Тајмир ( или ) — полуостров на Крајниот Север на Сибир и најсеверен копнен предел на Евроазија. Сместен е меѓу Енисејскиот Залив во Карското Море и Хатаншкиот Залив во Лаптевското Море во состав на Краснојарскиот крај, Русија.
На овој простран полуостров се наоѓаат езерото Тајмир и планинскиот венец Биранга. На неговиот крај е сместен ’ртот Чељускин — најсеверната точка на копнена Евроазија.
Население мини|десно|250п|Ненци на Тајмир
Домородни народи на полуостровот се Ненците и Нгасаните. Првите живеат претежно на далечниот север, а другите низ среден Сибир, вклучувајќи го и Тајмир. Нгасаните Живеат претежно во Уст-Авам, Волачанка и Новаја во Тајмирскиот долгано-ненецки реон на Краснојарскиот крај, а помалубројни се во градовите Дудинка и Нориљск.Ziker Поради нивната оддалеченост, кај Нгасаните сè уште е зачуван шаманизмот како верско и културно обележје.Hoppál 2005
Стопанство На подрачјето на Тајмир е застапено рударството, особено со претпријатија како „Нориљски никел“ кое топи руда кај Нориљск. Полупреработената никелова руда и другите производи се превезуваат по кратка железница до пристаништниот град Дудинка на реката Енисеј, а оттаму се испорачуваат во Мурманск и други места по бродски пат.
Екологија
Тајмир е последното изворно живеалиште на мошусното говедо вон Северна Америка. Сегашното население е повратено во 1975 г., цели 2.000 години по неговото изумирање во Русија.Science Daily Во 2002 г. се забележани 2.500 единки, кои веќе во 2010 г. нараснале на 6.500
Клима Брегот на Тајмир е замрзнат најголем дел од годината, обично меѓу септември и јуни. Летото е кратко, особено на бреговите на Лаптевското Море на североисток. Климата во внатрешноста на полуостровот е континентална. Зимите се сурови, со чести веавици и крајно ниски температури. Временските прилики на северот на полуостровот можат да се согледаат по следниве податоци за ’ртот Чељускин.
Поврзано Северна Земја
Наводи
Литература (The title means “Shamans in Eurasia”, the book is written in Hungarian, but it is published also in German, Estonian and Finnish: Site of publisher with short description on the book (in Hungarian) .)
Надворешни врски
Полуостров на студот — напис за Тајмир во „Вокруг света“ Природата на Тајмир
Категорија:Полуострови во Русија Категорија:Северна Земја Категорија:Краснојарски крај Категорија:Карско Море Категорија:Лаптевско Море