Нордштемен () — село и слободна општина во округот Хилдесхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Лајне, околу 10 километри западно од Хилдесхајм и 25 километри јужно од Хановер.
Географија Местоположба
Нордштемен се наоѓа западно од Хилдесхајм во северозападниот крај на Хилдесхајмската шума, на околу 1 километар источно од вливот на Халер во Лајне.
Општински единици
Општината Нордштемен се состои од следниве места:
Адензен (925) Барнтен (979) Бургштемен со Бург Попенбург (1.083) Грос Ешерде (610) Халербург (117) Хојерзум (929) Клајн Ешерде (495) Малертен (615) Нордштемен (4.852) Ресинг (1.657)
Соседни општини
Општината Нордштемен се граничи од североисток надесно со Зарштет, Гизен, Хилдесхајм, Гронау и Елце (сите во округот Хилдесхајм), како и Шпринге и Патензен (обете во регионот Хановер).
Градоначалник
Градоначалник е Норберт Палентин (SPD), кој бил избран во септември 2011 година со 62% од гласовите.Results of the elections in Lower-Saxony 2011 , accessed December 24, 2014 Палентин го наследил сопартиецот Карл-Хајнц Ботман.
Познати луѓе
Рудолф Вигман (1804-1865) — архитект, сликар и професор
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Хилдесхајм (округ)