Андреја Мари Труден (англ. Andrea Marie Truden; словенечки: Андреја Марија Труден; 26 јули 1943 ― 7 ноември 2011), позната по нејзиниот псевдоним Андреа Тру ― американска порноглумица и пејачка од диско-ерата. Покрај нејзиното име, таа имала повеќе уметнички имиња, вклучувајќи ги: Ингер Кисин, Синг Лоу, Сандра Липс, Андреа Тревис и Кетрин Ворен. Како пејачка, најпозната била по поп-диско-хитот од 1976 година „More, More, More“ (изведен како дел од нејзиниот музички проект Andrea True Connection), кој се искачил на 4-то место на американската Billboard Hot 100 топ-листа и на петто место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство.
Живот и кариера Андреа Мари Труден била родена на 26 јули 1943 година во Нешвил, Тенеси. Студирала музика на колеџот „Џорџ Пибоди“ при Универзитетот Вандербилт. Нејзините родители биле имигранти од Словенија.
Во 1960-тите, Тру имала улога во неколку порно-филмови во Скандинавија, а кон крајот на деценијата почнала да се појавува во американски филмови за возрасни. Нејзина прва забележителна улога ја имала во филмот Главна медицинска сестра од 1972 година. Таа, исто така, се појавила како статист во филмови за невозрасни: The Way We Were и 40 Carats. Во 1975 година, го режирала нејзиниот прв порнофилм, Еднаш во текот на ноќта. Во текот на 1970-тите и до средината на 1980-тите, настапила во повеќе од педесет хардкор-порно-филмови за време на раната њујоршка филмска индустрија за возрасни.
За време на нејзиниот врв како порноглумица, околу 1975 година, Тру била ангажирана да се појавува во реклами на компанија која се занимавала со недвижности во Јамајка. Додека работела таму, владата на Јамајка го забранила трансферот на имот како одговор на санкциите наметнати од САД по изборот на Мајкл Менли, поддржувач на Фидел Кастро. За да се врати во САД, Тру морала или да не земе плата или да ги потроши парите пред да се врати. Тру, која во тоа време се обидувала да се пробие на музичката сцена, одлучила парите да ги вложи во снимање на демо-снимката „More, More, More“, песна на која работела со продуцентот Грег Дајмонд, нејзин партнер во проектот The Andrea True Connection. Ремиксирана од инженерот за снимање Том Мултон, „More, More, More“ станала хит во ноќните клубови. Стигнала до 4-то место на американската Billboard Hot 100, прво место на американската диско-топ-листа и прво место на топ-листата за синглови во Канада. Стигнала до петто место во Обединетото Кралство и деветто место во Германија. Потоа објавила албум со исто име, кој имал умерен успех во Северна Америка.
Во нејзините подоцнежни години, таа работела како советник за луѓе кои се борат со злоупотреба на супстанци и како астролог. „More, More, More“ и понатаму останала популарна песна која се користела во телевиски серии и во филмови, а Тру добивала извонредни тантиеми од користењето и продажбата на песната. Последните години животот живеела во Вудсток, Њујорк.
ру починала на 7 ноември 2011 година, во Кингстон, Њујорк на 68 годишна возраст. Како причина била наведена срцева слабост. Во согласност со нејзините желби, телото на Тру било кремирано.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Луѓе од Нешвил Категорија:Американски поп-пејачки Категорија:Американски порно-глумици Категорија:Американски денс музичари Категорија:Починати во 2011 година Категорија:Родени во 1943 година Категорија:Статии со извори на словенечки (sl) Категорија:Американски диско-пејачи Категорија:Американци со словенечко потекло