Пане Џунов ( во — во ) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите деца во Масакрот во Ваташа.

Животопис Потекнува од земјоделско занаетчиско семејство. По завршувањето на основното образование во своето родно село се запишал и завршил земјоделско училиште. Станал член на ваташката напредна младинска организација организација во 1941 година, а член на СКОЈ во 1943 година. Заедно со своите другари активно работи во собирање на Црвена помош и во спроведувањето на задачите на ваташката партиска организација. Активно работелво сместувањето и снабдувањето со храна на велешките партизани во текот на 1942/43 година. лево|мини|Спомен плоча на паднати борци од НОВ во периодот од 1941-1945, кај спомен костурницата во Кавадарци. На неа е испишано и името на Пане Џунов.

Масакрот на ваташките деца мини|259x259пкс|Телата на младинците од Ваташа, после масакрот извршен од Бугарските фашистички сили.

Поради неговата активност во народноослободителното движење на 16 јуни во раните утрински часови е уапсен од страна на бугарскиот фашистички окупатор, а потоа стрелан во месноста „Моклиште”, со уште 11-мина младинци од Ваташа.

Поврзано

Масакрот во Ваташа Бугарска офанзива во Тиквешијата Ристо Џунов Тодор Џунов Блаже Џунов Методи Џунов

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Масакри врз Македонци Категорија:Масакри во Македонија