Дуко Тасев ( во Јудово — во ) — македонски револуционер и војвода во Внатрешната македонска револуционерна организација.

Животопис

Дуко Тасев е роден во село Јудово, Кичевско во 1858 година. Самоук, без образование, израснат во една типична македонска селска средина, тој успеал да се издигне над своето време и предизвиците што тоа ги носело со себе. Дуко имал четворица браќа: Алексо, Илаијло (Исо), Вељан и Арсо и три сестри: Дукадинка која што била мажена и живеела до крајот на животот во село Брждани, Сотира била мажена во село Кладник, а третата останала во село Јудово и се омажила за некојси Грујо од Илија.

Дуко Тасев е мошне интересна фигура во национално-ослободителната и револуционерната борба на македонскиот народ во пред Илинденскиот перид во Кичевско. Неговите јуначки дела останале до ден денес да се прераскажуваат, величат, паметат. За нив народот испеал повеќе песни. Тој го славел и го издигнал на пиедесталот на најголемите јунаци, заштитници на обичните луѓе по селата. Убиството на највлијателниот и најбогатиот Турчин во целиот Битолски Вилает, Адреман-бег, како и на прочуениот спаијата Ремко од селото С'лп, биле само дел од јуначките потфати од богатата револуционерна дејност на војводата Тасев.Боге Петрески,Дуко Тасев,кичевски војвода,Кичево,2000 Бил долгогодишен соработник и другар на Питу Гули, со кој заедно биле на заточеништво во Дијарбекир, Мала Азија. Починал во Софија, во 1943 година, на 85 годишна возраст.

Мисли

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Јудово Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Родени во 1855 година Категорија:Починати во 1942 година Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски мемоаристи Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Учесници во Македонското востание Категорија:Учесници во Мелничкото востание