Девојка или девојче (помладо) — кое било женско суштество од раѓање кое минува низ детство и адолесценција сè до достигнување на зрелоста, кога таа станува жена. Терминот може да означува и млада жена.

Употребата на зборот во контекст за возрасни Понекогаш, зборот девојка се однесува на возрасно женско лице. Оваа употреба во професионален или друг формален контекст се смета за навредлива или неучтива, како што се смета за навредлив и терминот момче кога со него се укажува на некој возрасен човек. Оттука, оваа употреба често се осудува. Исто така, се осудува и употребата на зборот девојка, кога се користи при дискриминација на децата (,,ти си само девојче”).

Вообичаено, зборот се употребува во позитивна смисла, за што сведочи и неговата употреба во насловите на песните од поп-музиката. На шега, се користи за луѓе кои имаат удел во енергичната мода (канадската пејачка Нели Фуртадо со „Неморална девојка“) или како начин на обединување на жените од различна возраст врз основа на тоа дека некогаш биле девојки (американската кантри пејачка Мартина Мекбрајд со „Ова е за девојките“). Овие употреби на зборот во позитивна смисла, се однесуваат повеќе на родот одошто на годините.

Демографска статистика

Незначително повеќе момчиња се раѓаат од девојчиња ( во Велика Британија, овој сооднос е 105 момчиња родени на секои 100 девојчиња), но помалку веројатно е за девојчињата да умираат од момчињата, во текот на детството, па така соодносот е 104 момчиња на секои 100 девојчиња, на возраст над 15 години.in-gender.com, The Odds of Having a Boy or a Girl , retrieved 8 January 2009 Од 18- век, кај луѓето се забележува полов сооднос со околу 1.050 момчиња родени на секои 1.000 девојчиња и полова селекција, од страна на родителите понатаму го намалува раѓањето на женски деца. Иако, уште од антички времиња патријархалните верувања воделе до убивање на женски новороденчиња, тоа останало постојана практика во некои региони од светот денес.

Ова, особено претставува значаен проблем во Индија и Кина. Извештајот на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) покажува дека овие практики, во комбинација со занемарување, резултирале со најмалку 60 милиони ,,исчезнати’’девојчиња во Азија. Голем број на возрасни жени недостасуваат од населението на некои региони, како резултат на убивањето на женските новороденчиња во текот на последните децении. Податоците од пописот на населението покажуваат дека проблемот се влошува. Општо земено во Индија, до 2011 година, има нешто повеќе од 9 девојчиња на секои 10 момчиња, на возраст помала од 6 години. Пописот на населението од 2011 година покажува дека соодносот меѓу девојчињата и момчињата на возраст помала од 6 години, се намалил дури во текот на претходната декада, од 927 девојчиња на секои 1000 момчиња во 2001 година на 918 девојчиња на секои 1000 момчиња во 2011 година. Соодносот во државата Махараштра е 883 девојчиња, додека на Сатара е дури и понизок соодносот со 881. На болниците во Индија им е забрането да го откриваат полот на нероден фетус, со цел да ги спречат абортусите иницирани од половата ориентација, иако доказите укажуваат на тоа дека таа информација често се открива. Стивен Мошер, претседател на Институтот за истражување на населението во Вашингтон, вели : ,, Дваесет и пет милиони мажи во Кина, во моментов, не можат да си најдат невести, поради недостатокот на жени […] млади мажи емигрираат во странство да си најдат невести.” Родовата неурамнотеженост во овие региони е исто така е виновна за поттикнување на растот во трговијата на половата размена; извештајот на Обединетите нации од 2005 година, наведува дека секоја година, до 800. 000 луѓе се тргувани преку границите, и дека дури до 80 проценти од нив се жени и девојчиња.

Биологија Девојките ги развиваат женските одлики со наследување на два X хромозоми (XX), по еден од секој родител.Ambiguous genitalia retrieved 3 February 2012 Приближно една од илјада девојки има хромозомски кариотип од 47, XXX , и една од 2500 има 45, X. Девојките обично имаат женски репродуктивен систем. Некои интерсексуалци со двосмислени гениталии и транссексуалци, може да се класифицираат или самите да се идентификуваат како девојки.Ethics And Intersex Sharon E. Sytsma

Родот и животната средина

Биолошкиот пол се поврзува со животната средина, на начини кои не се сосема разбирливи. Идентични близначки, раздвоени уште при раѓање и споени неколку децении подоцна, покажале изненадувачки сличности и разлики. Во 2005 година Ким Волен од Универзитетот Емори, истакнала: „Мислам дека прашањето 'природа наспроти одгледување' не е значајно, затоа што ги третира нив како независни фактори, а всушност се е во природата и одгледувањето.“ Волен вели дека половите разлики се појавуваат многу рано и се случуваат преку основните предности кои ги имаат мажите и жените за нивните избрани активности.

Образование за девојки

Еднаквиот пристап до образование за девојки е постигнат во некои држави, но постојат значајни разлики во повеќето од нив. Има празнини во пристапот помеѓу различните региони и држави, па дури и во рамките на самите држави. Девојките сочинуваат околу 60 проценти од децата кои не одат на училиште во Арапските земји и 66 проценти од оние што отсуствуваат во Јужна и Западна Азија; сепак, повеќе девојки одошто момчиња се школуваат во голем број земји од Латинска Америка, Карибите, Северна Америка и Западна Европа. Истражувањата ги измериле економските трошоци на оваа нееднаквост во развиените земји: Анализата спроведена на меѓународно ниво, од страна на невладината организација ,,План” покажува дека вкупно 65 земји со низок или среден приход, или пак, се во транзиција, не успеале да им ги понудат на девојките истите можности за средно училиште како на момчињата, па севкупно, овие земји пропуштаат годишен економски пораст од околу 92 милијарди долари.

Иако Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права потврдува дека ,, основното образование треба да биде задожително и бесплатно за сите” помалку е веројатно девојките да се запишуваат како ученици во основните и средните училишта (70% : 74% и 59% : 65%). Во светот се направиле напори за да се стави крај на оваа несразмерност ( како преку Милениумските развојни цели) па така празнината се затворила уште од 1990 година.The State of the World's Children 2004 - Girls, Education and Development , UNICEF, 2004

Образовната средина и очекувањата

Според Ким Волен, очекувањата сепак ќе играат улога во тоа како девојките ги извршуваат своите академски должности. На пример, ако на жените вешти во математика им се каже дека еден тест е ,, полово неутрален ”, тие постигаат високи резултати, но доколку им се каже дека мажите ги надминувале жените во минатото, тие би поминале многу полошо. ,, Што е чудно, ” Волен забележува, ,,според истражувањето, очигледно сè што треба да направите е да и кажете на некоја жена на која не и оди со математиката , дека тестот е полово неутрален , па така сите ефекти од социјализацијата ќе ги снема. ” Авторката Џудит Харис вели дека покрај нивниот генетски придонес, воспитувањето од страна на родителите, има пократкотрајно влијание врз нивните потомци за разлика од други аспекти на средината, како што се групите на деца на иста возраст.

Во Англија, студиите спроведени од страна на добротворната организација за Национална писменост (National Literacy Trust), покажуваат дека девојчињата постојано освојуваат подобри резултати во сите образовни подрачја, за разлика од момчињата на возраст од 7 до 16 години, со зачудувачки разлики забележани при вештините за читање и пишување. Историски, во Соединетите Американски Држави, девојките заостанувале на стандардизираните тестови. Во 1996 година, просечниот резултат од вербалниот Са расудување тест ( SAT ) на 503 девојки од сите раси во САД, бил за 4 бода понизок од оној на момчињата. Во областа на математиката, просечниот резултат на девојчињата бил 492, што е за 35 бода понизок од оној на момчињата. ,, Кога девојките ги посетуваат истите курсеви, ” коментира Вејн Камара, научен истражувач при одборот на Колеџот, ,, таа празнина од 35 бода прилично се губи. ” Во тоа време, Лесли Р. Волф , претседател на Центарот за женски политички студии, вели дека девојчињата постигнале други резултати на тестовите по математика затоа што тие настојуваат да го решат проблемот, додека момчињата ги користат ,, триковите при тестирање” како што е непосредното проверување на одговорите, кои се веќе дадени во прашањата со неколку алтернативни одговори. Волф вели дека девојчињата се сигурни и темелни, додека ,, момчињата го играат овој тест како флипер.” Волф исто така вели дека иако девојките имале полоши резултати на Са расудување тестот, тие постојано добиваат повисоки оценки од момчињата, во текот на сите курсеви во првата година од колеџот. До 2006 година, девојчињата ги надминувале момчињата со 11 бода, на усниот дел од испитот кој се одржал на национално ниво во САД. Едно истражување од 2005 година, спроведено од Унивезитетот во Чикаго, покажува дека побројното присуство на девојки во училницата ги подобрува академските резултати на момчињата.

Меѓународни иницијативи за правата на девојките

Конвенцијата на Обединетите нациии за правата на детето (1988 година) и Милениумските развојни цели (2000 година), промовирале подобар пристап до образованието за сите девојчиња и момчиња, како и начин за да се отстранат половите разлики на основно и на секундарно ниво. Секаде во светот, уписите во училиштата и стапката на писменост за девојчиња постојано се зголемуваат. Во 2005 година, стапката на запишување на девојчиња во основните училишта на глобално ниво изнесувала 85 проценти, за разлика од пред 15 години кога истата изнесувала 78 проценти; запишувањето на девојчињата во средните училишта се зголемило за 10 отсто, што достигнало и до 57 проценти во текот на истиот период.

Голем број на меѓународни невладини организации создале програми, коишто се фокусираат на решавање на нееднаквостите при пристапот на девојките кон потребите како што се храната, грижата за здравјето и образованието. Невладината организација ,,Кампања за образование на жените” ( CAMFED- Campaign for Female Education), претставува организација која е активна во обезбедување на образование за девојчиња во под- сахарска Африка. Меѓународната кампања на хуманитарната организација ПЛАН (англ.PLAN) ,, Затоа што сум девојче” е значаен пример за таквите иницијативи. Истражувањето на организацијата ,,ПЛАН” покажува дека образованите девојчиња може да имаат моќен домино-ефект, кој води до пораст на економијата на нивните градови и села; обезбедувањето пристап до образованието на девојчињата го подобрува и разбирањето на општеството за здравствените прашања, намалувањето на ХИВ стапката, зголемување на свеста за исхрана, намалување на стапката на наталитет и подобрување на здравјето кај децата. Истражувањето покажува дека едно девојче кое добило образование: Ќе заработи до 25 проценти повеќе и ќе реинвестира 90 проценти во нејзиното семејство. Шансите да стане ХИВ- позитивна се трипати помали. Ќе има помалку деца, кои ќе бидат поздрави и кои ќе имаат околу 40 проценти поголеми шанси да живеат и по петтата година.