За истоименото село, видете Богомила.

Општина Богомила — поранешна рурална општина во Македонија, создадена во 1996 година, а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена на Општина Чашка. Седиште на општината било селото Богомила.

Територијата на општина се наоѓала во областа Азот. Најголема река во општината била реката Бабуна. Општината се граничела со: Општина Долнени на југ, Општина Македонски Брод и Општина Самоков на запад, Општина Студеничани и Општина Велес на север, Општина Чашка на исток и Општина Извор на југоисток.

Демографија

На пописот од 2002 година, Општина Богомила имала 1.252 жители. Следува табела на националната структура на населението

НационалностВкупно Македонци 1.192 Албанци 45 Турци 4 Роми 0 Власи 0 Срби 5 Бошњаци 0 останати 6 Наводи

Поврзано Општина Чашка Општини во Македонија Богомила Азот

Надворешни врски Официјална страница на Богомила Официјално мрежно место на Општина Чашка

Богомила Богомила Богомила Категорија:Богомила