Марвин Геј (роден на , починат на ), роден како Марвин Пенц Геј Џуниор, бил американски пејач-текстописец и музичар. Геј помогнал во создавањето на Мотаун Рекордс во 1960-тите со низа хитови вклучувајќи ги: „How Sweet It Is (To Be Loved By You)“ и „I Heard It Through the Grapevine“ и песните испеани во дует со Мери Велс и Тами Терел, а дури подоцна ги доби титулите „Принцот на Мотаун“ и „Принцот на Соул“. За време на седумдесеттите години, Марвин ги сними концептуалните албуми What's Going On и Let's Get It On и со тоа стана еден од првите пејачи во Мотаун да се отцепи од уздите на неговата продуцентска куќа. Подоцнежните песни на Марвин влијаеја на повеќе РНБ поджанрови како што се „quiet storm“ и нео-соул. По периодот на даночен егзил во Европа во осумдесеттите, Геј го издаде хитот „Sexual Healing“ со кој зема и Греми награда во 1982 година, како и албумот наречен „The Midnight Love“. По неговата смрт во 1984 година, на Геј му направија посмртна чест во многу институции вклучувајќи ги и Греми наградата за животно дело и Куќата на Славните на Рокенролот.
Ран живот
мини|десно|Соседството Колумбија Хајтс во Вашингтон, каде Марвин Геј го завршил средното училиште
Геј е роден во Вашингтон; татко му бил Марвин Геј, Синиор кој бил поп и мајка му била Алберта Геј која била домаќинка. Најпрво Геј пораснал во куќа која се наоѓа на улица “First Street SW бр. 1617, само на неколку блока од реката Анакостиа. Соседството на улицата “First Street„ беше наречена “Едноставен град„ поради тоа што било “пола-град, пола-држава„. Кога Геј бил тинејџер, неговото семејство се преселило во делот на Динвуд во североисточниот дел на Вашингтон. Геј имал пет браќа и сестри, меѓу кои сестрите Џин и Зиола и браќата Мајкл Купер, Френки Геј и Антвон Геј. Мајкл Купер било дете од претходната врска на неговата мајка, додека пак Антвон е роден од една од вонбрачните врски на неговиот татко.
Геј почнал да пее во црква кога имал четири години и бил придружуван од неговиот татко на пијано. Додека растеле, семејството Геј било дел од Пентекосталната црковна секта позната како “Куќата на Господ„. “Куќата на Господ„ ги семала учењата од Еврејскиот Пентекостализмот, којшто се залагал за строго однесување и почитување и на Стариот и на Новиот завет. Геј покажал њубов за пеење уште од своите рани години и бил охрабруван да проследи професионална музичка кариера откако настапил во една училиштна претстава. Домашниот живот на Геј се содржел од брутални мавања од неговиот татко, којшто го мавал за било што. Кога бил мал, Марвин го опишал живеењето со неговиот татко “како да живееш со крал, многу чуден, променлив, суров и семоќен крал„. Тој подоцна изјавил дека ако мајка му не го охрабрувала да пее, најверојатно ќе се самоубиел. Подоцна, неговата сестра објаснила дека Марвин бил често тепан од своите седум години па сè до тинејџерските години.
Марвин одел во средното училиште “Cardozo High School„ и се приклучил во повеќе ду-вуп вокални групи, вклучувајќи ги Диперс и Ди Си Тоунс. Врската на Марвин со неговиот татко се влошила во неговите тинејџерски години кога татко му го бркал од куќата за нешто што тој го сметал како лошо однесување. Во една караница во којашто му се спротивставивал на татко му, младиот Марвин си отишол засекогаш од куќата и се отпижал од училиште. Следејќи го својот сон да биде пилот, 17 годишниот Марвин се запишал во Американското воено воздухопловство како “Basic Airman„. Разочаран што требало да врши многу прости и обични работи, се преправал де е ментално болен и бил отпуштен кратко потоа. Наредникот на Геј изјавил дека Марвин одбил да ги следи наредбите.
Кариера Рана кариера
Откако се врати во Вашингтон, Марвин и неговиот најдобар пријател Риз Палмер, формирале вокален квартет – “the Marquees„. Кратко по настапите во околината на Вашингтон, бендот почнал да работи со музичарот Бо Дидли, којшто ги потпиша во продуцентската куќа “Колумбија„, подружница на куќата “Оке Рекордс„, откако не успеал да го потпише бендот во неговата продуцентска куќа “Чес„. “The Marquees„ издадоа два синглови со продуцентската куќа Оке, вклучувајќи го и "Wyatt Earp" којшто не успеа да се пласира на топ-листите. Во овој ран период, Марвин започна да компонира песни и да ја пишува својата прва песна “Barbara „.Геј на кратко работел и како мијач на садови, работа којашто ја сметал како омаловажувачка. Харви Фука, соосновачот на “The Moonglows„ ги потпиша “the Marquees„ како негови работници. Под наредба на Фука, групата го смени името во “Harvey and the Moonglows„, преместувајќи ги во Чикаго. Бендот сними повеќе песни за “Чес„ во 1959 г. вклучувајќи ја и песната "Mama Loochie" којашто беше првата песна на која Марвин беше водачки вокал. Бендот најде работа како студиски пејачи за пејачите на “Чес„ како што се Чак Бери, пеејќи на хитовите на Бери "Back in the U.S.A." и "Almost Grown". Откако се распадна бендот во 1960 г., Марвин се пресели со Фука во Детроит каде што Фука започна да работи со текстописецот Гвен Горди, работејќи за продуцентската куќа на Горди – Анна Рекордс. Дејвид Рафин подоцна изјавува во едно интервју дека Геј работел со Анна Рекордс и како чистач и како некој што складира работи. За време на божиќните празници во 1960 г., Марвин настапи во куќата на директорот на Мотаун, Бери Горди. Импресиониран од пејачот, тој побарал дел од договорот на Фука со Геј. Фука се согласил да продаде дел од својата камата од неговиот договор со Геј, давајќи му 50% од каматата на Горди. Кратко потоа, Геј потпиша со подружницата на Мотаун, Тамла Рекордс.
Први снимени песни и почетен успех Марвин на почеток се помири со студиска работа во неговите рани Мотаун години, свирејќи на тапани за првите снимања на Тамла Рекордс за “The Marvelettes„, “The Miracles„ и “Little Stevie Wonder„. Тој исто така свирел и на тапани кога снимале “The Spinners„, коишто всушност снимале за продуцентската куќа на Фука Три-Фај. На почеток, Марвин сакал да следи кариера како изведувач на џез и стандард музика, и немал никаква желба да стане РНБ изведуваач. Инспириран од Пери Комо и Френк Синатра, Геј кажал дека не би сакал да се впушти во “тресењето задници„ на сцена и дека попрво би седел на столче и би пеел тивко. Според Дејвид Риц, Марвин бил зафркаван за неговото презиме. Некои луѓе со потсмев прашувале, “Дали Марвин е Геј?„. Па така Марвин и Мотаун додале едно “е„ (Gaye) на неговото презиме пред да го издадат неговиот прв сингл и албум. Ова го направиле за да ги стишат озборувањата за неговата сексуална ориентација и уште толку да го дистанцираат од неговиот татко и имењак. По ова, Геј го издал неговиот прв албум “The Soulful Moods of Marvin Gayе„ во јуни 1961 г. Албумот не успеал да се пласира на топ-листите, како ни неговиот прв сингл "Let Your Conscience Be Your Guide".
По овие неуспеси, Геј го поминал остатокот од 1961 г. со плата од 5 американски долари (или 38 американски долари во 2013 г.) за тоа што чукал на тапани за “the Miracles„ и за блуз пејачот “Jimmy Reed„.
Во 1962 г. Геј помогнал во пишувањето на хитот на “the Marvelettes„ - "Beechwood 4-5789". Истата таа година, во септември, првиот хит наречен "Stubborn Kind of Fellow" на Марвин што успеа да се пласира на топ-листите се искачи во топ-десет на топ-листата РНБ хит. Првиот негов топ-40 хит дојде на крајот на таа година - "Hitch Hike". Овие рани хитови беа проследени од "Pride and Joy", "Can I Get a Witness" и "You Are a Wonderful One". Во 1964 г., Геј започна да снима дуети со Мери Велс, издавајќи го албумот “Together„ којшто успеа да се пласира на топ-листите и на којшто се наоѓа хит баладата "Once Upon a Time". Истата година, Геј придонесе и како заден вокал, тапани и компонирање за песната на Martha and the Vandellas "Dancing in the Street". Успехот на Геј се прошири следната година со топ-десет сингловите "How Sweet It Is (To Be Loved By You)", "I'll Be Doggone" и "Ain't That Peculiar". Последните два синглови станаа неговите први РНБ синглови број 1. Подоцна во 1966 г., Геј имаше уште еден хит дует со Ким Вестон, на песнта "It Takes Two".
Успех со Тами Терел и “I Heard It Through the Grapevine„
Во 1967 г., Геј започна да работи со пејачката Тами Терел. Хитовите на дуетот ги вклучуваа: "Ain't No Mountain High Enough", "Ain't Nothing Like the Real Thing" и "You're All I Need to Get By" а повеќето од овие хитови беа компонирани од Ешфорд и Симпсон. Во октомври таагодина, Терел колабораше во раците на Геј за време на заеднички настап во Фармвил, Вирџинија. Терел беше веднаш пренесена во болницата “Farmville's Southside Community Hospital„ каде што докторите открија дека има злоќуден тумор во нејзиниот мозок.
Ракот и ја прекина кариерата на Терел како изведувач во живо, но таа сепак продолжи да снима музика под внимателен надзор. Болеста на Терел подоцна ја доведе до повеќе операции за отстранување на туморот. Наводно, Геј бил уништен од болеста на Терел и станал разочаран од студискиот музички бизнис. Во октомври 1968 г., песната "I Heard It Through the Grapevine" на Марвин беше издадена и стана првата песна на Геј што успеа да се искачи на првото место на топ-листата Билборд Хот 100, а исто така го достигна врвот и на топ-листите во други држави, со продадени над милион копии. Сепак, Геј се чувствувал како да “не го заслужува„ тој успех и дека “се чувствувал како да бил играчка – играчка на Бери, играчка на Анна...„. Геј го продолжи својот успех со песни како што се "Too Busy Thinking About My Baby" и "That's the Way Love Is", коишто се пласираа во топ-десет на топ-листата Билборд Хот 100 во 1969 г. Таа година, неговиот албум “M.P.G.„ стана неговиот прв РНБ албум на место број еден. Геј продуцираше и ко-напиша два хита за “The Originals„: "Baby I'm For Real" и "The Bells".
На 16 март 1970 г., Тами Терел подлегна на рак на мозокот. Геј липаше на нејзиниот погреб. По ова, Геј се повлече на подолго време од музичката кариера. По периодот на депресија, Геј бараше работа во професионалниот фудбалски тим, Детроит (Лавовите на Детроит), каде што подоцна се спријатели со Мел Фар и Лем Барни. На крајот се одлучи дека нема да му дозволам на Геј да проба да работи таму заради можни повреди коишто би му ја уништиле музичката кариера.
What's Going On и подоцнежен успех
На 10 јуни 1970 г., Геј се врати во Хитсвил САД (првото седиште на Мотаун) каде што ја сними својата нова песна "What's Going On", инспирирана од една идеја на Реналдо “Оби„ Бенсон од групата “Four Tops„ откако бил сведок на еден чин на полициска бртулност на еден анти-воен протест во Беркли. Подоцна, Геј му ја пуштил завршената песна на Бери Гордон, и тој забранил да се издаде врз основа на неговите верувања дека песната била “многу политичка„ за на радио за во тоа време. На тоа Геј одговори со штајк од студиото сè додека Мотаун не ја издаде песната. Конечно беше издадена во јануари 1971 година и за брзо време се искачи на место број 1 на РнБ топ-листата и таму остана пет недели, исто така се искачи и на второто место на Билборд поп топ-листата како и на топ-листата Светски Рекорд. Исто така беше и број еден на Кешбокс поп топ-листата, и имаше продадено над два милиона копии.