Триумфалната арка () е споменик во Пјонгјанг, Северна Кореја посветен на корејскиот отпор од 1925 до 1945 година против окупацијата од Јапонија. Тој е втората највисока триумфална арка во светот, веднаш по Споменикот на револуцијата во Мексико. Тој е на висина од 60 метри и широчина од 50 метри.
Споменикот е изграден во 1982 година. Посебно е посветено внимание на севернокорејскиот водач Ким Ил Сунг кој учествувал во отпорот.
Галерија
Надворешни врски
Категорија:Згради и градби во Северна Кореја