Богдан Филип Кметовски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Произлегува од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во своето родно село, по што се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Во Шеснаесеттата македонска ударна бригада стапил од самото нејзино формирање. Се борел против балистите на Скопска Црна Гора, а учествувал и во ослободувањето на Скопје. Бил ранет во последната борба против балистите во Шишево и пренесен во Скопската болница на лекување, од каде бил пуштен на домашно лекување. Од последиците на раните, починал во почетокот на 1945 година. Бил закопан на гробиштата во Побожје.
Поврзано
Милан Кметов
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје