Ова е само крај на светот (француски: Juste la fin du monde) — француски филм од 2016 година, во режија на Ксавие Долан. Главните улоги ги играат: Гаспар Улиел, Натали Бае, Венсан Касел, Марион Котијар и Леа Сејду. Филмот бил номиниран за наградата „Златна палма“ на Канскиот фестивал, каде режисерот ги добил главната награда на жирито и наградата на екуменското жири.IMBd, It's Only the End of the World (2016), Awards (пристапено на 20.11.2016)
Содржина Драмскиот писател Луј (го игра) е смртно болен и затоа ги посетува своите најблиски, со кои не се видел 12 години. Во домот, сите се нервозни и се караат меѓу себе, а особено е непријателски настроен неговиот постар брат Антоан (го игра Касел). Единствено, жената на Антоан, Катарина (ја игра Котијар) делува мирно и пристојно се однесува кон него. Луј планира да им каже за својата болест, но Антоан набрзина го присилува да замине, лажејќи дека Луј има неодложен состанок. Мајката (ја игра Бае) и сестрата Сузан (ја игра Сејду) на Луј не веруваат и започнува остра кавга меѓу нив и Антоан, но Луј ја напушта куќата без да ја каже вистината.IMBd, It's Only the End of the World (2016) (пристапено на 20.11.2016)
Наводи
Категорија:Француски филмови Категорија:Филмови од 2016 година Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови на Ксавие Долан Категорија:Филмови со Леа Сејду Категорија:Филмови со Гаспар Улиел Категорија:Филмови со Марион Котијар