Цонга (самон. шицонга или поточно шангана) — јужноафрикански банту-јазик што го говори народот Цонга (Вацонга).

Име на јазикот Поимот „цонга“ се однесува на јазиците цонга, цва и ронга. Затоа, самиот јазик цонга во потесна смисла се нарекува „шангана“, наречен по неговиот главен дијалект. Други дијалекти се шилулеке, нвалунгу, хлаве, кнука, гвамба, нлангану, џонга и била.

Географска распространетост мини|Географска распространетост на јазикот цонга во ЈАР: дел од населението што горови цонга во домот. Јазикот цонга го говорат околу 1.972.000 жителиПопис 2001: Најважни резултати - Статистика Јужна Африка на покраините Лимпопо, Гаутенг и Мпумаланга во ЈАР, како и 1,5 милиони луѓе во Мозамбик и 19.000 луѓе во Свазиленд. Покрај ова, постојат и 100.000 говорници што живеат во Зимбабве.

Во ЈАР, највеќето припадници на народот Цонга (Вацонга) се сконцентрирани во мееста како Нкованкова, Гијани, Маламулеле, Нвамитва, Мухлава, Хланганани (Бунгени) во Лимпопо и Бушбакбриџ, како и други во Мпумаланга. Постои и бројно население во покраините Северозападна, Квазулу-Натал и Гаутенг, што во основа значи насекаде на територијата на стариот Трансвал.

Фонологија Цонга прави разлика помеѓу модални и мрморни варијанти на согласките: наспроти кај препречните (со исклучок на ), како и помеѓу наспроти кај сонантите (со исклучок на ).

За разлика од некои нгунски јазици, цонга има мошне малку зборови со чкрапки. По место тие можат да бидат од забни до задновенечни.

Граматика Граматиката е типична за банту-јазик, со збороред од обликот „подмет-прирок-предмет“.

Поврзано Шангани Нгунски јазици

Наводи

Надворешни врски

Цонга - Ethnologue

Категорија:Јазици во Зимбабве Категорија:Јазици во Јужноафриканската Република Категорија:Јазици во Мозамбик Категорија:Јазици во Есватини Категорија:Јужни банту-јазици