репрезентациите под 18, под 19 и под 21 година. Исто така, тој бил и член на олимписката француска репрезентација на Летните олимписки игри 2024 во Париз, освојувајќи сребрен медал откако французите загубиле во финалето со 3–5 од Шпанија.

За сениорската репрезентација на Франција Коне првпат настапил на 6 септември 2024 година во натпревар од Лигата на нации против Италија на „Паркот на принцовите“. Тој го заменил Јусуф Фофана во 58-та минута во поразот од 3–1 за Франција.

На 14 мај 2026 година, Коне бил избран во составот од 26 играчи за Светското првенство во фудбал во 2026 година.

Хронолоогија на репрезентативните настапи

Статистика на кариерата Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 24 мај 2026. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2018-јан. 2019 Тулуза 2 НП3 19 1 КФ 0 0 - - - - - - 19 1 јан.-јун. 2019 Тулуза Л1 1 0 КФ 0 0 - - - - - - 1 0 2019-2020 Л1 13 0 КФ 3 1 - - - - - - 16 1 2020-2021 Л2 36+3Play-off. 3+1 КФ 3 1 - - - - - - 42 5Вкупно Тулуза53462----5962021-2022 БЛ272КГ21 - - - - - -2932022-2023БЛ301КГ10 - - - - - -3112023-2024БЛ221КГ31 - - - - - -252јул.-авг. 2024БЛ00КГ10 - - - - - -10Вкупно Борусија Менхенгладбах 79 4 7 2 - - - - 86 62024-2025 А 34 2 КИ 1 0 ЛЕ 10 0 - - - 45 2 2025-2026 А 29 2 КИ 1 0 ЛЕ 7 0 - - - 37 2 2026-2027 А - - КИ - - ЛШ - - - - - - -Вкупно Рома 63 4 2 0 17 0 - - 82 4Вкупно во кариерата 214 13 15 4 17 0 - - 246 17

Репрезентативна статистика

Репрезентација Година Настапи Голови Франција 2024 4 0 2025 8 0 2026 5 0 Вкупно 17 0 Наводи

Надворешни врски

Профил на веб-страницата на АС Рома Manu Koné

Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Тулуза Категорија:Фудбалери на ФК Борусија Менхенгладбах Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2001 година Категорија:Олимписки сребрени медалисти за Франција Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026