Никола Киранџиски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, па се занимавал со земјоделство и чување добиток. Бил мобилизиран во бугарската фашистичка војска, но во ceптемвpи 1944 година избегал и стапил во Третата македонска ударна бригада со која дејствувал на планината Китка и се придружил на Дванаесеттата македонска ударна бригада која водела борби против балистите на Водно. Во ноември 1944 година учествувал во разбивањето на германските единици а потоа во уличните борби во Скопје. Откако градот бил заземен и целосно ослободен, загинал од еден соборец во тек на краток одмор, при чистење на пушката. Бил закопан на селските гробишта во Кучевиште.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ