Блаже Џунов - Млаѓо ( според друг извор на 14 април 1921 во — во ) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија, член на Народноослободителен младински сојуз на Македонија (НОМСМ).
Животопис лево|мини|Споменик на Блаже Џунов во Ваташа. Потекнувал од многучлено земјоделско семејство. По завршување на основното образование во своето родно село, нижата гимназија во Кавадарци, своето гимназиско образование го оформил во Крагуевац. Непосредно пред Втората светска војна се запишал на Земјоделскиот факултет во Земун, а по отпочнувањето на војната се префрлил на истиот факултет во Софија. Под обвинение дека ширел револуционери идеи сред студентите бил исклучен од факултетот во 1942 година. Веднаш по враќањето во своето село се вклучил во редовите на револуционерното движење, а веднаш потоа се илегализирал. По масакрот во Ваташа наместо да се исплашат од крвавиот злочин (по убиството на младинците) уште петмина ваташани стапиле во редовите на одредот „Добри Даскалов” и тоа: Ката Видикова-Ружа, Блажо Чекоров-Ѓуро, Методи Џунов-Џико, Блаже Џунов-Млаѓо, Гичо Еленов и други. Учествувал во сите борбени акции на одредот. Во септември истата година се приклучил во баталјонот „Страшо Пинџур”, а од декември 1943 година станал борец во Втората македонска ударна бригада. лево|мини|Спомен плоча на паднати борци од НОВ во периодот од 1941-1945, кај спомен костурницата во Кавадарци. На неа е испишано и името на Блаже Џунов. На 22 декември 1943 година бил избран за делегат од Тиквешијата, и учествувал на првиот конгрес на НОМСМ во Фуштани, егејскиот дел на Македонија, на кој е избран за член на Главниот одбор на младината на Македонија. На 28 април 1944 година, во судир со германската војска на планината Бигла, бил тешко ранет и бил пренесен на егејскиот дел на Македонија, во една партизанска болница на лекување. Здобиените рани биле многу тешки и Блаже по некое време им подлегнал на повредите.
Поврзано
Масакр во Ваташа Методи Џунов Тодор Џунов Ристо Џунов Пане Џунов
Наводи
Категорија:Луѓе од Ваташа Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Учесници во НОБ