мини|Лого на градска библиотека ``Борка Талески`` -Прилеп.png

Јавната општинска установа (ЈОУ) Градска библиотека „ Борка Талески“ – Прилеп со своето организирано, високостручно и професионално работење претставува жариште на култура во Прилеп, но и пошироко. Денес, во современи услови на библиотечно работење, Библиотеката се стреми да прерасне во културно – информативен центар и со тоа во целост да одговори на потребите и барањата на корисниците. Развоен пат на библиотеката

мини|лево|Книги од Прилепски автори Основањето на Градската библиотека датира од 22 октомври 1945г година. Библиотеката го носи името на народниот херој Борка Талески. Во тоа време била сместена во просториите зад старата Стоковна куќа (НА-МА) и располагала со 1000 книги и неколку изданија на весници. Во овие простории Библиотеката останува до 1949година, а во 1951 година, со отворањето на Домот на културата, Библиотеката влегува во состав на Домот. Во 1955/56 година Библиотеката се одвојува од Домот и со фонд од 1700 книги станува самостојна Градска библиотека. Во 1961 година таа е преместена во куќата на доктор Шајкар. Во овој период, во рамките на Библиотеката работат и две подрачни библиотеки, во Варош и во Тризла, а формирани се и Книговрзница, „ Клуб на млади поети“, „ Клуб на читатели“, „Шаховски клуб“ и др. Во 1971 година формирано е и Роднокрајното одделените. Во 1978 година Библиотеката располага со 28000-30000 библиотечни единици. Во 1978 година пуштена е во употреба и подвижна библиотека и набавен е комби-библиобус опремен си 5000 книги, кој врши посети на 17 села и услужува 800 редовни читатели. Подвижната библиотека успешно ќе работи до крајот на 1989 година. Во 1984 година, Градската библиотека „Борка Талески“ се преместува во посебно крило на Домот на културата „Марко Цепенков“ каде се создаваат услови за работа. Новите простории зафаќаат простор од 1007м2 корисна површина. Во нив е сместен фонд од околу 100 000 книги. Библиотеката има и две читални се околу 100 седишта. Од своето основање до денес, библиотеката претрпе повеќе статусни промени во своето работење, како и промена на називот. Со процесот на децентрализација во културата во 2002/3 година, Библиотеката од март 2004 година премина во надлежност на Локалната самоуправа на Општина Прилеп и го носи називот ЈОУ (Јавна општинска установа) Градска библиотека „ Борка Талески“. Со добивањето на статус на полноправен член во библиотечно-информацискиот систем COBISS-MK, во 2004 година Библиотеката доби можност за активно учество во системот на заемна каталогизација COBISS-MK и користење на програмската поддршка за автоматизација на библиотечните функции. Денес во Библиотеката е овозможено современо автоматизирано библиотечно работење. Постоечкиот фонд ретроактивно се внесува во системот COBISS,а во подготовка е и автоматско зајмување на библиотечниот фонд.

Организациона структура на библиотеката

Организационата поставеност на Градската библиотека „Борка Талески“- Прилеп е во согласност со нејзните надлежности утврдени со Закон,со грпирање на работите и задачите според видот,обемот,сложеноста и нивната меѓусебна сродност и поврзаност. Во контекст на ова, како организациони облици во Библиотеката функционираат повеќе сектори и оддели, а хиерарскиската поставеностт е следнава: Директор Сектор Оддел Работно место Сектори

Сектор за комплетирање на библиотечниот материјал Овој сектор има два оддела: Комплетирање и техничка обработка на библиотечен материјал Меѓубиблиотечна размена на публикации Во овој сектор се врши комплетирање на библиотечниот материјал, континуирана набавка на монографски и периодични публикации и друг непечатен библиотечен материјал ( аудио и видео касети, ЦД-ромови, ДВД, и др.) Комплетирањето на библиотечниот фонд се врши по пат на купување и подарок. Во овој сектор се врши и меѓубиблиотечна размена на публикации, како и примање и распоредување на библиотечниот материјал по вид и јазик. Следење на издавачката продукција, како и остварување на нававната политика се основни услови за опстојување и работа на овој сектор, кој во целост треба да одговара на потребите и барањата на корисниците. Сектор за стручна обработка на монографски и периодични публикации Во овој секотор има три оддели; Стручна обработка на монографски публикации Стручна обработка на детска литература Стручна обработка на периодични публикации Во овој секотор се врши стручна и навремена одбработка на библиотечниот материјал според меѓународни стандарди и правила. Автоматска обработка со користење на програмска поддршка на системот COBISS започнува уште во 2004 година. Континуирано се врши внесување и обработка на библиотечниот фонд и во двата оддела, 50% од вкупниот библиотечен фонд е веќе внесен. Во овој секотор се врши стручна обработка на периодични публикации , кои се обработуваат според стандардите на библиографски опис. Публикациите се вкоричуваат и се сместуваат во магацинскиот простор. Сектор за библиографско – библиотечни инфорамации Оддел – Библиографии Овој оддел е формиран во 1971 година. Во него се истражува, проучува и селектира библиотечната граѓа, која потоа се користи за подготовка на роднокрајна библиографија (тековна, ретроспективна и специјална), се создаваат библиографски записи за оформување на библиографии во локална и взаемна база според меѓународни стандарди, се изготвуваат анотации и се врши содржинска обработка на библиотечниот материјал. Оддел- Информативна служба Информативна служба - во услови на современо библиотечно работење , зголемена е неопходноста од квалитетна и брза информација во библиотеката. Основна задача на информативната служба е унапредување на информативниот систем и информативните помагала во библиотеката. Преку оваа служба корисниците се запознаваат со сите информативни инструменти (каталози , библиографии, тековниот информативен систем на нови набавени наслови и др), како и начинот на нивоното користење. Од 2007 година со отворање на интернет клубот во библиотеката , корисниците можат да се користат и со интернет информации и други услуги.Овие услуги се достапни за сите граѓани на општината. Сектор зајмување и услуга Оддел за зајмување и услуга на возрасни Во одделот за зајмување и услуги за возрасни континуирано се следат интересот и потребите на корисниците, се даваат предлози и сугестии за збогатување на книжевниот фонд според потребите и барањата на читателите и соодветно на тоа се создава набавната политика на библиотеката. Во одделот е во тек подготовка за автоматско позајмување како дел од програмата COBISS 2. Бројот на членови во овој оддел се движи од 1500 до 2000 годишно.Во рамките на одделот е сместен и магацинот за монографски и периодични публикации, во кој се врши доставување на бараната книга од пултот и обратно со помош на лифт. Исто така се следи и средува книжевниот фонд и се вршат помали технички интервенции во општевствените книги. Во магацинот се сместени на 100 000 монографски публикации и над 3 000 периодични публикации. Оддел за зајмување и услуга на деца Одделот за позајмување и услуги на деца располага со 40 000 книги.Застапени се сите литературни изданија од прво до одмо одделение.Исто така одделот располага и со детска белетристика,енциклопедиска литература,сликовници и др. Бројот на членови во просек иснесува од 1300 до 1500 годишно.

Сектор за посебни книжни фондови Оддел за роднокрајна збирка и ракописи Во овој оддел се истражува и комплетира библиотечниот материјал за вклучување на роднокрајниот оддел и се изработува библиографски каталожен опис на монграфски и периодични публикации според меѓународни стандарди. Во рамкита на работата на одделот спаѓаат и активностите за афирмирање на фондот со примена на разни форми како на пример: изложби,литературни средби, разговори, предавања и сл. Овој оддел врши следење на издавачка продукција , со свои сугестии и предлози за комплетирање на фондот во соработка со комисијата за набавна политика. Оддел за дробен печат и рефернтна и раритетна збирка Во овој оддел се истржува и избира библиотечната граѓа и се изработува библиографско- каталожен опис на истата. Оддел за странска литература Во одделот за странска литераура се сместени монографските и периодични публикации и друг вид на некнижна граѓа на странски јазици. Градската библиотека „Борка Талески“- Прилеп соработува со странските амбасади во рамките на таа соработка се отворија неколку катчиња. Така на пример Француското катче е отворено во 1995 година, Геманското во 2002 година, а Италијанското во 2004 година. Овој оддел располага со 2500 монографски и периодични публикации, а во поново време се донираат и аудио ЦД и ДВД изданија, како и други материјали за изучување на странските јазици.

Сектор за унапредување на библиотекарството,популаризација на книгата и односи со јавноста Во овој сектор се врши стручно оспособување и усовршување на библиотечниот кадар и се врши грижа за примена на стандардите и правилата за библиотечно работење. Градската библиотека „Борка Талески“- Прилеп како културно-образовна институција самостојно или во соработка на други институции организира манифестации кои придонесуваат за збогатување на културно-образовниот живот на градот и општината. Преку овие манифестации и активности се врши популаризација на книгата и уметничкото творештво на истакнати творци (поети, писатели, ликовни уметници и др). Сектор за заштита и репрографија на библиотечниот материјал Во современите услови на библиотечното работње кога поинтензивно се користат библиотечните фондови се налага потребата од перманентна грижа, заштита и обнова на бибиотечниот фонд. Во овој сектор се врши подврзување на библиотечниот материјал(броширано,тврдо платнено,шиено,цело платно, обично и др). Се врши и каширање на библиотечниот материјал, а се изработуваат и кутии, папки од сите видови, перформирање на сите видови обрасци и картони и се сече хартија во формат.

Сектор за општи и технички служби Организационо – административен оддел Во прцесот на организирање, планирање и координирање овој сектор има важна улога затоа што се грижи за законитоста во работата на Библиотеката. Во рамките на работата овој оддел е и изготвувањето и дополнувањето на актите согласно со најновите законски прописи. Во доменот на финансиското работење се изготвуваат финансиски програми и планови како и завршна сметка. Овој сектор се грижи и за техничкото уредување, затоплување на просториите и одржување на хигиената.

Читални и други простории

Дигитален клуб За сите свои членови,Градската библиотека „Борка Талески“- Прилеп нуди бесплатно и неограничено користење на компјутери со интернет,печатач и скенер во просториите на дигиталниот клуб.З

Правилник Основната дејност на Градската библиотека „Борка Талески“- Прилеп е да набавува,стручно и по најнови меѓународни стандарди да обработува и според утврдени критериуми да им дава на корисниците на користење библиотечен материјал-монографски и периодични публикации во одделите за возрасни и деца. Членарината трае една година од денот на зачленувањето. Вид членарина Денари Членарина за деца 200 денари Членарина за возрасни 250 денари Повеќе членови од едно семејство-попуст 50 денари За подрачни библиотеки 150 денари Користење на интернет во Дигиталниот клуб 5 денари,1 час Рок на враќање на книгите е десет (10) дена, со можност за продолжување на рокот по претходно најавување од страна на корисникот.Библиотечниот материјал што по утврдени критериуми не се издава надвор од Библиотеката се користи во постојните читални кои се соодветно опремени. За секаков вид информации корисниците можат да се обратат до библиотекарите кои се секогаш спремни да помогнат како побрзо и полесно да се дојде до секаков вид на информација со која располага Градската библиотека „Борка Талески“- Прилеп. Подрачни библиотеки Подрачни библиотеки работаат во селата:Ропотово,Тополчани и Варош Подрачна библиотека во село Ропотово Библиотеката во Ропотово располага со вкупен фонд од 5.500 книги. Подрачна библиотека во село Тополчани