Иван Колосенко ( во Русија — во ) — руски партизан, борец за слобода на Македонија, припадник на Црвената Армија и учесник во НОВ.

Животопис Кога во септември 1944 година Дванаесеттата македонска ударна бригада го имала минирано транспортниот воз кај Зелениково, со уште неколку заробеници успеал да побегне од заробеништво и да и се приклучи на бригадата. Така станал борец во нејзините редови во составот на втората чета од првиот баталјон. Бил смел и примерен борец и бргу станал пушкомитралезец и командир на одделение. Во завршните борби за ослободувањето на Македонија и Скопје, со бригадата се борел за заземање на хидроцентралата Матка, каде биле сконцентрирани големи балистички сили. Во оваа жестока борба против балистичките банди, Иван храбро загинал со уште неколкумина свои соборци.

Во нивна чест во дворот на хидроцентралата Матка е подгинат споменик, пред кој се чествува нивното храбро дело за спасување и ослободување на градот Скопје. Официјални државни претставници на Руската амбасада во Македонија исто така учествуваат во овие настани и вообичаено церемонијата се случува околу 9 мај - денот на победата над фашизмот.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје