Аналогната (или аналоген прием) телевизија — аналогниот пренос што го вклучува емитувањето на кодирани аналогни аудио и видео сигнали тоа е еден од начините на кој може да се пренесе информацијата. Осветленоста и бојата на точките на сликата и звучните бранови од аудио сигналот се претставени со последователни варијации на некои од елементите на сигналот; неговата амплитуда, честотата или фазата. Сите претходни системи за емитување на дигитален пренос на дигиталната телевизија (ДТВ) беа системи кои користеа аналогни сигнали. Аналогната телевизија може да биде безжична или може да биде со бакарна жица која ја користат кабелските.

Развој

Главна статија: Историја на телевизијата

Најраните механички телевизиски системи користеле ротирачки дискови кои биле со дупки на дискот за да “прикажат” слика. Сличен диск што ја реконструира сликата кај примачот. Синхронизацијата на дискот примател кој врти се ракува преку синхронизирани пулсови емитувани со информацијата од сликата. Сепак овие механички системи биле спори, сликите биле темни и понекогаш трепереле, и резолуцијата на сликата била многу ниска. Системите за камера користеле слични ротирачки дискови и имале потреба од интензивна светлина за осветлување на предметот за да работи детекторот за светлина.

Аналогната телевизија не станала индустрија сè до развојот на електролитната-зраковна цевка (ЕЗЦ), која користи управуван електронски зрак за да “пишува” линии од електрони преку обложената површина со фосфор. Зракот од електрони може да помине преку екранот многу побрзо од било кој систем за механички диск. Овозможувајки многу потесно скенирање на линии и многу повисока резолуција на сликата, додека бавно бледеат отстранетите фосфорни ефекти на трепкање на сликата. Исто така, многу помалку одржување е потребно на сите електронски системи во споредба со системот на ротирање на дискот.

Стандарди Дополнителни информации: Емитување на телевизиски системи

Телевизиите користат аналогни телевизиски системи за да го кодираат нивниот сигнал користејки КНТС,СФЛА или “SECAM” аналогно кодирање, а потоа користи “RF” прилагодување за да го прилагоди овој сигнал на многу висока честота (МВФ) или ултрависока честота (УВФ). Секој кадар на телевизиската слика е составен од линии нацртани на екранот. Линиите се од различни светлини; целиот сет на линии се подготвени доволно брзо така што човечкото око ги гледа како една слика. Следниот кадар е прикажан, со тоа што се овозможува приказ на движење. Аналогниот телевизиски сигнал содржи време и синхронизација на информациите, така што примателот може да реконструира две-димензионални подвижни слики од едно-димензионален променлив-временски сигнал.

Во многу земји, безжично емитување на аналогни аудио и видеосигнали се прекинати, за да се овозможи повторна употреба на телевизиското емитување на радио спектарот за други услуги, како што се снимање на податоци и подканали. Првите комерцијални телевизиски системи биле црно-бели. А почетокот на телевизијата во боја беше во 1950те.

Практичен телевисзиски систем треба да преземе светлост, хромност( во боја систем), синхронизација( хоризонтална и вертикална), и аудио сигнали кои ги емитува преку радио пренос. Системот за пренос мора да содржи средства за селекција на телевизиските канали.

Системите за емитување на аналогни телевизиски системи доагаат во различни кадри и различни резолуции. Понатаму исто така постојат разлики во зачестеноста и прилагодувањето на аудио предавателот. Еднобојните комбинации кои сè уште постојат во 1950те се стандардизирани од страна на Меѓународната унија за телекомуникации (МУТ) како големи букви од А до Н.

Кога беше воведена телевизијата во боја, информации беа внесени во нијансата и заситеноста во монохроматските сигнали на начинот кој го игнорираат црно-бело телевизиите. На овој начин беше постигната компатибилност. Тој концепт важи за сите аналогни телевизиски стандарди.

Сепак постојат три стандарди за начинот на дополнителни информации во боја да бидат кодирани и пренесени. Првиот е американскиот КНТС( Комитетот за националниот телевизиски систем) телевизиски систем во боја. Европско/Австралискиот СФЛА(Стапка на фазна линиска алтернација) и францускиот поранешен Светски Сојузен “SECAM (Séquentiel Couleur Avec mémoire)” стандарди беа развиени и подоцна се обидоа да поправат одредени недостатоци на системот КНТС. Кодирањето на бојата на СФЛА е слична на КНТС системите. “SECAM” иако користи поразилчен прилагодувачки систем од СФЛА или КНТС.

Во принцип сите три кодирани системи за боја можат да бидат комбинирани во комбинација од било која стапка на скенирање на линија/кадар. Затоа, со цел да се опише даден сигнал целосно, неопходно е да се нагласи системот во боја и стандардот за емитување како голема буква. На пример САД користи КНТС-М, Велика Британија го користи СФЛА-И, Франција го користи “SECAM-L” , голем дел од Западна Европа и Австралија користат СФЛА-б/г, повеќето од Источна Европа користи СФЛА-Д/К или “SECAM-D/K” и така натаму. Сепак, не сите овие можни комбинации всушност постојат. КНТС во моментов се користи само со системот М, иако имаше експерименти со КНТС-А (405 линии) и КНТС-И (625 линии) во Велика Британија. СФЛА се користи со различни 625-линиски стандарди (Б,Г,Д,К,И,Н) но исто така и со Северно Американскиот 525-линиски стандард, поточно наречен СФЛА-М. Исто така, “SECAM” се користи со разновидни 625-линиски стандарди. Поради оваа причина многу луѓе алудираат на било кој 625/25 тип на сигнал како што е СФЛА и исто така и на било кој 525/30 сигнал како што е КНТС, дури и кога алудираат на дигитални сигнали како на пример, на ДВД-Видео кое не содржи никакво аналогно кодирање во боја, на коишто ниту СФЛА ниту КНТС имаат сигнали воопшто. Иако оваа употреба и е нешто заедничко, тоа е недоразбирање бидејќи тоа не е оригиналното значење на термините “PAL/SECAM/NTSC”. Иако голем број на различни системи за телевизиско емитување биле употребувани низ целио свет, истите принципи на работење се применуваат.Analog Television

Прикажување на слика

Електролитната-зраковна цевковен (ЕЗЦ) телевизор прикажува слика со скенирање на зрак на електрони преку екранот во шема на хоризонтални линии познат како растер. На крајот на секоја линија зракот се враќа на почетокот на следната линија, на крајот на последната линија постои врска која се враќа на врвот од екранот. Како што поминува секој момент интензитетот на зракот се променува, се променува светлината на таа точка. Телевизискиот систем во боја е идентичен, освен ако дополнителен сигнал познат како хроматски ја контролира бојата на самото место. Кога аналогната телевизија бесе развиена, немало прифатлива технологија за складирање на какви било постоечки видеосигнали; јачината на сигналот треба да биде обработен и пренесен во исто време во кое е прикажано “CRT”. Затоа е важно да се задржи растер скенирањето во камерата ( или друг уред за производство на сигнал) во иста синхронизација со скенирањето на телевизија.

Физиката на “CRT” бара конечен временски интервал да биде дозволено за локацијата да се врати назад на почетокот на наредната линија (хоризонталн враќање) или почетокот на екранот (вертикално враќање). Тоа мора да биде дозволено од времето на јачината на сигналот. Човечкото око има одлика Упорност на визија. Брзото прикажување на набљудуваните слики ќе им овозможи очигледна илузија на движење. Треперењето на сликата може да биде делумно решено со користење на долг фосфорен слој од одпорници на “CRT”, така што последователните слики изчезнуваат бавно. Сепак, спориот фосфор има и негативни ефекти предизвикувајки ја сликата да се замачкува и замаглува кога постои голема количина на брзи движења на екранот. Максималниот кадар зависи од пропусниот опсег на електрониката и на преносниот систем, и од бројот на хоризонталните скенирани линии во сликата. Стапката на кадарот од 25 или 30 херци е задоволителен компромис, додека процесот на вкрстување на две видео полиња на сликата во кадарот се користи да се создаде сликата. Овој процес удвојува одреден број на видео полиња во секунда и понатаму се намалува треперењето и другите дефекти во преносот.

Други видови на дисплеј екрани Плазма екраните и LCD екраните се користат во аналогните теливизиски уреди. Овие типови на дисплеј екрани користат помали напони од постарите CRT дисплеи. Многу телевизиски приемници со двоен систем, опремени да примаат аналоген пренос и дигитален пренос имаат аналоген тјунер (телевизија) способност за примање и мора да користат телевизиска антена.

Прием на сигнали

Теливизискиот систем на секоја земја има одреден број на телевизиски канали во UHF или VHF фрквенциски опсег. Каналот всушност се состои од два сигнали: информацијата за сликата се пренесува со користење на амплитудна модулација на една честота, а звукот се пренесува со честотна модулација на честота со фиксно отстапување (типично 4.5 до 6 MHz) од сигналот на сликата. Избраните честоти за канали претставуваат компромис помеѓу дозволување доволно опсег за видео (сликата да има задоволителна резолуција), и дозволување доволно канали да бидат спакувани во расположлив честотен опсег. Во пракса техниката позната како атрофиран опсег се користи да се намали растојанието помеѓу каналите, кое би било најмалку двапати поголемо од видео опсегот ако се користи чиста амплитудна модулација. Приемот на сигнали секогаш се врши преку суперхетеродински приемник: првата фаза е приемник кој избира телевизиски канал и честотата го префрла на фиксна средна честота (IF). Засилувач на сигнал (од опсег на микроволт до делови од Волт) врши засилување на IF фази.

Одделување на звукот

Во оваа фаза IF сигналот се состои од бран на видеоносач на една честота и втор носач со фиксно отстапување. Демодулаторот го враќа видео сигналот и звукот како честотно модулиран сигнал на честотата на отстапувањето (ова е познато како меѓуносач на звук) . Тогаш честотно модулираниот носач на звук се демодулира, засилува, и се пушта на звучник. Сè до појавата на NICAM и MTS системите, телевизиската трансмисија на звук била монофонична.

Структура на видеосигнал

Видеоносачот се демодулира за да даде композитен видеосигнал, тој содржи светлост, хроминанса и сигнали за синхронизација; ова е идентично со форматот на видеосигнал кој се користи од страна на аналогни видеоуреди како видеорекордери или CCTV камери. Треба да се забележи дека RF модулацијата на сигналот е спротивна во однос на конвенционалната амплитудна модулација: минимално ниво на видеосигнал одговара на максималната амплитуда на носачот, и обратно. Носачот никогаш комплетно не се исклучува, тоа е за да се осигура дека звучна демодулација на носачот сè уште може да се случи. Секоја линија од сликата што се прикажува на екранот се пренесува со користење на сигнал како што е погоре прикажано. Истиот основен формат (со минимални разлики главно поврзани со времето и кодирањето на бојата) се користи за PAL, NTSC и SECAM телевизиски системи. Монохроматскиот сигнал е идентичен со сигналот во боја, со исклучок дека елементите прикажани со боја во дијаграмот (информација за бојата и сигналот за хроминанса) не се присутни. Предниот трем е краток (околу 1.5 микросекунда) период кој се вметнува помеѓу крајот на секоја пренесена линија на сликата и синхронизираниот импулс на водечкиот раб од следната линија. Неговата намена е да дозволи стабилизирање на нивоата на напоните на постарите телевизори штитејќи интерференција помеѓу линиите на сликата. Предниот трем е првата компонента од хоризонталниот интервал за бришење кој исто така содржи хоризонтален синхронизиран импулс и заден трем. Задниот трем е дел од секоја скенирана линија помеѓу крајот (ивицата на растење) на хоризонтално синхронизираниот импулс и почетокот на активниот видеосигнал. Тој се користи за да ја врати референцата на црното ниво (300 mV.) во аналогното видео. Во поглед на обработка на сигналот, тој компензира за времето на пад и за времето на стабилизација кои следат по импулсот за синхронизација.