мини|Пример за известување што играчот може да го добие за завршување на достигнување — „Достигнувањето е отклучено! Ја завршивте обуката“. Достигнување () — незадолжителна задача во видеоигрите поврзана со напредок, стил на игра, пронаоѓање тајни, колекционерски предмети, итн. Понекогаш добивањето достигнувања дава пристап до нови материјали, на пример, бонусни карти, цртежи, маски (скинови) на ликови.

Историја на достигнувањата Првите системи за достигнувања биле измислени во зората на компјутерските игри. Така, Activision ги наградувал играчите со значки за одредени игри уште во 1980-тите. За да се добиело таква значка, потребно било да се постигне одреден исход во играта (на пример, да се постигне одреден број бодови или да се исполни одредено време), да се направи слика од екранот на играта и да се испрати сликата до компанијата по пошта. Слични практики постоеле меѓу другите големи издавачи на игри.

Некои видеоигри од раните 1990-ти мотивирале внимателно играње со прикажување на исходите на играчот од вкупниот број на располагање. Меѓу таквите игри се серијата класични потраги на Sierra Entertainment и потрагите Indiana Jones & The Last Crusade: The Graphic Adventure, Indiana Jones and the Fate of Atlantis (системот Indy Quotient points) од LucasArts. Забележително, системот Indy Quotient points ги задржал исходите од игра до игра, покажувајќи го целокупното познавање на играчот за играта.

Во средината на 2000-тите, системот за достигнувања претрпел големи промени — тој станал софтверски додаток што бележел одредени настани во играта. Штом во играта се случи дејство неопходно за да се добие достигнување, системот го бележел за профилот на играчот во системот. На екранот се појавува мал прозорец со порака што покажува кое достигнување е заработено. Овој систем за првпат бил воведен во 2005 г. со објавувањето на конзолата Xbox 360. Valve подоцна го вклучил својот сопствен систем за достигнувања во пакетот Steamworks, наменет за развивачите на игри што сакаат да се поврзат со системот за распределба Steam. Конечно, во летото 2008 г., заедно со ажурирањето на вградената програма 2.40, системот за трофеи се појавил на PlayStation 3. Во 2009 г., Ubisoft ја претставил услугата Uplay, која вклучува систем за достигнувања за игри. Пуштањето на Game Center на iPhone, iPad и iPod во 2010 г. вовел систем за достигнувања за игри на iOS. Со пуштањето на Google Play Games во 2013 г., системот за достигнувања бил воведен во игрите за андроид.

Наводи

Надворешни врски

22 од најтешките достигнувања во историјата на видеоигрите (англиски)

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Начини на играње на видеоигри Категорија:Терминологија за видеоигри