Обелиск (грч. ὀβελίσκος , забоден, шилест столб, во форма на клин.) е висок, камен споменик со четири страин кој завршува со врв во облик на пирамида и се вели дека наликува на скаменет зрак од сончевиот диск. Два Обелиска вообичаено стоеле пред еден храм. Античкиот обелиск бил монолитен, додека поголемиот број современи форми на обелиск се направени од неколку камења и може да имаат внатрешни простори. Терминот челичен (множина: челични) вообичаено се користи за други споменици во форма на изгравирани, камени скулптури.
Антички обелиск Египетски
Обелискот бил истакнат во архитектурата на старите Египќани, кои ги поставувале во парови пред влезот во храмовите. Зборот Обелиск кој се користи во англискиот јазик денес, има грчко наместо египетско потекло бидејќи Ирод, грчкиот патник, бил еден од првите класични писатели кој го опишал овој објект. Еден број Стар Египетски обелисци е познато дека постојат, со додавање на недовршениот Обелиск делумно одделен од неговиот каменолом во Асуан. Овие обелисци денес се расфрлени низ светот и помалку од половина од нив се оставени во Египет. Најстариот обелиск сè уште во својата оригинална состојба е висок 20.7 м/ 68 стапки и тежок 120 тони, изработен од црвен гранит за Сенусрет Први од дванаесеттата династија во Ал Матарија дел од Хелиополис. Обелискот го симболизирал богот на сонцето Амон Ра, и за време на кратките верски преуредувања на Аменхотеп се мислело дека е скаменет зрак на Атен, дискот на сонцето. Исто така се мислело дека богот постои во оваа структура. Египтологистот на Универзитетот во Њујорк, Патриција Блаквел Гери и главниот уредник на списанието Астрономија поставуваат хипотеза дека формите на старите египетски пирамиди биле изведени од природни појави поврзани со сонцето (богот На сонцето Ра кој бил најголемиот бог на египјаните). Пирамидата и обелискот можеби биле инспирирани од претходно забележани астрономски појави поврзани со изгревање на сонцето и зајдисонцето, односно зодијачкото светло и одсјајот на сонцето. Старите Римјани биле под силно влијание на формата на обелискот, до таа мера што денес постојат двапати повеќе обелисци во Рим отколку оние што постојат во Египет. Сите паднале по римскиот период, освен оној во Ватикан, и биле повторно издигнати на различни локации. Највисокиот египетски обелиск се наоѓа на плоштадот пред Базиликата Латеран во Рим со висина од 105.6 стапки и тежина од 455 тони. Сите обелисци во Римското Царство не биле поставени во Рим. Ирод Великиот ги имитирал неговите римски господари и поставил Египетски обелиск од црвен гранит во хиподромот на неговиот нов град Цезареа во северна Јудеја. Овој обелиск е висок приближно 40 стапки и тежок 100 тони. Го откриле археолозите и бил повторно издигнат на неговата претходна локација. Источниот Император Теодосиј, во Цариград испорачал обелиск во 390 година и му бил поставен во неговиот хиподром, каде издржал Крстоносни војни и Селџуци и сè уште стои во плоштадот Хиподром во денешен Истанбул. Овиј обелиск е 95 стапки висок и тежи 380 тони. Неговата долна половина како што се верува исто така постоела некогаш во Истанбул но денес ја нема. Обелискот во Истанбул е 65 стапки висок. Рим е главниот град на обелискот во светот. Најистакнатиот е 25.5м/83.6 стапки високиот и 331 тони тежок обелиск на плоштадот Свети Петар во Рим. На оваа локација обелискот бил поставен од 37 г., на ѕидот на Циркусот на Неро, во крилото на Базиликата Св. Петар: „Плиниј Постариот во неговото Природознание (Natural History) се однесува на пренесувањето на обелискот од Египет во Рим по наредба на Царот Гај (Калигула) како на извонреден настан. Лаѓата која го носела имала огромни јарболи од чамово дрво кое четири човекови раце не можеле да го заобиколат. Сто и дваесет шиници (мерка за количина) леќа биле потребни за одржување рамнотежа. Откако ја исполнил својата цел, гигантскиот брод не бил повеќе потребен. Па така, исполнет со камења и цемент бил потонат за да ги постави темелите на најголемиот кеј на новото пристаниште во Остија“. Повторното издигнување на обелискот го обесхрабрил дури и Микеланџело, но Сикст Петти бил одлучен во издигањето на обелискот пред Св. Петар чиј брод туку што не почнал да се прави. Тој имал дрвена макета во вистински димензии којашто била издигната во месеците на неговото избирање. Доменико Фонтана, помошник во изградба на Базиликата, на Џакомо Дела Порта претставил пред Папата мал модел на кран од дрво и мал обелиск од олово, кој самиот Сикст можел да го крене со покревање на мала дигалка со неговиот прст. Фонтана го добил проектот. Обелискот половина закопан во отпадокот на годините, прво бил ископан онака како што стоел, потоа од 30 април до 17 мај 1586 г. требало да се премести на ролери до плоштадот за што биле потребни 1000 луѓе, 140 коњи за влечење товар и 47 кранови. Повторното издигнување било закажано за 14 септември, на Постот на Издигнување на крстот и се случувало пред голема маса народ. Обелискот било големо дело во архитектурата, му создал репутација на Фонтана кој го објаснил во илустрираната книга со изгравирани, бакарни плочки За пренесувањето на ватиканскиот обелиск и делото на нашиот Господин Папа Сикст Петти (1590 г.) (Della transportatione dell'obelisco Vaticano et delle fabriche di Nostro Signore Papa Sisto V (1590)), и со самото тоа поставил нов стандард во пренесувањето технички информации и влијаел на последователните објави во областа на архитектурата со голема прецизност. Пред да биде повторно издигнат обелискот бил ослободен од лоши духови. Се вели дека Фонтана имал повеќе тимови од коњи со кои би можел да избега во случај ако неговиот потфат пропадне. Кога Карло Мадерно го правел бродот на Базиликата морал да постави мала навртка во неговата оска да се постави обелискот. Обелискот стои пред црквата Тринита деи Монти, на врвот на Шпанските скали. Друг обелиск во Рим е извајан како да е носен на грбот на слон. Рим изгубил еден од своите обелисци кој го красел храмот на Исис, откриен во 16 век. Семејството Медичи ја барале својата вила Медичи, но во 1790 г. ја преместиле во Боболиските Градини прилепена до Палатата Пити во Фиренца и оставиле копија на нејзиното место. Неколку египетски Обелисци биле повторно издигнати и на други места. Најдобро познатити примери надвор од Рим се двата обелисци на Клеопатра високи 21 м./68 стапки, во Лондон (69 стапки висина и 187 тони тежина) и Њујорк (70 стапки висина и 193 тони тежина) и 23м. високиот и 227 тони тежок обелиск на плоштадот Конкорд во Париз. Египедски обелисци постојат на следниве локации: Во Египет девет Фараонот Тутмос Први, Храмот Карнак во близина на Луксор. Фараон Рамзес Втори, Храм Луксор. Фараон Хатшепсут, Храм Карнак, Луксор. Фараон Сенусрет Први, Ал-Масала област во Ал-Матарија, округ во Хелиополис, Каиро. Фараон Рамзес Трети, Музејот Луксор Фараон Рамзес Втори, Остров Џезира, Каиро, 20.4 м. Фараон Рамзес Втори, Меѓународен Аеродром Каиро, 16.9 м. Фараон Сети Втори, Храм Карнак, Луксор, 7 м. Фараон Сенусрет Први, Фајум (античка локација на Крокодилопол), 12.9м. Во Франција еден Фараон Рамзес Втори, обелиск Луксор на плоштадот Конкорд, Париз Во Израел еден Обелискот во Цезареа Италија, единаесет ( меѓу кои вклучен и оној во Ватикан) Рим, осум антички египетски обелисци Пиаца дел Дуомо, Катанија, (Сицилија) Биболиските Градини (Фиренца) Урбино Полска, еден Рамзес втори, Познањ Археолошки Музеј, Познањ (на заем од Египетскиот Музеј и Папирус колекција, Берлин) Турција, еден Фараон Тутмос Трети, Хиподромот на Истанбул Велика Британија, четири Фараон Тутмос Трети, Обелискот на Клеопатра на кејот Викторија, Лондон Фараон Аменхотеп Втори, во Ориенталниот Музеј, Универзитет Оксфорд. Фраон Птоломеј Деветти, обелиск Филае, Кингстон Леси во близина на Винборн Министер, Дорсет Фараон Нектанеб Втори, Британски Музеј, Лондон (два обелиска) САД, еден Фараон Тутмос трети, обелискот на Клеопатра во Централ парк, Њујорк
Асирија
Обелиск-спомениците се познати и во асирската цивилизација, каде биле издигнати како јавни споменици кои ги обележувале достигнувањата на асирскиот крал. Британскиот Музеј поседува три асирски обелиска: Белиот обелиск (именуван според неговата боја), го открил Хормузд Расам во 1853 г. во Ниневех. Обелискот бил подигнат или од Ашурнасирпал Први (1050-1031 г. п.н.е.) или Ашурнасирпал Втори (883-859 г. п.н.е.). Обелискот содржи записи кои укажуваат на тоа дека кралот запленувал стока, луѓе и стада кои биле носени во градот Ашур. Релјефите на обелискот откриваат воени походи, ловење, победнички банкети и сцени од почесни настани. Обелискот Расам, именуван по неговиот откривач Хормузд Расам, се наоѓал на тврдината Нимруд (стар Калху). Бил издигнат од Ашурнасирпал Втори, иако е сочуван само во делови. Сочуваните делови на релјефи откриваат сцени од почесни настани кон кралот на Сирија и западот. Црниот обелиск го открил Сер Остен Хенри Лејард во 1846 г. на тврдината Калху. Обелискот го подигнал Шалманасар Трети а неговите релјефи откриваат сцени од почесни настани како и слика од два владетели, Јеху кралот на Израел и Суа крал на Гилзанеа, како даваат знаци на понизност кон кралот. Релјефите имаат и епиграфи кои ги придружуваат, но покрај нив обелискот исто поседува и поголем запис кој ги одбележува една од последните верзии на хрониките на Шалманасер Трети, за периодот од годината на почетокот па сè до 33тата година на неговото владеење.
Аксум
Дел од обелисците биле гравирани во Кралството Аксум. Заедно со 21м. високиот обелиск на кралот Езана, последниот издигнат и единствен сочуван е најпознат пример за аксумските обелисци е таканаречениот обелиск на Аксум кој е висок 24м. Бил гравиран околу 4 век и со текот на времето се срушил и се разделил на три дела. Во ваква состојба бил пронајден од италијански војници во 1935 г. по Втората италијанско-етиопска војна, кога бил грабнат и однесен во Рим, 1937 г. и поставен на плоштадот Порта Капена. Со договорот на ООН во 1947 Италија се согласила да го врати обелискот но не го исполонила сè до 1997, после години на пристисок и разни контроверзни спогодби. Во 2003 г. италијанската влада ги направила првите чекори кон враќање на обелискот и во 2008 г. конечно бил повторно издигнат. Најголемиот познат обелиск, Големиот обелиск во Аксум, којшто денес е срушен со висина од 33м. и димензии на основата 3м со 2 м. (и тежина од 520 тони) е еден од најголемите еднокамени споменици некогаш направени во човековата историја (најголемиот се наоѓа или во Баалбек или во Рамессеум) најверојатно паднал при изградбата или веднаш по неа уништувајќи голем дел од гробницата под него. Обелисците чијшто соодветен термин е стелае, или тамошното хавилт или хавилти бидејќи не завршува со пирамида, се користеле да ги означат гробиштата или подземните гробници. Најголемите означувачи на гробови биле наменети за кралските гробници и накитени со повеќе-катни лажни прозорци и лажни врати додека оние на благородниците биле помали и помалку накитени. Постојат стотици помали стелае на „стелае полињата“ а само неколку големи.
Старите римски обелисци Римјаните продавале обелисци во стар египетски стил. Тука спаѓаат:
Арл, Франција-обелискот арл, на плоштадот на републиката, обелиск од 4век од римско потекло. Беневенто, италија-три римски обелиск Минхен-обелиск на Тит Секст Африкан, Државен музеј на египетска уметност, во одделот Кунстареал, 1 век, 5.80 м. Рим- Постојат пет, стари, Римски обелисци во Рим.
Византија
Ѕидниот обелиск (Обелискот на Константин), Хиподром на Цариград. Изграден во времето на Константин Седми Порфирогенит (905-959 г.), покриен со бронзени плочи.
Предколумбовски период