Трка околу Фландрија () — велосипедска друмска трка, дел од фландриските класици, која се одржува во Белгија на почетокот на пролетта, една недела пред друмската трка Париз-Рубе. Таа е дел од Светската турнеја на UCI и е една од т.н. монументи на европскиот професионален календар. Таа е најважна велосипедска трка во Фландрија. Нејзиниот прекар е „Најдоброто од Фландрија“ (Vlaanderens mooiste).

Историја

Трката околу Фландрија била започната во 1913 од Карел ван Вејненделе, соосновач на спортскиот весник Sportwereld. Во тоа време било вообичаено за издавачите на весници и списанија да организираат велосипедски трки како начин за промовирање на весникот и зголемување на тиражот.

Трката пред Втората светска војна вообичаено се одржувала во ист ден со Милано-Санремо во Италија. Познати италијански и француски велосипедисти ја претпочитале италијанската трка, што објаснува зошто имало само еден небелгиски победник пред војната. По војната, трката стекнала одредена важност, кога станала дел од Предизвикот Дегранж-Коломбо, претходник на денешниот UCI ProTour. Рекордери по бројот на победи на трката се Белгијците, Акил Бујсе, Ерик Леман, Јохан Музеув и Том Бонен и Италијанец Фјоренцо Мањи, секој со по три победи.

Регионален симбол

мини|upright|Споменик за трката кај Падестрат во Источна Фландрија.

Велосипедизмот бил во лоша состојба низ Белгија на почетокот на век. Велодромите биле затворени и немало повеќе национални првенства.Schroeders, Fer (1999), Les Classiques du 20ème Siècle, De Eeclonaar, Belgium, ISBN 90-74128-58-0, p145Vanwalleghem, Rik, Het Wonder van Vlaanderen, Pinguin, Belgium, ISBN 90-73322-09-X, p65-66 Единствената голема белгиска трка, Лиеж-Бастон-Лиеж, била на југ, во француското говорно подрачје. Како што се зголемувало нерасположението, Одил Дефраје станал првиот Белгиец кој го освоил Тур де Франс во 1912. Тој имал 20 години и иако возел за француската екипа Алсион, тој го претставувал потенцијалниот подем за белгискиот велосипедизам. Неговата победа го поттикнало Август де Мет, директор на Société Belge d'Imprimerie, да го издаде спортското списание наречено Sportwereld.Sportwereld сè уште постои

Најпознат велосипедски новинар за Sportwereld''' бил Каролус („Карел“) Лудовикус Стејерт, кој пишувал како Карел ван Вејненделе, име по кое станал најпознат. Каролус („Карел“) Лудовикус Стејерт, кој пишувал како Карел ван Вејненделе, роден во Торхаут, Белгија, на 16 ноември 1882, умрел во Дејнзе, Белгија, на 20 декември 1961. Неговиот споменик се наоѓа на врвот на Кваремонт близу Клујсберген. Бил поставен во 1964.Vanwalleghem, Rik, Het Wonder van Vlaanderen, Pinguin, Belgium, ISBN 90-73322-09-X, p18 Ван Вејненделе било петто од петнаесетте деца во семејството во Вејненделе (Вејнендале), близу Торхаут. Неговиот татко работел со лен и умрел кога Карел имал 18 месеци. Во 1942 напишал: „Да бидеш роден во сиромашно семејство, тоа беше мојата сила. Ако си пораснал без набори и знаеш каква глад сум имал, можеш да ги издржиш велосипедските трки“. Го напуштил училиштето на 14 години и работел за пекар, терал крави, миел шишиња и пренесувал пакети. Работел за француските семејства во Брисел и Остенде и се чувствувал понижен од нивниот начин на однесување кон него.

Се обидел со велосипедизам, освоил неколку награди, но без некој поголем успех. Наместо тоа започнал да пишува за велосипедизмот како регионален дописник, најпрвин за De Torhoutenaer, локален весник, потоа од 1909 за Onze Kampioenen во Антверпен и Sportvriend во Изегем.DBNL, Digitale Bibliotheek voor de Nederlaandse letteren. Het rijke Vlaamsche wielerleven, Karel Van Wijnendaele, p101, De stichting van ‘Sportwereld’ Тогаш го прифатил неговиот псевдоним. Тоа го привлекло вниманието на Де Мет и неговиот соработник, организаторот на трката Лен ван де Хауте, со кого Ван Вејненделе соработувал во Sportvriend. Двајцата отпатувале до Торхаут и го прашале Ван Вејненделе дали би сакал да се приклучи на новиот весник кој ќе биде наречен Sportwereld. Ван Вејненделе изјавил „Би можел“. Првото издание се појавило за време на Фландриското првенство на 12 септември 1912. Ван Вејненделе станал негов прв уредник на 1 јануари 1913. Изјавил:

Мислиме дека има многу да се направи тука. Исто така сакавме да издадеме весник кој ќе зборува за нашите Фламанци на нивниот сопствен јазик и да им даде самодоверба како Фландријци. Водевме 10-годишна војна, на пример, со француското раководство на националната велосипедска федерација во Брисел. И победивме.Vanwalleghem, Rik, Het Wonder van Vlaanderen, Pinguin, Belgium, ISBN 90-73322-09-X, p20

На 25 мај истата година ја организирал првата Трка околу Фландрија, која поминувала низ белгиските градови во холандското говорно подрачје бидејќи „сите фламански градови морале да придонесат кон ослободувањето на Фламанците“. Завршила кај Маријакерке, сега предградие на Гент и поминала низ Синт Никлас, Алст, Ауденарде, Кортрајк, Ворне, Остенде, Торхаут, Руселаре и Брухе. Имала растојание од 330 километри, целосно на лоши патишта и само понекогаш на велосипедски патеки. Настапиле 37 возачи. Трката завршила на водена патека која го заобиколувала езерото во Маријакерке, каде продажбата на билетите ја покриле само половина од наградниот фонд.

Победници

Повеќекратни победници

Победи Возач Држава Изданија 3 Ахил Бејсе 1940, 1941, 1943Фјоренцо Мањи 1949, 1950, 1951Ерик Леман 1970, 1972, 1973Јохан Мизеу 1993, 1995, 1998Том Бонен 2005, 2006, 2012Фабијан Канчелара 2010, 2013, 2014 2 Жерар Дебетс 1924, 1927Ромен Гејселс 1931, 1932Брик Схоте 1942, 1948Рик ван Стенберген 1944, 1946Рик ван Лој 1959, 1962Валтер Годефрот 1968, 1978Еди Меркс 1969, 1975Јан Рас 1979, 1983Едвиг ван Хојдонк 1989, 1991Петер ван Петегем 1999, 2003Стајн Дефолдер 2008, 2009Матје ван дер Пул 2020, 2022

Возачи со закосени'' букви се сè уште активни.

Победи по земја

Победи Држава 69 12 11 4 3 2 , 1 , ,

Победници на Трката околу Фландрија и Париз-Рубе во иста година

+Победници на Париз-Рубе иТрката околу ФландријаВозач Земја Година Хајри Зутер 1923 Ромен Гејселс 1932 Гастон Ребри 1934 Рајмонд Импанис 1954 Фред де Брујне 1957 Рик ван Лој 1962 Роже де Влеминк 1977 Петер ван Петегем 2003 Том Бонен 2005 Фабијан Канчелара 2010 Том Бонен 2012 Фабијан Канчелара 2013

Рекорди

Најбрзо издание на Трката околу Фландрија било во 2001, освоено од Италијанецот Џанлука Бортолами: 43,6 км/на час. Пет велосипедисти го делат рекордот по број на победи, по три секој од нив: Италијанецот Фјоренцо Мањи и четворица Белгијци: Акил Бујсе, кој победил во 1940-тите, Ерик Леман, кој победил на почетокот на 1970-тите, Јохан Музеу ја освоил трката во 1993, 1995 и 1998 и Том Бонен, кој ја освоил трката во 2005, 2006 и 2012. Земја со најмногу победи е Белгија (68). Само шест возачи ја имаат освоено две години по ред. Најстар победник бил Андреј Чмил во 2000 на 37 години, 2 месеца и 11 дена.

Поврзано Класични велосипедски трки

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Пролетни класици: Најдобрите еднодневни велосипедски трки

Категорија:UCI ProTour трки Категорија:Класични велосипедски трки Категорија:Велосипедски трки во Белгија Категорија:Светски ранкинг на UCI Категорија:Фландрија