thumb|right220p|Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Кочани - седиште на намесништвото Кочанско архијерејско намесништво — архијерејско намесништво во Македонската православна црква - Охридска Архиепископија едно од четирите намесништва во Брегалничката епархија. Ова архијерејско намесништво ги опфаќа градовите Кочани и Виница со околните села. На чело на Кочанското архијерејско намесништво се наоѓа прота Атанас Пармачки (сост. 2016).Postolovski, Goran (2013) Historical Aspect of Bregalnitza Dioceses. Masters thesis, University Goce Delcev Shtip.Трајановски Александар, (2008), Возобнување на Охридската Архиепископија како Македонска православна црква и нејзиниот шематизам, Скопје, 356.

Парохии Во градот Кочани се наоѓаат седум градски, а по селата девет селски парохии. Во градот Виница гравитираат четири парохии сместени во црквата „Св. Архангел Михаил“ во Виница. Прва кочанска парохија - седиште во црквата Св. Ѓорѓи; Втора кочанска парохија - седиште во црквата „Св. Симеон Столпник“ Трета кочанска парохија - седиште во црквата „Св. Василиј Велики“ Четврта кочанска парохија - седиште во црквата „Св. Пантелејмон“ Петта кочанска парохија - Шеста кочанска парохија - Седма кочанска парохија - Прва виничка парохија - седиште во црквата Св. Архангел Михаил; Втора виничка парохија - седиште во црквата Св. Архангел Михаил; Трета виничка парохија - седиште во црквата Св. Архангел Михаил; Четврта виничка парохија - седиште во црквата Св. Архангел Михаил; Блатечка парохија - седиште во село Блатец. Во оваа парохија гравитираат и селата Липец и Пекљани; Јакимовска парохија - седиште во село Јакимово. Кон парохијата гравитираат селата: Кршла, Црн Камен, Трсино и Градец; Истибањска парохија - седиште во село Истибања со соседното село Прибачево; Оризарска парохија - седиште во село Оризари и соседното село Пресека; Зрновска парохија - седиште во Зрновци. Кон оваа парохија гравитираат и селата Мородвис и Видовиште; Грдовска парохија - седиште во село Грдовци. Кон оваа парохија гравитираат селата: Горни и Долни Подлог и селото Мојанци; Облешевска парохија - седиште во селото Облешево. Оваа парохија ги опфаќа и селата: Тркање, Теранци и Чифлик; Соколарска парохија - седиште во селото Соколарци. Кон парохијата гравитираат селата: Чешиново, Ново Селани и Жиганци; Спанчевска парохија - седиште во селото Спанчево. Кон парохијата гравитираат селата: Бања, Бели, Нивичани, Пантелеј и Рајчани.

Наводи

Категорија:Архијерејски намесништва во Брегалничката епархија Категорија:Архијерејски намесништва на МПЦ Категорија:Христијанство во Кочани