мини|десно|Традиционални дрвени платформи („јамабоко“) за време на фестивалот Гион во 2014 г. Фестивал Гион ( Гион мацури) — еден од најголемите и најпознатите фестивали во Јапонија, кој се одржува секоја година во текот на јули во Кјото. Многу од настаните се одвиваат во Средно Кјото и во светилиштето Јасака, матичното светилиште на фестивалот, сместено во познатата кјотска населба Гион, по која фестивалот го добил своето име. Формално, ова е шинтоистички фестивал, а неговите првични цели биле прочистување и смирување на духовите што предизвикуваат болести. За време на фестивалот се одржуваат многу церемонии, но тој е најпознат по двете поворки со платформи познати како јамабоко-јунко, кои се одржуваат на 17 и 24 јули.

Трите ноќи што им претходат на деновите на поворките се нарекуваат јоијоијоијама, јоијоијама и јоијама. За време на овие вечери „јоијама“, центарот на Кјото е резервиран исклучиво за пешаци, а некои традиционални приватни куќи во близина на платформите ги отвораат своите влезови за јавноста, изложувајќи семејни наследства во обичај познат како „Фестивал на паравани“ (Бјобу мацури). Дополнително, улиците се исполнети со тезги на кои се продава храна, како што се јакитори (пилешко на стапче), таијаки, такојаки (пржени топчиња со октопод), окономијаки, традиционални јапонски слатки и многу други кулинарски специјалитети.

Историја мини|лево|Поворката во Кјото во 1920-тите

Древни времиња Фестивалот Гион настанал за време на епидемија како дел од ритуалот за прочистување наречен горјо-е, со цел да се смират боговите за кои се верувало дека предизвикуваат пожари, поплави и земјотреси. Во 869 г., кога луѓето страдале од чума што им се припишувала на одмаздничките духови, царот Сеива наредил молитви до Сусано-но-Микото, богот на светилиштето Јасака. Биле подготвени шеесет и шест стилизирани и украсени хелебарди (по една за секоја од традиционалните јапонски провинции) и биле поставени во Шинсен-ен, градина јужно од царската палата, заедно со „преносливите светилишта“ (микоши) од светилиштето Јасака. Оваа практика се повторувала секогаш кога ќе избувнала чума. До 1000 г., фестивалот станал годишен настан и оттогаш речиси никогаш не бил прекинуван. За време на граѓанската Онинска војна (под власта на шогунатот Ашикага), Средно Кјото било уништено, па фестивалот бил прекинат во траење од три децении кон крајот на XV и почетокот на XVI век. Подоцна, во XVI век, истиот бил обновен од Ода Нобунага.

Со текот на вековите, некои платформи биле уништени или изгубени, но во последниве години неколку се реставрирани. Здруженијата на жители од соседствата понекогаш купуваат древни таписерии за да ги заменат истрошените или уништените, или нарачуваат реплики од индустриски ткајачи од Кјото, или дизајнираат и нарачуваат нови од ткајачите во познатата традиционална населба Нишиџин. Кога не се користат, платформите и регалијата се чуваат во посебни магацини низ централниот дел на Кјото или во светилиштето Јасака.

Фестивалот служи како важна заднина во романот Старата престолнина од Јасунари Кавабата, во кој тој го опишува фестивалот Гион како еден од „трите големи фестивали“ на старата престолнина, заедно со Џидаи мацури (Фестивалот на епохите) и Аои мацури (фестивалот Аои).Kawabata, Yasunari. The Old Capital. Trans. J. Martin Holman. San Francisco: North Point Press, 1987. 131. Print

Современи времиња Во јули 1912 г., гувернерот на Кјото, Омори Шоичи, одлучил да ја забрани поворката Гион поради проектот за поставување шини за трамвај и проширување на патиштата во Кјото, наведувајќи дека станува збор за „приватен фестивал на едно градско светилиште“. Организаторите на фестивалот се спротивставиле, потсетувајќи го гувернерот на огромните толпи што го посетуваат Кјото за време на фестивалот. Kyoto Hinode Shimbun, весник од Кјото, исто така се спротивставил и започнал кампања против забраната, објавувајќи серија критички текстови од еминентни научници, вклучително и професорот од Универзитетот во Кјото, Ичимура Мицуе, кој тврдел дека забраната за поворката значи „смрт на фестивалот Гион, а смртта на Гион е смрт на Кјото“. По притисокот од кампањата, гувернерот Омори ја укинал забраната за поворката.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Gion Matsuri Procession Route 2014 The Gion Festival

Категорија:Кјото