Фејсбук е друштвено мрежно место основано во 2004 година.

Општи одлики

Кредити

Фејсбук кредитите се виртуелна валута што корисниците ја користат за да купуваат подароци, и виртуелни добра во многу игри и апликации на платформата на Фејсбук. Од јули 2010 година, корисниците на Фејсбук можат да ги купат Фејсбук кредитите во Австралиски долари, Британски фунти, Канадски долари, Чилеански песози, Колумбијски пезоси, Данска круна, Евро, Хонгконг доларите, Јапонски јен, Норвешка круна, Шведска круна, Швајцарски франк, Турска лира, Американските долари, и Венецуелски буливар. Фејсбук кредитите може да се користат на многу популарни игри како што се Среќен Аквариум(Happy Aquarium). Среќен Остров (Happy Island), Рајска Зоолошка(Zoo Paradise), Среќни миленици(Happy Pets), Hello City, It Girl, FarmVille, и Mafia Wars.

Карактеристични телефони

Како што е веќе споменето, иако исто како другите апликации Фејсбук е присутен на паметните телефони(smartphones), исто така е присутен и за другите карактеристични телефони. Како што кажа компанијата дека карактеристичните телефони доминираат на Американските пазари за мобилни телефони, оттука беше направена аликација специјално за таа цел.Facebook App for feature phones Review at Axetue

Пријател

Спријателување"Friending" со некого е праќање на друг корисник покана за пријателство на Фејсбук. Еднаш пратена понудата за пријателство, двајцата луѓе се пријатели на Фејсбук веднаш кога страната која ја добила понудата за пријателство ја прифати. При прифаќање на понудата, корисникот има опција да ја одбие или да ја скрие со функцијата „Не сега“(Not Now). Бришењето на понудата за пријателство ја отстранува истата, но секако му овозможува на испраќачот повторно да ја прати во иднина. Функцијата „Не сега“ (Not Now) ја крие понудата но не ја брише, дозволувајќи му на примачот повторно да ја погледне подоцна.

Исто така е можно еден корисник да отстрани од пријатели друг, познато како „отстрани за пријател“(unfriending) од Фејсбук. Многу корисници на Фејсбук исто така го нарекуваат „de-friending“. „Отстрани за пријател“ беше зборот на годината во “New Oxford American Dictionary“во 2009."Unfriend" is Oxford Dictionary's Word of the Year mashable.com 2009/11/16 Фејсбук не го известува корисникот дали бил отстранет од пријатели, но постојат скрипти што го овозможуваат тоа. Исто така постои едно истражување за тоа зашто корисниците на Фејсбук се отстрануваат едни со други од пријатели: недостиг на сличности, посебно меѓу возрасти, и малку заеднички пријатели беа доминантните фактори поврзани со отстранувањето пријатели, сите тие го одразуваат намалувањето на светските физички врски.

Профилите на Фејсбук исто така имаат напредни одлики за приватност за да ја ограничат содржината за неколку корисници, на пр. луѓе што не се пријатели или личности на некоја посебна листа.

Барање на графикон

Моментално во бета, барањето графикон на Фејсбук им овозможува на корисниците да бараат во рамките на нивната мрежа на пријатели одговори на природни прашања како, „Филмови што им се допаѓаат на моите пријатели коишто го сакаат „Хобитот“ “ и да добиваат директни одговори, наместо список на мрежни места што пребарувачите обично ги даваат.

IPv6

Според извештајот во јуни 2010 од Network World, Фејсбук кажа дека нуди „експериментална- непродуктивна“ поддршка за IPv6, долгоочекуваната надградба на главниот протокол за комуникации на Интернет. Вестите за IPv6 поддршката на Фејсбук беа очекувани; Фејсбук го извести Network World во февруари 2010, дека се планира да се поддржи мајчините барања на IPv6 корисникот „до средината на овааа година“.

На една презентација на конференцијата за реализаторите на Гугл IPv6, инженерите на мрежата на Фејсбук соопштија дека било„лесно да се направи страната пристапна на v6“. Фејсбук соопшти употребува двоен стак IPv4 и IPv6 поддршка за насочувачите, и дека ништо нема да смени за главните компјутери за да поддржуваат IPv6. Фејсбук исто така соопшти дека подджува развиениот херметички механизам познат како Локатор/Идентификатор Протокол за Одвојување (Locator/Identifier Separation Protocol) (LISP), што ги разделува Интернет адресата од крајната точна на препознавачите за подобрување на приспособливоста на употребата на IPv6. „Фејсбук е првото големо мрежно место на LISP (v4 и v6)“, изјавија Фејсбук инженерите за време на нивната презентација. Фејсбук соопшти дека користењето на LISP им овозможи да ги распоредат услугите на IPv6 побрзо без дополнителен трошок. Услугите IPv6 на Фејсбук се достапни на www.v6.facebook.com m.v6.facebook.com, www.lisp6.facebook.com и m.lisp6.facebook.com.

Слушање со пријатели

Опцијата „слушање со пријатели“ им овозможува на корисниците на Фејсбук да слушаат музика и да разговараат за песните користејќи го Фејсбук муабетењето со пријатели во исто време. Корисниците можат исто така да слушаат во група додека еден од нив се прави диџеј.Една иста песна може да ја слушаат до 50 пријатели во исто време и да разговараат за неа. Секогаш кога некој корисник почнува да слуша музика со пријател, еден вид на приказна ќе биде објавена на тикерот на нејзиниот/неговиот пријател и/или во новости. Корисниците ќе можат да управуваат со тоа кој ќе може да види што слушаат со пријател преку нивната страница за нагодување на апликации по инсталирањето на соодветна музичка апликација.<ref></ref>

Фејсбук во живо

На 13 август 2010, Фејсбук лансираше нова услуга наречена „Фејсбук во живо“, видео канал за проследување во живо што е наменет за да ги одржи корисниците на Фејсбук ажурирани за она што се случува на страницата за социјално вмрежување. Услугата, поддржана од „Livestream“, ќе прикажува видеа од вработените на Фејсбук и интервјуа на славните, но не е направена за корисниците на Фејсбук да ги покажуваат своите видеа. Целата содржина прикажана на Фејсбук во живо ќе има некаква врска со производите на Фејсбук, одлики, или како луѓето ја користат страницата. FФејсбук соопшти дека ова не е влез во просторот на дистрибуција на видео. Првиот официјален гостин беше Америка Ферера, главната глумица во телевизиската серија Грдата Бети. Таа дискутираше за нејзиниот нов независен филм „Сувата земја“( „The Dry Land“, што беше промовиран речиси исклучиво преку социјалните медиумски канали.

Ми се допаѓа

Опишан од Фејсбук како начин “да се даде позитивна повратна информација и да се поврзете со нешта што ве интересираат“, корисниците можат да стистат „ми се допаѓа“ на ажурирани статуси, коментари, фотографии и врски објавени од нивните пријатели, како и реклами, со притискање на копчето „ми се допаѓа“ на дното на содржината. TОва прави содржината да се појави во Новостикај нивните пријатели.

Копчето „ми се допаѓа“ е исто така достапно за употреба на мрежните места надвор од Фејсбук: „Кога корисникот го притиска копчето „ми се допаѓа“ на некоја страница, приказната се појавува во новости кај пријателите на корисникот со врска назад до мрежното место“. Во исто време, кога кој било посетител, вклучувајќи ги оние што не се членови на Фејсбук и одјавени корисници, ќе посети некоја страница со копче „ми се допаѓа“, нивното присуство на страницата е евиндентирано од Фејсбук. Воведено во април 2010, до септември 2010 над 350,000 страници го инсталирале. Исто така постои „ми се допаѓа кутија“(Like Box) којашто им овозможува на сопствениците на Фејсбук страницата да видат на колку корисници и кои од нивните пријатели им се допаѓа страницата. Од крајот на 2010 година и во Америка, Мајкрософт Бинг пребарувачот(Microsoft's Bing search engine) утврдува на кои врски во резултатите било стиснато копчето „ми се допаѓа“ од пријателите на пребарувачот на Фејсбук.

Во 2010, во Лос Анџелес беше поднесена тужба тврдејќи дека Фејсбук не треба да им дозволува на малолетните да го стискаат копчето „ми се допаѓа“ на рекламирањето; Фејсбук изјави дека тужбата е„целосно неоснована“. Бидејќи мрежните места со копче „ми се допаѓа“ праќаат информации за ИП(IP) адресата на сите посетители до Фејсбук, германската држава Шлезвиг-Холштајн изјави во август 2011 година дека копчето ги нарушува германските закони за заштита и дека федералните агенции треба да ги итстранат копчињата и слични социјални додатоци од нивните мрежни места. Комесарот за приватност на Канада покрена слична загриженост во 2010. Врските „ми се допаѓа“ (Like) се подложни на киднапирање, еден вид на киднапирање со кликање што покажува дека корисниците стинале „ми се допаѓа“ на содржина за која што немале намера. Еден израелски пар го крсти своето дете „Ми се допаѓа“ (Like) по одликата на Фејсбук во 2011 година.

Во август,2011, Гугл го поврза нивното копче +1 на Гугл Плус tкако конкуренција на копчето „ми се допаѓа“ на Фејсбук.

Пораки и пошта

Од основањето на мрежното место, дозволено е корисниците да испраќаат пораки едни на други.http://www.facebook.com/help/?page=406 Еден Фејсбук корисник може да испрати порака на неограничен број нејзини/негови пријатели во исто време. Бришењето на порака од поштата на едниот не ја брише од поштата на другиот корисник, со што му се оневозможува на испраќачот повторно да ја создава пораката испратена од него или неа.

На 15 ноември 2010, Фејсбук најави нова услуга „Фејсбук пораки“ (Facebook Messages). На еден медиумски настан тој ден, извршниот директор Марк Зукерберг изјави, „Точно е дека луѓето ќе може да имаат @facebook.com е-мејл адреси, но тоа не е електронска пошта“. Започнувањето на една ваква одлика беше предвидено некое време пред објавувањето, со тоа што некои ја нарекувале "Gmail убиец". Системот ги сврзува праќањето порака со текст, моменталните пораки, електронските пошти, и редовните пораки, и ќе вклучува поставки за приватност слични на другите услуги на Фејсбук за да биде достапен за сите корисници на мрежното место. Лица на расположение Еднаш, влегувајќи во кодот Конами Konami Code проследен со Ентер (Enter) на почетната страна предизвика со кликање, пишување или лизгање да се појавуваат низа од блескави кругови. Муебетењето на фејсбук(Facebook chat) поддржува некои необични емоции, како (^ ^ ^) за ајкула. Прашување „како е бебето направено?“ со одликите за прашања објавени на 23 сепмември, 2010 година ќе го рикролне корисникот (Rickroll the user). Еден корисник може да го смени неговиот/нејзиниот јазик на Лит Спик Leet Speak, Јазикот на пиратите(Pirate Language), и превртен англиски јазик(upside down English). Внесувањето @[x:y] го разложува името на корисникот, каде што x е позитивен цел број и y е 0 или 1. На пример @[4:0] се разложува на „Марк Зукенберг“. Мрежи, групи, и страници

Мрежи, групи Фејсбук им овозможува на корисниците да се придружат на различни мрежи и групи. Ова во суштина е еквивалент на управување на блог за администраторите. Сепак овие блогови дозволуваат неколку додатни управувања. На пример ова овозможува поставки за приватност врз основа на мрежи. Групите се користат за дискусии, настани, и сл. и се начин на овозможување голем број на луѓе да бидат онлајн на интернет за да споделуваат информации и да разговараат на определени теми. Тие се најмногу користени од клубови, друштва и организации од јавниот сектор за да се вклучат со акционерите, да бидат тие членови на јавноста, вработени, членови, корисниците на услуги, акционерите или клиенти. Една група вклучува но не е ограничена на следново: на членовите кои се зачлениле, последните вести, ѕид содржината, слики, испратени артикли, видео и сите поврзани коментари околу таквите предмети. Во оваа смисла, групите се слични на Фејсбук страниците (подолу), но содржат различен сет на функции. Корисниците на Фејсбук не може да се приклучат на повеќе од 300 групи.