Вуелта а Еспања 2019 (познато и како: Трка околу Шпанија 2019) — 74. издание на велосипедската голема трка Вуелта а Еспања, која се одржала помеѓу 24 август и 15 септември како завршна голема трка во сезоната на Светската турнеја. Трката започнала со екипен хронометар во Торевиеха на Коста Бланка, а завршила во Мадрид. Покрај во Шпанија, делови од трката се возеле во Андора и во Франција.

Трката била освоена од Примож Роглич, кој бил прв Словенец кој освоил некоја голема трка. На подиумот се качил и Алехандро Валверде како втор од и сонародникот на Роглич, Тадеј Погачар од како трет.

Покрај генералниот, Роглич го освоил и бодовниот пласман. Жофри Бушар од го освоил планинскиот пласман, додека Погачар го освоил пласманот за млад возач. Мигел Анхел Лопес од бил прогласен за најборбен возач на трката, додека го освоиле екипниот пласман.

Екипи

Изданието на Вуелта а Еспања во 2019 година било составено од 22 екипи. Сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Покрај нив, четири професионални континентални екипи добиле специјални покани.

Фаворити пред трката

Победникот на Вуелта а Еспања 2018, Сајмон Јејтс, одлучил да не ја одбрани неговата титула откако возел на Џиро д’Италија 2019 и Тур де Франс 2019. Стевен Краусвајк, Примож Роглич (Тим Џамбо-Висма), Мигел Анхел Лопес, Јакоб Фуглсанг (Астана) и Наиро Кинтана (Мовистар) биле сметани за фаворити пред трката. Фернандо Гавирија (ОАЕ Тим Емирати) и Сем Бенет (Бора-хансгрое) биле сметани за можни етапни победници и фаворити за бодовниот пласман.https://www.cyclingstage.com/vuelta-2019-favourites/ Краусвајк бил на подиумот на Тур де Франс 2019, додека неговиот колега Роглич завршил трет на Џиро д’Италија 2019. Лопес бил на подиум на обете трки, Џиро д’Италија 2018 и Вуелта а Еспања 2018.

Помеѓу учесниците имало тројца поранешни победници: Алехандро Валверде (2009), Фабио Ару (2015) и Наиро Кинтана (2016).

Рута и етапи

Преглед на трката

Пласмани

Постоеле четири главни пласмани на Вуелта а Еспања 2019, меѓу кои најважен бил генералниот пласман. Генералниот пласман бил пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, вклучувајќи ги и добиените временски бонуси. Бонусите биле доделувани на крајот на секоја етапа, освен на хронометарски етапи (1 и 10). Велосипедистот со најмало вкупно време бил предводник на трката, препознаван преку црвената маичка; победникот на овој пласман бил сметан за победник на Вуелта.

Дополнително, постоел бодовен пласман, каде се доделувала зелена маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат меѓу најдобрите на етапите или на средните спринтови. Велосипедистот со најмногу бодови го предводел пласманот и бил препознаван со зелената маичка.

+ Бодови за планинскиот пласман Category 1. 2. 3. 4. 5. 6. Чима Алберто Фернандес 20 15 10 6 4 2 Специјална категорија 15 10 6 4 2 Прва категорија 10 6 4 2 1 Втора категорија 5 3 1 Трета категорија 3 2 1

Постоел, исто така, и планински пласман. Организаторите категоризирале некои искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодовите за овој пласман биле освојувани од првите велосипедисти на врвот на некое искачување, каде повеќе бодови биле достапни за повисоко категоризираните искачувања. Велосипедистот со најмногу бодови водел во пласманот и бил препознаван од сината точкеста маичка.

Четвртиот поединечен пласман бил пласман за млад возач, кој бил пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа за секој возач роден на или по 1 јануари 1994 година. Возачот со најмало вкупно време бил предводник на пласманот и ја носел белата маичка.

За екипниот пласман биле собирани времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време.

Дополнително постоела и една поединечна награда: наградата за борбеност. Наградата за борбеност била доделувана по секоја етапа на возач кој се сметал за најборбен, најхрабар во текот на една етапа, исклучувајќи ги хронометрите. Победникот го носел зелениот број на следната етапа. На последниот ден на трката, судиите одлучувале за тројца најборбени возачи во текот на целата трка, а јавноста го избирала победникот.

+Водство во пласманите по етапа Етапа Победник Генерален пласман20п Бодовен пласман20п Планински пласман20п Пласман за млад возач20п Екипен пласман20п Награда за борбеност20п 1 Мигел Анхел Лопес недоделена недоделена Мигел Анхел Лопес Мигел Анхел Лопес 2 Наиро Кинтана Николас Роуш Наиро Кинтана Анхел Мадрасо Анхел Мадрасо 3 Сем Бенет Анхел Мадрасо 4 Фабио Јакобсен Сем Бенет Хорхе Куберо 5 Анхел Мадрасо Мигел Анхел Лопес Хосе Ерада 6 Хесус Ерада Дилан Тенс Хесус Ерада 7 Алехандро Валверде Мигел Анхел Лопес Наиро Кинтана Серхио Енао 8 Никијас Арнт Никола Еде Давид де ла Крус 9 Тадеј Погачар Наиро Кинтана Жофри Бушар 10 Примож Роглич Примож Роглич Примож Роглич Примож Роглич 11 Микел Итурија Алекс Аранбуру 12 Филип Жилбер Филип Жилбер 13 Тадеј Погачар Тадеј Погачар Ектор Саес 14 Сем Бенет Диего Рубио 15 Сеп Кус Серхио Самитер 16 Јакоб Фуглсанг Жофри Бушар Анхел Мадрасо 17 Филип Жилбер Наиро Кинтана 18 Серхио Игита Мигел Анхел Лопес Серхио Игита 19 Реми Кавања Реми Кавања 20 Тадеј Погачар Тадеј Погачар Тео Гејган Харт 21 Фабио Јакобсен недоделена На крај Примож Роглич Примож Роглич Жофри Бушар Тадеј Погачар Мигел Анхел Лопес

На втората етапа, Дарио Каталдо и Јакоб Фуглсанг, кои биле на второто место во генералниот пласман, ја носеле зелената маичка и сината точкеста маичка соодветно, иако не биле доделени бодови на воведниот екипен хронометар за овие пласман. На втората етапа, Џејмс Нокс, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Мигел Анхел Лопес ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. На етапите 6 и 8, Тадеј Погачар ја носел белата маичка од истата причина. На десеттата етапа, Примож Роглич, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Наиро Кинтана ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. На етапите 11, 12 и 13, Наиро Кинтана, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. На етапата 19, Тадеј Погачар ја носел зелената маичка од истата причина. На етапите 14 и 15, Наиро Кинтана, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, а второпласираниот Тадеј Погачар ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач. На етапите 16 и 17, Наиро Кинтана, кој бил четврти во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, второпласираниот Тадеј Погачар ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач, а третопласираниот Алехандро Валверде ја носел маичката за светски првак. На осумнаесеттата етапа, Наиро Кинтана, кој бил четврти во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, второпласираниот Сем Бенет го носел националниот дрес, а третопласираниот Тадеј Погачар ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач. На етапата 19, Тадеј Погачар, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. На етапата 20, Тадеј Погачар, кој бил четврти во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, второпласираниот Сем Бенет го носел националниот дрес, а третопласираниот Алехандро Валверде ја носел маичката за светски првак. На последната етапа 21, Наиро Кинтана, кој бил петти во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Примож Роглич ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман, второпласираниот Тадеј Погачар ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач, третопласираниот Алехандро Валверде ја носел маичката за светски првак, а четвртопласираниот Сем Бенет го носел националниот дрес.

Поредок

Легенда   20п   Го означува предводникот во генералниот пласман   20п   Го означува предводникот во бодовниот пласман   20п   Го означува предводникот во планинскиот пласман   20п   Го означува предводникот во пласманот за млад возач   20п   Го означува предводникот во екипниот пласман 20п Го означува предводникот на наградата за најборбен возач

Генерален пласман

Бодовен пласман

+Завршен бодовен пласман (1–10) Место Возач Екипа Бодови 1 20п 20п 155 2 20п 136 3 134 4 20п 132 5 20п 100 6 20п 76 7 73 8 69 9 63 10 62

Планински пласман

+ Завршен планински пласман (1–10) Место Возач Екипа Бодови 1 20п 76 2 44 3 42 4 20п 38 5 35 6 31 7 20п 29 8 27 9 24 10 22

Пласман за млад возач

+ Завршен пласман за млад возач (1–10) Место Возач Екипа Време 1 20п 2 20п + 1' 53" 3 + 20' 00" 4 + 29' 22" 5 + 39' 10" 6 + 1ч 01' 26" 7 + 1ч 08' 47" 8 + 1ч 10' 19" 9 + 1ч 22' 58" 10 + 1ч 32' 38"

Екипен пласман

+ Завршен екипен пласман (1–10) Место Екипа Време 1 20п 2 + 51' 38" 3 + 2ч 03' 42" 4 + 2ч 26' 47" 5 + 3ч 14' 09" 6 + 3ч 20' 01" 7 + 3ч 38' 55" 8 + 3ч 45' 14" 9 + 3ч 55' 52" 10 + 4ч 00' 34"

Наводи

Извори

Надворешни врски

Категорија:Андора во 2019 година Категорија:Шпанија во 2019 година Категорија:Франција во 2019 година Категорија:Светска турнеја на UCI 2019 2019