Современ хебрејски, стандарден хебрејски, израелски хебрејски (, ʿivrít ḥadašá[h]) – "современ хебрејски" или "нов хебрејски") или само хебрејски — стандардната, современа и литературна форма на хебрејскиот јазик кој се зборува денес во Израел и еврејската дијаспора. Хебрејскиот е канански јазик, дел од подгрупата на северозападни семитски јазици од семејството на семитски јазици. Тој е единствен жив канански јазик. Јазикот е мајчин јазик на Евреите и службен јазик во Израел. Денес го зборуваат околу 10 милиони луѓе.

Историски развој

Историјата на хебрејскиот јазик може да биде поделена на 4 периоди:Hebrew language Encyclopædia Britannica

библиски хебрејски јазик, до 3 век п.н.е. - јазик на Хебрејската Библија мишнајски хебрејски јазик, јазикот на Мишнах и Талмуд средновековен хебрејски јазик, од 6 до 13 век современ хебрејски, јазикот на денешен Израел.

Оживување Хебрејскиот бил оживеан како книжевен јазик неколкупати во својата историја, а најзначајно е оживувањето како книжевен јазик за време на преродбата позната како хаскалах во средината на 19 век во Германија. Кон крајот на векот еврејскиот активист Елиезер Бен Јехуда, предводен од идеологијата на национална преродба (שיבת ציון, шиват цијон), денес позната како ционизам, започнал со оживување на хебрејскиот како современ говорен јазик. Како резултат на локалното движење кое тој го создал, но повеќе како последица на новите групи имигранти познати под името „Втор Алијах“, хебрејскиот ги заменил јазиците кои претходно ги зборувале тие луѓе. Тие јазици биле всушност еврејски дијалекти на јазиците на државата каде живееле, од кои денес познати се ладино, јидиш, јудео-арапски и бухориски.

Главниот резултат на книжевната работа на хебрејските интелектуалци во 19 век била лексичката модернизација на хебрејскиот. Нови зборови и изрази биле присвоени како неологизми од различниот корпус на хебрејски писанија, или преку позајмување од арапскиот (претежно од страна на Елиезер Бен Јехуда), како и постари арамејски и латински зборови. Забележливо е и влијанието на европските јазици, особено од англискиот, рускиот, германскиот и францускиот. Современиот хебрејски станал службен јазик на британскиот мандат Палестина во 1921 година, покрај арапскиот и англискиот. По прогласувањето на независноста на Израел, новокодифицираниот хебрејски бил прогласен за службен јазик на државата. Денес, хебрејскиот го зборуваат 10 милиони луѓе и е главно средство за комуникација во државата.

Писмо

Хебрејскиот јазик се пишува со хебрејската азбука. Јазикот се пишува од десно кон лево. Хебрејската азбука всушност е согласно писмо (абџад) и има 22 букви. Древното палео-хебрејско писмо било слична со тоа за хананскиот и за феникискиот јазик. Современото писмо е засновано на букви кои налукуваат на коцки, познати како „ашурит“ (асирски), и потекнуваат од арамејското писмо. За рачно пишување се користи ракописно хебрејско писмо, каде буквите се покружни и поразлични одошто печатените форми. Ракописното писмо се заснова на едно постаро ракописно писмо кое се нарекува рашиево писмо. Бидејќи писмото е согласно, само се користат согласките при пишување, самогласките не се пишуваат и треба да се знаат на памет каде се при изговорот. Сепак, ако треба и тие да се запишат, тие се означени со систем на точки кои се ставаат на согласката со која прават слог, или пак преку употреба на букви кои основно означуваат согласка, а второстепено самогласка, кое пак е познато како „мајка на читањето“ или matres lectionis. Покрај надредните знаци за самогласките, во јазикот се користат надредни знаци за да се означи како точно се изговара самогласката, односно дали е 'с' или 'ш', 'б' или 'в' итн.

име печатно א ב ג ד ה ו ז ח ט י כ ל מ נ ס ע פ צ ק ר ש תракописно изговор[], ∅[], [][][][][][][]~[][][][], []~[][][][][][], ∅[], [][][][]~[][], [][]транслитерација'b, vgdhvzchtyk, chlmns'p, ftzkrsh, st

Фонологија Современиот хебрејски јазик е фонетски поедноставен од библискиот хебрејски јазик бидејќи има помалку фонеми. Сепак јазикот е фонолошки посложен, односно има од 25 до 27 согласки (во зависност од тоа дали се изговараат грлените гласови) и од 8 до 10 самогласки (во зависност од тоа дали се сметаат дифтонзите).

Согласки Следната табела дава преглед на хебрејските согласки:

усненивенечнипреднонепчено-венечнипреднонепченизаднонепчениресичнигласилниПрепречниизбувниɡ2слеани ()4()4струјни()4~12носниприближни()4 1 Во современиот хебрејски за буквата ח е заменета со , која пак традиционално била за буквата כ. 2 Грлените согласки претежно не се изговараат во неакцентирани слогови, но ако се изговараат се изговараат само во формален внимателен говор. Во современиот хебрејски за ע била заменета со која пак традиционално била за буквата א. 3 Често се препишува како . Оваа често се изговара ако меконепчана струјна , понекогаш како ресна струјна или апроксимантна , а понекогаш како ресна или алвеоларна вевна согласка, сè во зависност од човекот и неговото потекло. 4 Фонемите не се матични за хебрејскиот, и тие се позајмени од странски зборови и јазици.

Препречните согласки се асимилираат во озвучување, односно безвучните () стануваат звучни () кога се појавуваат веднаш пред звучна препречна согласка и обратно.

Самогласки Во хебрејскиот има девет самогласки, од кои пет се кратки и четири долги:

предни средни заднивисоки i iː uсредни e̞ e̞ː o̞ o̞ːниски ä äː

Долгите самогласки се појавуваат непредвидено каде имало две самогласки разделени со грлена или гласилна самогласка. Секоја од петте самогласки може да се реализира со темен глас кога не е акцентирано. Во јазикот има и два дифтонга (ај) и (еј).

Кај повеќето од зборовите во хебрејскиот акцентот паѓа на еден од двата последни слога во зборот, а најечест е акцентот на последниот слог.

Морфологија Како и сите семитски јазици, така и хебрејскиот има коренски форми кои се типишно трилитерални, или составен од 3 согласки (но постојат и корени од по 4 согласки). Од овие корени се создаваат именки, придавки и глаголи. Преку внетнување самогласки, удвојување на согласките и со додавање на афикси се создаваат новите зборови.

Хебрејскиот јазик користи бројни претставки од по една буква кои се користат за различни цели. Тие се нарекуваат „неразделни препозоции“ или „корисни букви“ (אותיות השימוש, Otiyot HaShimush). Такви се на пример членот ha- () (определен член); be- () (="во"), le- () (="до"), mi- () (="од"; кратка форма на min); ve- () (="и"), she- () (="дека"), ke- () (="како"), итн.

Синтакса Секој хебрејски збор мора да содржи најмалку еден подмет, еден прирок, а другите елементи се незадолжителни. Зборовниот ред на современиот хебрејски е случен со македонскиот и ангискиот на пример,односно подмет-прирок-предмет, за разлика од библискиот хебрејски кој имал зборовен редослед прирок-подмет-предмет. Современиот хебрејски е окарактеризиран по асиметријата помеѓу определениот предмет и неопределениот предмет. Во јазикот има акузативен бележник „ет“, само пред определен предмет (повеќето се определени именки и лични имиња). „Ет“ и „ха“ во скоро време се во процес на спојување и има тежнеење да станат „та“,Consider ten li et ha-séfer "give:2ndPerson.Masculine.Singular.Imperative to-me ACCUSATIVE the-book" (i.e. "Give me the book!"), where et, albeit syntactically a case-marker, is a preposition and ha is a definite article. This sentence is realised phonetically as ten li ta-séfer.

Изговор Изговорот на современиот хебрејски јазик е претежно заснован на сефардскиот хебрејски јазик. Во одредени аспекти има и фонолошки црти од ашкенашкиот хебрејски јазик, особено во:

елиминација на голтничката артикулација кај буквите хет () и ајин () замена на () од кон или (влијание од јидиш/ германски) изговорот кај голем број говорници на цере како во одредени контексти делимна елиминација на шва (зман наместо сефардското земан) отстапување при акцентирање на имиња и мал број зборови

Зборовен фонд Позајмени зборови Современиот хебрејски јазик има голем број позајмени зборови од различни јазици, како што е случај и со повеќето јазици во светот. Голем дел од позајмените зборови се од арапскиот, арамејскиот, јидиш, ладино, германскиот, рускиот, англискиот, полскиот и други помали јазици. Современиот хебрејски зачувал голем број древни хебрејски зборови, кои пак во тогашно време биле позајмени од околните древни јазици (акадски, арамејски). Некои типични позајмени зборови во хебрејскиот се:

позајмен зборизведенкипотеклохебрејскиМФАзначењехебрејскиМФАзначењејазикправописзначењедовидување англискиbyeдовидувањеиздувен систем exhaustsystemиздувен системДиџејдиџејto DJДиџејнавистина!? арапскинавистина?!забавада се забавувашзадоволстволесно (со леснотија)да излезешлеснотато арамејскиאבאтаткото/мојот татколоша работада осветлиш рускихалтуралоша работанередда направиш нередбалаганхаосдиректно јидишתּכליתцелдлабоко спиењеда спиеш длабокоכראָפּхрчишпатула германскиSpachtelшпатулагумагумаGummiгумагазиранпијалак турскиодфранцускиgazozодeau gazeuseгазиранпијалакглупа жена ладино воспалена ранаархитектархитектураакадскиarad-ekalliслуга во храм

Белешки

Литература

Zuckermann, Ghil'ad (2003). Language Contact and Lexical Enrichment in Israeli Hebrew. Palgrave Macmillan. ISBN 9781403917232 / ISBN 9781403938695.

Наводи

Надворешни врски Вовед кон корпусот на говорниот израелски хебрејски Hebrew Today – Дали да учиш современ хебрејски или библиски хебрејски? Историја на древниот и современиот хебрејски , Дејвид Стајнберг Кратка историја на хебрејскиот јазик , Хаим Менахем Рабин Академија на хебрејскиот јазик: како се раѓа зборот?

Категорија:Хебрејски јазик Категорија:Еврејски јазици

kl:Hebraimiutut