Свети Кирил и Методиј е градска црква во Кичево. Сместена е на крстосницата на патот за ритчето Крушино и магистралниот пат. Камен-темелникот на црквата бил поставен на ден Петровден 2002 година, но поради неразрешени имотно правни односи на дел од плацот, изградбата на истата била одлагана полни 10 години. Конечно во јануари 2013 година, после сите разрешени спорови, градбата е целосно продолжена.

Поврзано Црква „Св. Петар и Павле“ - главната градска црква; Прва кичевска парохија Кичево

Наводи

Категорија:Цркви во Кичево Кичаа Категорија:Македонската архитектура во 2002 година