мини|374x374px|Структура на теихоинска киселина кај Micrococcaceae Теихоински киселини (грчки τεῖχος, teīkhos, "ѕид", поконкретно ѕид на тврдина, спротивно на τοῖχος, toīkhos, обичен ѕид) се бактерискикополимери на глицерол фосфат или рибитол фосфат и јаглехидрати врзани со фосфодиестерски врски.
Локација и структура Теихоинските киселини се наоѓаат во рамките на клеточниот ѕид на повеќето Грам-позитивни бактерии, како што се припадниците на родовите Staphylococcus, Streptococcus, Bacillus, Clostridium, Corynebacterium, и Listeria, и се протегаат до површината на пептидогликанскиот слој. Теихоинските киселини не се среќаваат кај Грам-негативните бактерии. Тие можат да бидат ковалентно поврзани за N-ацетил-мураминска киселина или терминален D-аланин во тетрапептидната врска меѓу единиците од N-ацетил-мураминска киселина на пептидогликанскиот слој, или можат да бидат прицврстени (закотвени) за цитоплазматската мембрана со помош на липид.
Теихонските киселини кои се закотвени за мембраната се нарекуваат липотеихоински киселини, а теихоинските киселини кои се врзани за пептидогликанот се познати како теихоински киселини на ѕидот.
Теихоински киселини на ѕидот Најчестите структури се ManNAc(β1→4)GlcNAc дисахариди со еден до три глицерол фосфати поврзани за C4 хидроксилната група на ManNAc проследено со долг синџир од неколку глицерол или рибитол фосфати.
Функција Главната функција на теихоинските киселини е давање ригидност на клеточниот ѕид преку привлекување на катјони на магнезиум и натриум. Теихоинските киселини можат да бидат супституирани со естерски поврзани D-аланин или D-гликозамин, што и дава на молекулата цвитерјонски својства. Теихоинските киселини, исто така, помагаат во регулација на растот на клетката со ограничување на способноста на автолизините да ја раскинат β(1-4) врската помеѓу N-ацетил-гликозамин и N-ацетил-мураминска киселина.
Липотеихонските киселини може да делуваат и како рецепторски молекули за бактериофаги кои напаѓаат Грам-позитивни бактерии; сепак, ова сè уште не е доволно потврдено. Тие се кисели полимери и придонесуваат за негативниот полнеж на клеточниот ѕид.
Наводи
Категорија:Грампозитивни бактерии Категорија:Органски киселини Категорија:Клеточна биологија