Бајројт () — познат град во северна Баварија, Германија, во долината на реката Црвена Мајна, меѓу Франконска Јура и Фихтелските Планини. Градот датира од 1194 година, а денес е главен град на Горна Франконија. Тој е познат во светот по Бајројтскиот фестивал од XIX век, кој и денес се одржува секоја година, а се прикажуваат опери на германскиот композитор Рихард Вагнер.
Историја среден век
мини|Бајројт околу 1900
Се верува дека градот е основан од страна на грофовите Андекс, најверојатно околу средината на XII век,Mayer, Bernd and Rückel, Gert (2009). Bayreuth - Tours on Foot, Heinrichs-Verlag, Bamberg, p.5, ISBN 978-3-89889-147-9. но првпат се споменува како Бајеруте (Baierrute) во 1194 година, во еден документ на епископот Отон II од Бамберг. Слогот -руте (гер. -rute) може да значи „расчистување”, додека Бајер (гер. Baier-) укажува на доселеници од подрачјето на Баварија.
Веќе споменати порано, некои села подоцна биле споени во Бајројт: Зојлбиц (Seulbitz) во 1035 година бил наречен кралски имот на Зилевице во документот на царот Конрад II) и Санкт Јоханис (од 1149 година познато и како Алтентребгаст (Altentrebgast). Дури и областа кај стариот град, западно од центарот на градот мора да е постар од самиот град Бајројт. Постари траги на човечко присуство биле пронајдени во населбите Мајернберг: парчиња керамика и дрвени садови кои датираат од IX век, врз основа на нивното украсување.Stuhlfauth, Adam (1991). Fundberichte zur Vor- und Frühgeschichte im Gebiet der Fränkischen Alb in the Archives for History of Upper Franconia, 35th volume, 3rd section, Bayreuth 1991
Бајројт претходно (во 1199 година) бил нарекуван село, а терминот „Civitas” (град) се појавил за првпат во еден документ објавен во 1231 година. Се претпоставува дека на Бајројт му се доделени градските права меѓу 1200 и 1230 година. Со градот владеела династијата Андекс до 1248 година. По нивната смрт во 1260 година, грофовите од Нирнберг од династијата Хоенцолерн го презеле владеењето. Меѓутоа, првично престолот и центарот на територијата бил во замокот Пласенбург во Кулмбах. Градот Бајројт се развивал бавно и повторно бил подложен на катастрофи.
Уште во 1361 година, царот Карло IV му дал право на Фридрих V да кова пари за градовите Бајројт и Кулмбах.
Бајројт првпат е ставен на мапа во 1421 година.
Во февруари 1430 година, Хуситите го уништиле градот Бајројт и градското собрание, а црквите биле срамнети со земја. Матхојс Меријан го опишал овој настан во 1642 година на следниов начин: „Во 1430 година, Хуситите од Бохемија нападнаа / Кулмбах и Бареут / и извршија големи сурови дела / како диви животни / против обичните луѓе / и одредени поединци. / Свештениците / монасите и монахињите беа изгорени на клада / или ги однесоа врз мразот на езерата и реките / (во Франконија и Баварија) и ги полеваа со ладна вода / ги убија на непристоен начин / како што Борек изјави во хрониката „Бохемија”, страница 450“ ((Извор: Frühwald (Hg.): Fränkische Städte und Burgen um 1650 засновано на текстови и гравури од Меријан, Sennfeld 1991.)
Од 1528 година, помалку од десет години од почетокот на реформацијата, господарите на териториите на франконските грофовии и војводства се преобратиле во лутеранска вера.
Во 1605 година, голем пожар предизвикан од небрежност, уништил 137 од 251 куќи во градот. Во 1621 година, избувнала чума, а во 1621 година имало уште еден голем пожар во градот. Градот исто така, многу претрпел во текот на Триесетгодишната војна.
Пресвртна точка во историјата на градот дошла во 1603 година, кога грофот Кристијан, син на изборниот кнез Јохан Георг Бранденбург, ја преместил аристократската резиденција од замокот Пласенбург над Кулмбах во Бајројт. Првата палата Хоенцолерн била изградена во 1440-1457 година под водство грофот Јохан. Таа била претходник на денешниот стар замок (Altes Schloss), кој многупати бил прошируван и реновиран. Развојот на новиот главен град стагнирал поради Триесетгодишната војна, но потоа многу познати барокни згради биле изградени во градот. По смртта на Кристијан во 1655 година, го наследил неговиот внук Кристијан Ернст, кој владеел од 1661 до 1712 година. Тој бил образуван и шетан човек, чиј учител бил државникот Јоаким Фридрих фон Блументал. Тој ја основал христијанската граматичка школа „Ернестинум”, а во 1683 година, учествувал во ослободувањето на Виена, која била опколена од Турците. За да го одбележи тој подвиг, изградил фонтана, како споменик на кој е претставен како победник над Турците, која сега се наоѓа пред новиот замок (Neues Schloss). Во тоа време биле изградени надворешните ѕидини црквата во замокот (Schlosskirche).
XVII век
мини|Маркгрофовска оперска куќа
Неговиот наследник, принцот и подоцна „маркгроф“, Георг Вилхелм, во 1701 година започнал да го гради својот замок во тогашниот независен град Санкт Георген ам Зе (денес, округ во градот), т.н. Орденшлос (Ordenschloss), со градско собрание, затвор и мала касарна. Во 1705 година, тој го основал редот на Искреноста (Ordre de la Sincérité), кој во 1734 година бил преименуван во Орден на Црвениот Орел и изградил манастирска црква, која била завршена во 1711 година. Во 1716 година е основана кнежевска фабрика за порцелан во Санкт Георген.
Првиот замок во паркот Ермитаж бил изграден за време на маркгрофот Георг Вилхелм (1715-1719 година).
Во 1721 година, градскиот совет ја стекнал палатата на бароницата Шпонхајм (денес старото градско собрание или Altes Rathaus) како замена за градското собрание изградено во 1440 година среде главниот плоштад, кое подоцна било уништено во пожар.
Во 1735 година е основан старечкиот дом (Gravenreuth Stift) од приватно здружение во Санкт Георген. Цената на зградата ги надминала средствата на здружението, но во изградбата помогнал и маркгрофот Фридрих.
Бајројт ја доживува својата златна ера за време на владеењето на маркгрофот Фридрих (1735-1763) и неговата сопруга Вилхемина Бајројтска (омилената сестра на Фридрих Велики). Во тоа време, под раководство на дворските архитекти, Јозеф Сен-Пјер и Карл фон Гонтард, биле создадени бројни ексклузивни и знаменити згради: Маркгрофската оперска куќа со нејзиниот раскошно украсен театар (1744-1748), Новиот замок и храмот „Сонце“ (1749-1753) во паркот Ермитаж, новата палата со градина (1754 година), ја заменила старата палата која била запалена поради негрижата на маркгрофот и прекрасниот ред на згради на денешната улица Фридрих. Имало дури и уникатна верзија на рококо архитектонскиот стил, т.н. Бајројт рококо, кој се употребувал во споменатите објекти, особено во внатрешниот дизајн.
Старите мрачни порти биле срушени, бидејќи го попречувале сообраќајот и биле застарена форма на одбрана. Ѕидините биле изградени насекаде. Маркгрофот Фридрих успешно го сочувал своето кнежевство од војните, кои се воделе од страна на неговиот шура, Фридрих Велики во тоа време, а како последица на ова донел мир во Франконија.
мини|Улица Фридрих (Friedrichstraße)
Во 1742 била основана Академијата Фридрих, која станала Универзитет во 1743 година, но по сериозните немири и поради несакани реакции на населението, бил преместен во Ерланген. Универзитетот останал таму сè до денес. Од 1756 до 1763 година била отворена Академијата на науките и уметностите.
Римокатолиците дале право да се формира молитвена соба и со тоа еврејските семејства повторно се населиле тука. Во 1760 година била отворена синагогата, а во 1787 година и еврејските гробишта.
Грофицата Вилхемина починала во 1758 година, но иако маркгрофот Фридрих повторно се оженил, бракот бил краткотраен и без потомство. По неговата смрт во 1763 година, многу уметници и занаетчии се преселиле во Берлин и Потсдам, да работат за кралот Фридрих Велики, бидејќи наследникот на Фридрих, маркгрофот Фридрих Кристијан малку се разбирал во уметноста. Исто така, недостигот на средства се должел на раскошниот начин на живот на неговиот претходник, а и зградите и платите на главно странските уметници голтале многу пари. На пример судот - кој за време на Георг Фридрих Карл броел околу 140 членови - се зголемил на околу 600 вработени до крајот на владеењето на маркгрофто Фридрих. Во 1769 година, кнежевството било блиску до банкрот.
Во 1769 година, маркгрофот Карл Александар, од линијата Ансбах на франските Хоенцолерни, наследник на бездетниот Фридрих, го свел Бајројт на втора резиденција. Карл Александар продолжил да живее во Ансбах и ретко доаѓал во Бајројт.
Во 1775 година, езерото Бранденбург (Brandenburger Weiher) во Санкт Георген било исушено.
По абдикацијата на последниот маркгроф, Карл Александар, од кнежевствата на Ансбах и Бајројт на 2 декември 1791 година, неговите територии станале дел од Прусија. Прускиот министер Карл Август фон Харденберг го презел администрирањето на почетокот на 1792 година.
Центарот на градот сè уште има типична структура на баварски плоштад: околу патот е направен плоштад, а градското собрание е сместено на средина. Покрај неа се наоѓа црквата, а на мал рид стои замокот. Некои шеесет години подоцна, градот (кој во тоа време бил мало село) станал подреден на државата Хоенцолерн, а кога оваа држава била поделена, Бајројт завршил во грофовијата Кулмбах.
XIX век
Во 1804 година, писателот Жан Пол Рихтер се преселил од Кобург во Бајројт, каде живеел сè до неговата смрт во 1825 година.
Владеењето на династијата Хоенцолерн со кнежевството Кулмбах-Бајројт завршило во 1806 година по поразот на Прусија од страна на наполеонска Франција. За време на француската окупација (1806-1810) Бајројт станал провинција во рамките на Француското царство и морал да плаќа високи воени придонеси. Тој бил ставен под управа на грофот Камил де Турнон, кој направил детален попис имотите на поранешното кнежевство Бајројт. На 30 јуни 1810 година француската армија го предала поранешното кнежевство на тогашното кралство Баварија, која го купила од Наполеон за 15 милиони франци. Бајројт станал главен град на баварскиот округ Мајна, кој подоцна бил преименуван во Горна Мајна, за конечно да биде именуван како Горна Франконија.
Кога во Баварија била отворена железницата, главната линија од Нирнберг до Хоф поминувала покрај Бајројт, преку Лихтенфелс, Кулмбах и Нојенмаркт-Вирсберг до Хоф. Во Бајројт првпат била пуштена железницата во 1853 година, кога била изградена железницата Бајројт-Нојенмаркт-Нирнберг, а која била изградена со средства на градот. Потоа во 1863 година следеле линиите до Вајден, во 1877 година до Шнабелвајд, во 1896 година до Варменштајнах, во 1904 година до Холфелд и во 1909 година преку Турнау до Кулмбах.
На 17 април 1870 година, Рихард Вагнер го посетил Бајројт, бидејќи чул за Маркгрофовската оперска куќа, чија голема сцена се чинела тамам за неговите дела. Сепак, делот за оркестар не можел да се приспособи на големиот број потребни музичари; на пример, за „Прстенот на Нибелунзите“ амбиентот на публиката се чинел несоодветен за неговото дело.Уметничко дело на иднината (Das Kunstwerk der Zukunft) Така, тој си дал за задача да изгради своја фестивалска сала во Бајројт. Градот го поддржал во овој проект и му доделил парче земја на располагање, неразвиена област во непосредна близина од центарот на градот. Во исто време, Вагнер стекнал сопственост над областа Хофгартен, каде планирал да ја изгради својата куќа. На 22 мај 1872 година бил поставен камен-темелник за фестивалската сала и на 13 август 1876 година била отворена. Планирањето и изградбата биле во рацете на архитект од Лајпциг, Ото Бриквалд, кој веќе го докажал талентот во проектирање на театралните згради во Лајпциг и Алтенбург.
Во 1886, во Бајројт починал композиторот Франц Лист, додека бил во посета на својата ќерка Козима, вдовицата на Вагнер. Обајцата, Лист и Вагнер, се закопани во Бајројт, но Вагнер не умрел таму. Тој починал во Венеција во 1883 година, но неговото тело го донело неговото семејство во Бајројт.
XX век Вајмарска Република
мини|Пари од 1920 т.е. бонови за 25 фенинзи мини|Пари од 1923 т.е. бонови за милион марки